Среда, 05 Септември 2018   
КУЗМАН ШАПКАРЕВ ЗА ЃОРЃИЈА ПУЛЕВСКИ (Софија, 1882 год.)

pulevski

АВТОРОТ НА ОВАА НАРОДНА ПЕСНА ГО ПОЧИТУВААТ СИТЕ МАКЕДОНЦИ ОВДЕ И ПО ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА

“Јас знам овде еден македонски Бугарин (Македонец, н.б.) од дебарското село Галичник, кај којшто ма многу материјал собран од дебарските бугарски (македонски, н.б.) села. Кај него има песни, нарави, обичаи, приказни и разни други податоци за географската положба на оние месности. Овој човек одамна се занимавал со такви работи и има достатно количество бесценет материјал. Освен тоа, тој учествувал во разни востанички движења, за кое му сведочат ордените. Тој и по ослободувањето се занимава со такви работи, шета по улиците и ќошињата на Софија, бара дулѓери и други работници од разните места на Македонија за да запишува од нив песни и др. По едно време овој самоутврденец и белобрад подвижник се најде во критична положба во материјален поглед и се принуди да побара служба во едно од министерствата за да може да се прехранува и друго, да се  олесни за да му служи на пофалното свое дело. Тој намисли да побара служба и побара. Но знаете ли што му се одговорило? Му рекле дека се прима во служба, но да си го фрли народното облекло и да се облече во европски алишта. Старецот одговори: “Ако вие сакате да ме принудите да си ја фрлам народната облека со којашто сум пораснали сум работел толку време за својот народ, тогаш јас не ви ја сакам ни службата ни платата, и си излегол. Оттогаш и до денеска овој старец стои без никаква служба во претстолнината, се занимава пак со старини, одејќи меѓу своите сотатковинци дулѓери од Дебарско за да си ги дополнува трудовите. Тој има многу материјал, но му недостасуваат средства за да може да го издаде на свет.Само еден мошне малечок дел, и тоа материјал од новото време го издаде поминатата година во ограничен број примероци, (се однесува на книшката “Македонска песнарка”, објавена во Софија во 1879 год.,н.б.) повеќето од кои што ги испрати во Русија до редакциите на весниците.

Овој старец е автор на следнава песна што ја пеат овде сега сите македонски Бугари ( се однесува на  на поемата “Самовила Македонска”, н.б.), и не само овде туку и во Дебарско во Албанија. Јас  ја наведувам буквално оваа песна за вашите читатели.

Таа носи наслов Самовила Македонска и гласи вака:...

( се цитира целиот текст на поемата  “Самовила Македонска”, н.б.)

...Авторот на оваа нова народна песна, когошто го уважуваат и го почитуваат сите Македонци овде и којшто има популарност по цела Македонија, а особено меѓу Мијаците во дебарската околност, издаде на бел свет во 1879 година една “Македонска Песнарка”, првиот дел од 17 страници со црковнословенски букви, а вториот випуск од 16 страници со граѓански букви.

Г-н Георги Пулевски (така се вика авторот на горната песна) е познат уште и со издавањето на еден особен вид речник чиј прв дел е излезен во 1873 год. под наслов “ Речник од четири јазика: 1) српско-албански, 2) албано-арнаутски, 3) турски, 4) грчки (печатен во Белград во 1973 год., н.б.) а вториот дел е напечатен во 1875 год., направен по прашања и одговори на три јазика: македонски, албански и турски. За овој речник “Рус” (се однесува на весникот “Рус” редактиран од  Ив. С. Аксаков) вели вака: “речникот на Г.Пулевскиј буди многу интерес за запознавањето со јазикот на македонските жители, коишто Србите толку настојчиво го приклучуваат кон српското племе. Воопшто треба да забележиме дека Македонија претставува за славистите - ако можеме така да се изразиме - непозната почва што ги чека своите истражувачи”.

Б. Ристовски, Портрети и процеси, 1,...стр. 268-271;

 

На прво место

News image

Заев во паника нудел и амнестија и укинување на СЈО, Мицкоски ја одбил!

Според партиски информации од СДСМ и ВМРО - ДПМНЕ, Заев побара национална прошка, но и нудел преку...

Историја

News image

Циркуларно писмо на Министерството за народна просвета на Народна Република Бугарија за исправки во учебниците по истори

Ноември 1947 г. Изработката на новите учебниците по историја по 9.IX.1944 година беше извршена во п...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (14)

Иселувањето од прилепскиот крај на Ѓорѓија Џорџ Атанасоски...

Култура и туризам

News image

Македонски или Тројански даб симбол на вечноста

Македонскиот даб е ендемски вид со посебни карактеристики и преставува вистинско природно богатсво. ...

Фељтон

News image

Александар Македонски (53)

Во Суса тој ја изрази оваа идеја со непогрешлива јасност и на симболичен начин за це...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.