Среда, 05 Септември 2018   
РУСКИОТ ГЕНЕРАЛЕН КОНЗУЛ ВО СОЛУН: ПОСТАВЕНО ПРАШАЊЕТО ЗА АВТОНОМИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА

hitrovo

РУСКИОТ ГЕНЕРАЛЕН КОНЗУЛ ВО СОЛУН:
НА ОПШТО СОБРАНИЕ БИЛО ПОСТАВЕНО ПРАШАЊЕТО
ЗА АВТОНОМИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА. ЗА ТАА ЦЕЛ БИЛА СОСТАВЕНА ПРИВРЕМЕНА ВЛАДА ОПОЛННОМОШТЕНА ДА ЈА БАРА АВТОНОМИЈАТА

(11 август 1880 год.)

“Руско генерално конзулство  Но 281
Од 30 јули/11 август 1880 г.  Солун

До Пресветлиот Алексеј Борисович Лобанов-Ростовски
Пратеништво на Н.И.В во Цариград

Ваше превасходство,

Пред извесно време мојот гаваз ми донесе еден затворен плик, во кој најдов едно придружно писмо до Неговото Императорско Величество и едно протоколарно решение, потпишано од некаква Привремена влада на Макердонија, кои во прилог на писмово Ви ги испраќам. Дозволете ми,...да забележам нешто во врска со гласовите што се шират овде во Солун, а кои се однесуваат за наводната Привренмена влада на Македонија, која, секако, се наоѓа на планината Грамос.

Уште пред објавувањето на Руско-турската војна, во Атина бил создаден еден Славомакедонски револуционерен комитет, во кој влегувале Македонци, кои живееле во Атина, предимно костурчани. Комитетот имал цел да крене востание во Македонија, откако заедно ќе настапи со сличен комитет за добивање автономија на Епир и Тесалија. Славомакедонскиот  револуционерен комитет си поставил задача да образува Славомакедонска легија, која ќе дејствува со легални и нелегални средства, а имено преку митинзи, преку весниците и со оружје, доколку притреба. Една од истакнатите личности на таа легија е познатиот учесник во Кресненското востание, бувскиот поп.(Поп Костадин од с. Буф, Леринско, учесник како војвода во Кресненското востание, н.б.)

Легијата не можела да предизвика востание во Македонија, ниту да учествува во востанието, кое избувна во источниот дел на оваа земја. Но, по задушувањето на востанието, главниот и раководен деец, грцизираниот Леонид Вулгари (Леронид Вулгари, аклиматизиран Македонец и борец за ослободувањето на Македонија, н.б.) не престана да се интересира за положбата во Македеонија. Тој пред извесно време го беше посетил Пловдив да побара поткрепа од румелиската влада за да образува чети и да замине во Македонија. Мисијата, меѓутоа, не му успеала, поради што испратил специјален пратеник во Родопите, за да се сретне со македонските востаници и да им предложи заеднички да дејствуваат во Македонија, до извојувањето автономни права на својата земја. Македонските востаници со недоверба го сретнале Леонид, макар што му ветиле соработка. Тие изјавиле дека е неопходно да се води општа борба против турското господтво. И двете страни, меѓутоа, не можеле да се оградат од националните цели на соседните земји, Бугарија и Грција.

Независно од разликите во гледиштата на земјите на кои им служеле, и македонските востаници и Вулгари дошле до едно заедничко решение, да ја продолжат заеднички борбата за автономија на Македонија, за чија натамошна иднина ќе решава македонското население. Така, според сигурни податоци, дошло до заеднички акции на востаниците од источниот и јужниот дел на Македонија.

Овој увод го поднесувам,...за да можам да Ви појаснам кој стои  зад Привремената влада на Македонија на Грамос Планина. Зад неа, секако, стои спомнатата Легија на Македонците, која и натаму има задача да се бори за автономија на Македонија. Овој пат се исклучува можноста за какво било присоединување на оваа територија кон двете бугарски области или кон Грција.

Овде постои мислење дека Привремената вада на Македонија на Грамос претставува политичка игра на грчката дипломатија. Наводно, раководителите на андартските чети имаат интерес да го прикажат своето движење како општомакедонско. Меѓутоа, колку и да има вистина во ова тврдење, кое доаѓа од бугарска страна, факт е дека Платформата на Привремената влада на Македонија на Грамос и Привремената влада на Македонија  на Пирин е автономијатата на Македонија при една рамноправност на сите нејзини жители, без оглед на која националност им припаѓаат.

Прилог: Протоколарно решение на Привремената влада на Македонија.

Повелете да ги примите, Ваше превасходаство, уверувањата на мојата длабока почит.

Н. Уљанов”

С. Димевски, Привремената влада на Македонија...,
Разгледи,  1-2, 1973,  стр. 173-180; Љ. Лапе,
Одбрани текстови..., ИИ, стр. 254-255;

 

На прво место

News image

Владата мора да одговори колку пари годишно троши за советниците на Заев?

Одродената и криминална власт предводена од аболицираниот Заев безмилосно ги троши парите на гра...

Историја

News image

Привремена влада на Македонија – Единство создадена 1880 г.

Привремената влада на Македонија - Единство е политичка институција на народот во Македонија. Владат...

Иселеници

News image

ВОЛИНЦИ ЈА ОДРЖАА ХУМАНИТАРНАТА ВЕЧЕР

Во саботата, на 10-ти ноември, во прекрасните простории од...

Култура и туризам

News image

ИМПРЕСИВНИ ЦРТЕЖИ НА КАРПАТА „ЦРВЕНИЦА“ КАЈ СЕЛОТО ЛОПАТИЦА, ПРИЛЕПСКО

На околу 1 км западно од селото Лопатица, Прилепско, во подножјето на Селечка Планина, јужно од врво...

Фељтон

News image

Александар Македонски (58)

Во наредните продолженија ќе се обидеме преку порталот „Македонска нација“ да го п...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.