|
|
Циркуларно писмо на Министерството за народна просвета на Народна Република Бугарија за исправки во учебниците по историја |
Ноември 1947 г.
I. Во учебникот по историја за III клас Стр. 40 и 41 - Самуиловата словенска држава не треба да се преставува како Западнобугарско царство. Таа се појавува врз земји кои навистина влегувале во деловите на Бугарија, но по својот етнички облик биле чисто словенски. Да се објасни дека Самуиловата држава е типична феудална формација, во која нема и неможе да има каква било национална свест. Самуиоловата држава е пред се држава на македонските Словени. II. Во учебникот по историја за VII клас 1. стр. 34 - Племенскиот сојуз на словенските племиња во Македонија на чело со кнезот Пребонд, треба да се истакне како прв обид на македонските Словени за создавање на своја државна организација. 2. Стр. 65 - Климент и Наум да се истакнат како јужнословенски просветители и писатели. 3. Стр. 209 и 219 - Браќата МИладиновци, како и другите македонски учители и писатели, не треба да бидат третирани како преставници на бугарската просвета. Во времето на Преродбата, заедничките интереси на Бугарите и Македонците ја обусловуваат и нивната заедничка борба, насочена кон заедничкиот непријател - фанариотите. Затоа едни исти книги и весници служат како идеен израз на борбата што ја водат браќата Бугари и Македонци. 4. Стр. 296 - 297 - Текстот даден под наслов Национално движење во Бугарија треба да се појасни во смисла дека македонското движење за ослободување на Македонија, не било оформено и организирано движење, туку појава на симапатии од страна на прогресивните средини во Бугарија спрема поробените Македонци... АМ. - Фонд. Министерство за просвета на НРМ, 1947 г. |