Среда, 31 Октомври 2018   
Поимите „нација“ и „држава“ се две јасно разграничени нешта

Dragan-Bogdanovski-Makedonska-nacija

Поимите „нација“ и „држава“ се две јасно разграничени нешта иако во новата историја на човештвото тие се сврзани еден со друг. Една нација може да постои без своја држава, а државата пак може да постои не само од една, туку од повеќе нации. Во многунационалната држава нацијата може да постои како „признаена“ и како државотворен елемент, како тоа денес што е случајот со делот од македонската нација кој се наоѓа во рамките на југословенската федерација, или како непризнаена и национално поробена, како тоа што е случајот со другите два дела од нашата нација, кои се наоѓаат под бугарско и грчко владеење и ропство. Големиот француски теоретичар на нациналниот феномен Рене Жуано во своето знаменито дело „Принципите на националностите“ наведува повеќе примери како во XIX век многу нации во Европа постоеле како „непризнаени“ во рамките на една или на повеќе држави. Таков бил случајот и со полската нација која била разделена под три држави: Германија, Русија и Австро-Унгарија. Многу од овие нации кои во минатиот век биле „непризнаени“, па и „непознати“ за многумина луѓе од европската и светската јавност веќе одамна се имаат еманципирино, вели Жуано, така да денес на светот му се познати како „стари“ нации. Меѓутоа, во ова наше „еволуирано“ европско општество, сеуште има неколку „непризнаени“ нации, чија егзистенција се негира и се наоѓа во опасност, бидејќи се изложени на систематска денационализација. Тоа се пред се' мали нации чии национални тела во повеќето случаи се наоѓаат распарчени во границите на неколку туѓи држави. Ваков е случајот со нас Македонците, со Баскијците и Ирците, а надвор од Европа, ваков случај имаме со Курдите, кои се разделени во четири држави: Ирак, Иран, Турција и Сирија. Сите овие народи со својата борба за ослободување од странското ропство ја покажаа егзистенцијата на својата нација, но тие продолжуваат да бидат заборавени од светот најмногу затоа што со нивната борба за национално ослободување ја немаа таа среќа да создат свои сопствени национални држави. Овој жалостен факт покажува дека ниеден народ не може вистински да се ослободи и да се вроди во редицата на слободните нации додека не создаде своја сопствена национална држава. Тоа дека националната еманципација на еден народ  стои во тесна зависност од државната самостојност ни покажува незадоволството на некои „признаени“ нации, кои се наоѓаат во федерации, но и покрај тоа што слободно го развиваат својот национален живот, се чувствуваат обесправени и експлотирани. Достапно е како пример за ова нешто да ги спомнеме Хрватите во Југославија, чие огромно мнозинство е убедено дека хрватската нација ќе може да дојде до вистинска слобода само во своја сопствена национална држава.

Меѓу малите нации на Европа кои водат борба за својата национална еманципација во ова наше време најмногу се зборува за Баскијците и Ирците. Разделени меѓу Шпанија и Франција, Баскијците имаат скоро иста судбина како нас Македонците, бидејќи и тие се изложени на асимилаторска политика, иако таа политика е спроведувана во многу поблага форма отколку онаа што се спроведува врз Македонците во Егејска и Пиринска Македонија. Историската судбина на Ирците  има сличности со судбината на Ма-кедонците, но таа сепак се разликува во многу нешто. Сличноситте се состојат во тоа што и Ирците и Македонците се разделени така да еден дел од нив има своја национална слобода во своја сопствена државност, додека делови од нивното национално тело се наоѓаат во национална обесправеност под туѓи владеења. Дел од ирската  нација  се наоѓа надвор од Ирската  држава т. е. под власта иа Велика Британија. Македонската нација само во нејзиниот Вардарски дел има своја националиа државност, додека другите нејзини два дела се наоѓаат национално обесправени под власта на Грција и Бугарија.

Разликата пак во судбината на Ирците и Македонците се состои во тоа што Ирците  надвор од својата иационална држава не се изложени на денационализаторска политика. Под англиската власт никој ним не им забранува и пречи да го развиваат својот национален живот како Ирци, додека Македонците под власта на Грција и Бугарија национално се обесправени и се изложени на систематска денационализаторска политика.

Од друга страна постои и голема разлика во државно- правниот статус на наполно независната Ирска Република и оној на Македонската Република во  рамките на Југословенската Федерација. Ирската нација има своја наполно самостојна нацнонална држава, додека нашата македонска нација има своја национална државност, и тоа делумна, но не и национална самостојност и независност. Вистина, денешната Македонска Република за Македонците кои живеат во неа, па и за оние надвор од неа, претставува една врста непотполна национална држава, но Македонците сите заедно чувствуваат и знаат дека таа нивна држава има тесно ограничена сувереност и дека таа во себе ги има сите атрибути на една вазалштина.

Ограничената сувереност на македонската национална државност го држи националното прашање на целата македонска нација во стагнација, во таа околност борбата за македонското национално ослободување е заледена на една така да се рече неподвижна точка. Македонската Република како национална државност на македонскиот народ не ја исполнува својата историска ролја на својот долг спрема Македонците во Пиринска и Егејска Македонија. И токму по ова причина, многумина македонски патриоти внатре во самата Македонска Република стојат на убедувањето дека македонската национална борба т. е, македонското прашање не ќе може да тргне по перспективни патишта се' додека во неа властуваат луѓе од типот на денешните македонски комунисти. Ова убедување дека Македонија треба да се ослободува не само  од Југославија туку и од ваквите македонски комунисти особено широко е распространето среде денешната македонска младина, која изгуби секакви илузии во многуфаленото „братство и единство“. Младина-та на секој народ секогаш била негова најперспективна сила, најспособниот и најсвестниот негов дел, кој најмногу се грижи за судбииата на својот народ. Таков е случајот и со денешната македонска младина, која со будно око гледа се' што се одигрува во нејзината татковина. Младите македонски поколенија играат политичка култура и образование за да настапат на историската сцена со една прогресивна и револуционерна национална програма. Со работата и борбата за остварување на таа програма, македонската младина заедно со сите други македонски патриотски сили  ќе може да ја измени заледената положба во која се наоѓа сега македонското прашење и ќе може да го поведе Македонскиот народ кон нови национални победи и придобивки. Борбата прво ќе биде водена за што поголема сувереност на Македонската Република во рамките на југословенската федерација, а потоа, кога за тоа созреат услови, и за отцепување на Македонија од Југославија. Последново е потребно не од некоја суета за задоволување на некаков македонски шовинизам и национализам, или на некој историски задоцнет сепаратизам, туку од специфичната положба што ја има нашата македонска нација како во Југоставија, така и во рамките на сегашните балкански граници. Положбата на македснскиот народ во рамките на југословенската федерација не е иста со положбата на другите народи во таа федерација.  Србите, Хрватите  и Црногорцнте се наоѓаат во таа федерација како цели нации, додека македонскиот народ само во неговиот  еден  дел  се  наоѓа  во рамките  на таа држава. Србите, Хрватите, Словенците и Црно-горците надвор од Југославија немаат свои национални проблеми, а Македонците имаат. Југославија вистина ја признава националната самобитност на македонскиот народ и во рамките на југословенскиот  федерализам му дава на македонскиот народ услови за национален развиток  како и на другите народи, но ниеден  од другите народи што влегуваат во таа државна заедница не се наоѓа отцепен од своето национално тело, како тоа што се Македонците отцепени од својот егејски и пирински дел. Во оваа ситуација и Југославија е цепач на македонскиот национален организам.  Македонскиот народ  во  својата борба за национално ослободување и обединување ќе треба да се бори за исправување на историските неправди запечатени во меѓународните договори, како што се Букурешкиот и Нејскиот мировен договор врз основа на кои Македонија беше распарчена од нејзините соседи. Денешнава Југославија е „законски“ наследник на Србија и кралска Југославија во партнерството на тие мировни договори кој  ја поделија Македонија и македонскиот народ го ставија под нови националини ропства. И со своето минато, и со својата сегашност,  Југославија  е  една од трите големи пречки за македонското национално ослободување. Ниедна од другите републики на Југославија, како и федерацијата како целина, не сака да си ги расипува односите со Бугарија и Грција заради Македонците во Пиринска и Егејска Македонија. Напротив,  Југославија им помага на грчките и бугарските  поробувачи  на   македонскиот  народ со тоа што таа им спречува на вардарските Македонци да го подигнат прашањето за македонското национално обединување, па дури и да дигнат глас против грчката и бугарската денационализаторска   политика.   Најскромните   барања   за Македонците од Вардарска Македонија по  суштински прашања се окарактеризирани  и загушувани од Југославија како македонски национализам и сепаратизам. Ете зашто, македонското прашање не ќе може да се помрдне од својага сегашна точка, без активна борба на сите македонски патриотски сили  и против Југославија, како и протлв оние Македонци, кои и' служат на таа Југославија, какви што се денешните македонски комунисти. Ниеден обективен Македонец не им ја  оспорува  на  македонските  комунисти нивната  заслуга  за   создавањето  на   сегашната државност што ја  има македонскиот народ, но пред таа заслуга никој не смее да си ги затври очите, да биде слеп пред фактот дека југословенските комунисти, а со нив и македонските, се сила  без чија Југославија не коже да постои како држава. Скорешните многу  амандмани на уставот на Југоставија ги решанаат нацноналните проблеми на другите народи на Југославија, но, не и на македонскиот народ, чии два најголеми проблеми се Пиринска и Егејска Македонија. Југославија не сака да се занимава со тие проблеми на македонскиот народ, за неа Македонија постои само во нејзиниот Вардарски дел.

Во  дискусијата по амандманите, а со цел да се сузбиваат сепаратистичките тенденции кои најмногу ја затресоа Хрватска, Тито рече дека во Југославија има повеќе народи и народности, но само еден Сојуз на комунистите кој ја создал таа федерација и кој продолжува да биде  гаранција за нејзиното постоење и во иднина. Како таков, Сојузот на комунистите на Југославија во својата суштина и целина е унитаристичка сила. Југословенските комунисти во своите меѓусобни секташки борби, зборот унитаризам и унитаристи неправилно го употребуваат, бидејќи целиот Сојуз на комунистите е унитаристичка организација. Во тој југокомунистички унитаризам и македонските комунисти имаат свој дел, тие се сијамски близнаци со него, па како такви и нивниот патриотизам е ограничен. Играјќи во орото на унитаристичкиот југокомунизам, тие играат ролја на нови врховисти. Разликата меѓу овие денешни нови, и некогашните стари врховисти се состои во тоа што старите некогаш служеле на Софија, а новиве сега служат на Југославија. Суштинска разлика меѓу овие два врховизма не постои, може само да се дискутира околу степенот на нивното слугување. Македонските комунисти својата историска ролја си ја  имаат одиграно, нивните заслуги за воспоставување на сегашната државност на македонската нација никој не може да им ги негира, но тие сега се наоѓаат во национална и патриотска стагнација, и доколку сакаат и понатаму да и' служат на својата македонска нација, тогаш тие треба да бидат во чекор со новото време, да тргнат заедно со својата нација по нови патишта што ќе водат кон соединување ка Македонија во самостојна македонска држава, Македонските комунисти сега се национални само по нивната идеа, но не и по нивните дела. Од некогашни борци за националните права на македонскиот народ, тие сега станаа наемници на туѓинци, застанаа од другата страна на барикадата наспроти интересите на својата сопствена нација. Денес постои конфликт меѓу македонската нација и македонските комунисти, кој постојано се зголемува и изострува. Првата задача на денешните македонски патриотски сили е таа македонските комунисти да бидат присилени да работаат за интерссите на својата нација. Треба да се води широка пропаганда среде широките народни маси во која да им се објаснува дека ма-кедонските комунисти македонското национално знаме и идеал ги имаат фрлено во кал, дека тие сега се слуги на Југославија.

Македонската нација, сите нејзини патриотски сили, треба да го помрднат македонското прашање од неговата заледена точка, и со една планирана  национална  политика да ја превземат борбата за националното  ослободување и обединување на Македонија со нови чекори напред. На македонскиот народ му е потребна една современа национална програма, која треба да биде не партиска, туку општа, семакедонска, за остворување на која треба да работат сите организнрани  инеорганизирани  македонци, како оние внатре во  татковината, така и оние надвор во иселеништвото и емиграцијата. Таа борба треба да се води на повеќе фронтови, а во себе да содржи сдна минимална и една максимална програма.

Минималната програма прво треба да ја опфати борбата за признавање на нацноналните права на Македонците во Егејска иПиринска Македонија. За постигањето на оваа цел би можела многу нешто да стори Македонската Република, која досега ова витално прашање за македонскиот народ го има занемарено. Македонската Република како национална држава на Македонците прашањето за признавање националните права на Македонците под грчка и бугарска власт треба да го подигне и пред меѓународните форуми, како што се Обединетите Нации и Меѓународната лига за заштнта на правата на човекот, Македонската Републпка треба да ги земе во заштита Македонците во Егејска и Пиринска Македонија онака како Ирската Република што ги зема во заштита своите сонародници под власта на Англија. Крајно  врме е некој македонски државник да се појави на трибуната на Обединетите Нации и во духот на Повелбата на меѓународната организација да дигне глас против грчката и бугарската денационализаторска политика спрема македонскиот народ.

По се' изгледа дека власто-дршците во Македонската Република немаат волја за ова нешто, па затоа тие треба да бидат принудени од македонските патриотски сили. Познато е дека создавањето на Македонската национална православна црква и нејзината автокефалност беа извојувани благодарение на упорното инсистирање на македонските иселеници од Америка, Канада и Австралија. Вакво дејствување  врз властодршците во Скопје може да прави не само македонското иселеншитво од странство, туку и сите патриотски сили внатре во Македонија, во прв ред нејзината иителигенција и младина. Ослободителниот Комитет на Македонија е спремен во секој момент на сите патриотски сили што ќе дејствуваат во оваа насока да им пружи своја безрезервна подршка.

Во  национална програма треба да влезе една непрекината  и систематска работа за зацврстување и  доизградба на Македокската Република како национална држава на македонскиот народ. Патриотските сили  во Вардарска Македонија треба да работаат за постепено ослободување на Македоиската Република од јаремот на Југославија, за се' поголема нејзина сувереност и афирмација пред надворешниот свет како држава на македонската нација. Македонската Република треба да се ослободува од стегата на Југославија особено со водена  на една сопствена надворешна политика, со која на прво, би можеле да се заштитат националните интереси на егејските и пиринските Македонци, а на друго место, надворешниот свет кој сега многу слабо е запознат со македонското прашање, би можел да научи дека и македонската нација сака да заживее слободна во своја сопствсна национална држава.

Закрепнувањсто на Македонската Република како национална држава на македонскиот народ нема да може да се оствари без здрави материјални, стопански, основи. Во овој однос таа денес стои многу слабо, таа е најбедната република во рамките на југословенската федерација, а уште победна во споредба со соседната Бугарија, Грција и Албанија. Слабите стопански основи на Македонската Република ја ограничуваат нејзината сувереност, бидејќи стопанската зависност автоматски со себе повлекува и политичка зависност од „федерацијата“. Општо позната работа е дека без стопанска независност не може да има политичка независност. Сувереноста на македонската државност ќе си остане фиктивна се' додека Македонската Република економски не се оспособи да живее самостоен живот. Нејзината состојба во овој поглед декес многу е критична, стопански таа е зависна од „федерацијата“, но не затоа што таа е бедна земја, без свои материјални богатства и индустриски потенцијал, туку затоа што во општиот југословенски стопански живот таа е занемарена и експлотирана како колонијална област од која другите, стопански поразвиените републики, кои на политички план се и повеќе суверени од неа, извлекуваат ефтини суровини и големи профити. Вината за оваа жалосна положба паѓа пак врз главите на раководните луѓе на Македонската Република, како што се Црвенковски, Глигоров, Грличков, Минчев и други, кои не мислат за својот народ, туку за свои лични кариери и интереси. Не е чудно што овие „големи експерти“ во Белград среде својот народ станаа омразени типови, особено среде денешните млади македонски поколенија чии бројни делови вегетираат безработни или бегаат во туѓ свет на печалба. Ете зашто, македонските патриотски сили внатре во татковината, а и оние од надвор, треба да се борат за извојување на еден нов стопански статус на Македонската Република, за водење на една сопствена македонска стопанска политика, која македонското стопанство ќе може да го ослободи од колонијалнијалната стега на Југославија. Само кога ова нешто ќе биде остворено, македонската државност ке може да  се  здобие со реална сувереност.

Доградувањето на македонската државна куќа, соедннувањето под нејзиниот покрив на сите македонски земји, на целата македонска националиа територија, сигурно е дека ќе биде еден долг процес, но по таков пат минале многу други народи, познато е дека српската, бугарската и грчката национална држава никнале во минатиот век само на еден дел од националната територија на тие народи, но подоцна искористувале поволни прилики да се прошируваат, обединувајќи ги под својот државен покрив своите национални делови кои уште стоеле под турското владесње. Такви поволни прилики за нашето национално обединување треба да очекуваме и ние Македонците, треба да се спремиме, ние  не смееме да дозволиме настаните да не' прегазат. Во тоа се состои и историската ролја на Македонската Република како национална држава на македонскиот народ, во тоа се состои и патриотската ролја на сите македонски патриотски организации.

Работата за овистинувањето на овој македонски национален идеал е работа за остварување на максималната национална програма. Таа максимална национална програма ќе биде отворена кога сите македонски земји: Вардарска, Пиринска и Егејска Македонија ќе бидат обединети под покривот на македонската национална држава.

Минималната и максималната национална програма се неразделив дел од една иста борба. Остваруватњето на втората не може да се постигне без остварување на првата, работејќи за остварувањето на мимималната национална програма ние го расчистуваме патот, припремаме терен, за остварување на максималната.

Денес на секој Македонец треба да му биде јасно дека борејќи се засвоите национални права, за своето македонско име, за својот македонски јазик, за стопански просперитет и независност на својата Македонска Република, тој се бори за обединување на Македонија во своја сопствена национална држава. Татковината, Нацијата, бара од сите своите  чеда  беспрекорна патриотска работа и жртви. Нека бидеме спремни да одговориме на ова нејзино барање.

Драган Богдановски

Македонска нација 1971

makedonskata-nacija-i-nejzinata-drzavnost-1

makedonskata-nacija-i-nejzinata-drzavnost-2

makedonskata-nacija-i-nejzinata-drzavnost-3

makedonskata-nacija-i-nejzinata-drzavnost-4

 

На прво место

News image

ПОРАНЕШНИОТ ПРЕМИЕР НА МАКЕДОНИЈА НИКОЛА ГРУЕВСКИ ЌЕ ТРГНЕ ВО ЖЕСТОКА КОНТРА ОФАНЗИВА

ПОРАНЕШНИОТ ПРЕМИЕР НА МАКЕДОНИЈА НИКОЛА ГРУЕВСКИ ЌЕ ТРГНЕ ВО ЖЕСТОКА КОНТРА ОФАНЗИВА

Историја

News image

Привремена влада на Македонија – Единство создадена 1880 г.

Привремената влада на Македонија - Единство е политичка институција на народот во Македонија. Владат...

Иселеници

News image

ВОЛИНЦИ ЈА ОДРЖАА ХУМАНИТАРНАТА ВЕЧЕР

Во саботата, на 10-ти ноември, во прекрасните простории од...

Култура и туризам

News image

ИМПРЕСИВНИ ЦРТЕЖИ НА КАРПАТА „ЦРВЕНИЦА“ КАЈ СЕЛОТО ЛОПАТИЦА, ПРИЛЕПСКО

На околу 1 км западно од селото Лопатица, Прилепско, во подножјето на Селечка Планина, јужно од врво...

Фељтон

News image

Александар Македонски (58)

Во наредните продолженија ќе се обидеме преку порталот „Македонска нација“ да го п...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.