Среда, 07 Ноември 2018   
ВОДА ЌЕ ГО ОТКРИЕ БОГАТСТВОТО НА ЦАР МАКЕДОН ВО МАКЕДОНИЈА – ПРОРОШТВО НА МАКЕДОНСКИОТ НОТРАДАМУС

samoil1

Се работи за ЗАФИР, човек роден во Шопско Рударе (Кратово), во маалата Грозданови, во близина на локалитетот Цоцев камен. Не е познато кога се родил и кога умрел, но дедо Савко Арсовски кажува дека живеел во „бугарско време“, некаде меѓу двете светски војни, пред 90-тина години.

Пророштвата, вкупно 156, ги има собрано и запишано Стевче Доневски од Кратово, а порталот „Аберџија“ ексклузивно објавува дел од нив.

samoil2

  1. 1. Железни кола ќе летат на небото (н.з. авиони и хеликоптери)
  2. Волови ќе се исколат, рала ќе се изгорат (ги најавил тракторите)
  3. Орли, чавки и соколи ќе измреат (овие птици се се поретки заради масовниот лов)
  4. Дрва и жито ќе се продаваат у торба (ја предвидел појавата на амбалажата)
  5. Срам ќе се изгубе (најавил времиња на неморал, порнографија, криминал)
  6. Светот ќе се гледа на стакло (предвидел појава на телевизија)
  7. Брат со брат ќе збори од еден крај на светот со друг крај на светот (телефонија)
  8. Македонија ќе се обедине (чекаме на остварување на ова пророштво, можеби кога ќе влеземе во ЕУ)
  9. Русокосо момче Македонец ќе изваде срце у леген и пак ќе га сошие у човек (хирургот Жан Митрев)
  10. Народ ќе иде у град радосан да живее, а ќе се враќа у село и ќе вика „мое мило вратиче“ (миграцијата во 70-тите и враќањето назад денес)
  11. Врата сама ќе ти се отвара кога ќе идеш да пазаруеш (модерните врати со сензори)
  12. Ќе дојде време пари да имаш, а леб да не можеш да купеш (недостиг на храна во блиска иднина)
  13. Од воденици ни камен нема да остане (појава на модерни млинови)
  14. Цоцев камен е шуплив откај реката и врата кога ќе се отвори, за Македонија ќе има доволно. Копачи нема да ја отворет, туку голема вода и ќе се открие што е оставил цар Македон (пророштво кое сеуште не е потврдено дека Цоцев Камен крие огромно богатство)

samoil3

Црквата светијованска во Коњу ќе биде прочуена, а моето име вечно ќе се спомнува

 

На прво место

News image

ПОРАНЕШНИОТ ПРЕМИЕР НА МАКЕДОНИЈА НИКОЛА ГРУЕВСКИ ЌЕ ТРГНЕ ВО ЖЕСТОКА КОНТРА ОФАНЗИВА

ПОРАНЕШНИОТ ПРЕМИЕР НА МАКЕДОНИЈА НИКОЛА ГРУЕВСКИ ЌЕ ТРГНЕ ВО ЖЕСТОКА КОНТРА ОФАНЗИВА

Историја

News image

Привремена влада на Македонија – Единство создадена 1880 г.

Привремената влада на Македонија - Единство е политичка институција на народот во Македонија. Владат...

Иселеници

News image

ВОЛИНЦИ ЈА ОДРЖАА ХУМАНИТАРНАТА ВЕЧЕР

Во саботата, на 10-ти ноември, во прекрасните простории од...

Култура и туризам

News image

ИМПРЕСИВНИ ЦРТЕЖИ НА КАРПАТА „ЦРВЕНИЦА“ КАЈ СЕЛОТО ЛОПАТИЦА, ПРИЛЕПСКО

На околу 1 км западно од селото Лопатица, Прилепско, во подножјето на Селечка Планина, јужно од врво...

Фељтон

News image

Александар Македонски (58)

Во наредните продолженија ќе се обидеме преку порталот „Македонска нација“ да го п...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.