Среда, 19 Декември 2018   
ЦИА за заедничката судбина на децата-бегалци од грчка и македонска националност

1

Во оваа прилика пренесуваме како агентите на ЦИА во 1953 година во детали известувале за состојбата во грчкиот детски дом во градот Унцин во тогашна Чехословачка, каде што биле депортирани децата Македонци и Грци кои живееле во Егејска Македонија односно во градовите и селата во близината на југословенско-албанско-грчката граница во периодот на граѓанската војна во Грција.

„Во домот има и деца од Македонска националност. Децата од двете групи (Грци и Македонци) меѓусебно не се сакаат што често резултира со караници и тепачки“, се вели во документот на ЦИА.

Извор: е-Магазин

Во него, се даваат и имиња на децата, меѓу кои и на осумгодишната Партизана, која била најдена од партизаните во напуштена куќа.

„Меѓу децата постои очигледна желба да ги задржат нивниот грчки и македонски мајчин јазик. Тие сакаат да пејат национални песни и да играат национални игри. Чехословачкиот режим ги тера да научат Чешки јазик за да ги потисне нивните политички афилијации. Повозрасните деца и грчките наставници имаат вистински потешкотии во учењето на Чешкиот јазик“, пишува во документот на ЦИА.

2

Во друг таен документ пак, од 1953 година се посочува дека Грција барала помош од САД да премести 50.000 Македонци од северна Грција во Југославија.

„Овие луѓе им помагаа на комунистите за време на граѓанската војна во Грција и би претставувале сериозен проблем во случај на нова војна. Тие исто така би биле основа ‘Југословенска Македонија’ да бара дел од територијата на ‘Грчка Македонија’,“ се вели во документот на ЦИА.

Извор: Егејска Македонија/

 

На прво место

News image

10 години на електронското списание „Македонска нација“

10 години на електронското списание „Македонска нација“

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлевски (8)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлевски (8)

Иселеници

News image

СЕЌАВАЊА

Навираат, но не носат светлина во денот Тие овенуваат, ис...

Култура и туризам

News image

ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (27)

НОМИНАЦИЈА ЗА НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА МИР НА ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (13)

ПРАИСТОТИСКИОТ РАЗВОЈ НА ДРЕВНИТЕ МАКЕДОНЦИ И ЕОЛЦИ – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.