Среда, 02 Јануари 2019   
Сариса - копје со две острици на обата краја

61353410

Сариса било копје со две острици на обата краја, со должина од 3 до 7 метри, кое го користела македонската фаланга.

Ова оружје било исклучително тешко како за копје, со тежина од преку 5 кг. Острицата му била кратка, железна и во облик на лист. Копјето имало и бронзен „чевел“ на другиот крај, со помош на кој се прицврстувало на земјата против непријателски јуриш. Неговата огромна должина била голема преднст над хоплитите и други војници со помали оружја, бидејќи непријателот морал да ја помине сарисата за да може да дојде до самиот војник. Меѓутоа сарисата била бескорисна доколку војниците не биле распоредени во густи редови, и истата сигурно би била проблем при марширање. Затоа сарисата била изработена од две половини кои се спојувале со метален ремен пред самата битка. Ова на фалангата ѝ овозможувало нормална подвижност.

Во густа формација, фалангата правела „ѕид од копја“, каде копјата биле доволно долги за да сочинуваат пет реда копја пред првиот ред војници—Дури и ако непријателот успеал да го пробие првиот ред копја, го чекале уште четири такви. Задните редови ги држеле копјата косо во воздух заради спремност за напад и одбрана од копја. Македонската фаланга била неранлива од напред за секој вид војска освен иста таква фаланга; единствениот друг начин да се победи бил да ѝ се разбие формацијата и истата да се закрили.

Се смета дека сарисата ја измислил кралот Филип II Македонски, таткото на славниот, Александар Македонски. Филип започнал со строги обуки на војниците кои дотогаш биле деморализирани, учејќи ги да ракуват копје со две раце. Новата тактика била незапирлива, и кон крајот на владеењето на Филип, претходно ранливата македонска држава сега владеела со Грција, Епир и Тракија.

Александар ја искористил оваа тактика за неговите походи во Азија, освојувајќи го Египет, Персија и Павравите (северозападна Индија), каде бил постојан победник. Во секоја битка, фалангата била од круцијално значење. Таа одиграла решавачка улога во битката кај Гавгамела каде српните двоколки на персискиот крал биле сосема уништени од фалангата, со помош на придружничката коњица и пелтастите (фрлачите на џилити). Александар полека ја намалувал важноста на фалангата (и со тоа на сарисата) менувајќи го начинот на комбинирање на оружје, и додавајќи „азиски“ оружја и војски. Меѓутоа сарисата останала од суштинско значење за секоја хеленска армија, но недоволната обука и вежба заедно со преголемото потпирање на фалангата без многу додатни сили довело до конечен пораз на Македонија од страна на Рим во битката кај Пидна.

 

На прво место

News image

Директорот на Скопската зоолошка до иселениците: Никогаш да не се вратите

Директорот на Скопската зоолошка до иселениците: Никогаш да не се вратите

Иселеници

News image

МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ И НЕГОВАТА ДУХОВНО-НАЦИОНАЛНА И ЦРКОВНА МИСИЈА ВО ТАТКОВИНАТА (26)

ПРЕД МОШТИТЕ НА ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО БАЗИЛИКАТА „СВ....

Култура и туризам

News image

„ЈУЖНИ РЕКИ“ ОД ПАНДЕ МАНОЈЛОВ

„ЈУЖНИ РЕКИ“ ОД ПАНДЕ МАНОЈЛОВ       

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (9)

ВРСКАТА НА ХИПЕРБОРЕЈЦИТЕ (СЕВЕРЦИТЕ) ВО СВЕТОТ (ДЕЛ II) 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.