Среда, 27 Март 2019   
Крстоносците од Првиот крстоносен поход во Македонија

crusadesКрстоносците од Првиот крстоносен поход во Македонија

Во почетокот на 80-те години на XI век, како што веќе пишувавме, Норманите ја ограбуваат и завладуваат Македонија. Тогаш балканските поседи на Византија ги нападнале Норманите, предводени од Роберт Гвискард и син му Боемунд. Доаѓајќи од Апенинскиот Полуостров во 1082 година, тие извојувале голема победа кај Драч, а наредната година кај Јанина. Со овие победи им се отворил патот за освојување и на еден голем дел од Македонија. Така, Боемунд го зазел Охрид, војсководителот Петар Алиф ги освоил двата Полога, а грофот Пунтес - Скопје. Од Охрид Боемунд се упатил кон Верија (Бер), а потоа во Меглен. Тука го оставил грофот Сарацин, а самиот тргнал кон реката Вардар и стигнал до т.н. Бели Цркви, каде останал три месеци. Потоа ги зазел Пелагонија, Трикала и Костур. Се обидел да ја заземе и Лариса, но во јануари 1084 година претрпел пораз.

Во 1085 година, по смртта на Роберт Гвискард, Боемунд бил принуден да се повлече од Балканот. Но, веќе во 1096 и 1097 година во Македонија навлегле крстоносците од Првиот крстоносен поход, кој се движеле по патот Виа Егнатија. И овие навлегувања на норманските крстоносци оставиле тешки последици кај македонското население. Особено страшни биле крстоносците на Боемунд Тарентски, кои навлегле во 1096 година. За да се снабдат со храна и други потреби,  тие не се воздржувале од употреба на сила. Тие ограбувале во Костур, а во Битолско-прилепскиот крај, уништиле тврдина на некакви еретици заедно со се населението. При преминот на реката Вардар, крстоносците биле нападнати од Турците и Печенезите што дејствувале во состав на византиската војска, но непоразени, тие го продолжиле патот кон Серес, каде биле удостоени со големи почести и богати подароци што Византијците ги собрале од населението. Крстоносците потоа го продолжиле патот за Мала Азија.

Капеланот Фулхер од Шартр (Foucher du Chartres,1059 - 1127), бил католички свештеник и историчар, кој е познат е по својата хроника за Првиот крстоносен поход. Тој како духовно лице бил учесник и патувал со крстоносната војска предводена од херцогот Роберт Нормански и грофот Стефан од Блоа и Шартр. По преминувањето на Италија, во пролетта 1097-та година, преку Драч, крстоносната војска се движела по античкиот и средновековниот магистрален пат Виа Егнатија кон Цариград, при што поминала низ Македонија. Во своето дело „Ерусалимска историја", делото на Франките крстоносци во Ерусалим од 1095-1127 година, Фулхер пишува и за поминувањето на нормандиската крстоносна војска низ  Македонија.

Историчарот Милан Бошковски кој го следи континуитетот на имињата на Македонија и Македонците во средновековните извори, во својата истоимена книга ни пренесува изводи од хрониката во која Фулхер по пристигнувањето на крстоносците во Драч ќе забележи:

„Откако ги преминавме тешко проодните планини и градовите Лукреција (Охрид), Ботела (Битола), Бофинат, Стела (Пела), стигнавме до една река која се нарекува Вардар. Иако таа вообичаено се преминуаше со бродови, со Божја помош ние ја поминавме радосно со брод. Следниот ден, откако ја поминавме ги распославме шаторите пред градот Солун кој изобилуваше со разновидни богатства. Таму станавме четири дена, а потоа ја поминавме Македонија и преку долината на Филипи, преку Хрисопол, Христопол, Преторија, Мосинопол... и други градови кои се расположени во Тракија...“

На 14 мај 1097-та година, оваа група на крстоносци стигнала во Константинопол. Коментирајќи го цитираниот текст Бошковски ќе забележи дека „наведените градови ја подразбираат Македонија во нејзиното историско-географско значење на ХI-от и ХII-от век. Според него, ова мислење на Фулхер, произлегувало, како поради неговите широки познавања на класичната историјата на Македонија, така и поради тоа што авторот сакал намерно да ја разграничи Македонија од името Бугарија, име кое било наметнато за истата теритирија.

Името на Македонија и Македонците продолжува да егзистира во овој период, но маките на Македонците од навлегувањето на Норманите не престануваат. Во почетокот на XII век Боемунд пак ги загрозил балканските поседи на Византија. Во есента на 1108 година четириесетипетилјадната војска на Боемунд, натоварена на 200 транспортни и 30 воени бродови се истоварила кај Авлона (Валона), која била лесно заземена. Боемундовата војска се упатила кон Драч, но и покрај неколку напади, тој останал во византиски раце. Затоапак, Боемунд презел неколку околни тврдини, како и Арбанон и Дебар. Меѓутоа, овојпат Византијците многу посолидно ја организирале одбраната, раководена од самиот император. Боемунд набргу бил принуден да побара мир, кој бил и склучен на реката Девол во логорот на императорот. Деволскиот договор од 1108 година истовремено значел и крај на кариерата на Боемунд Тарентски, кој се повлекол во Италија и таму умрел во 1111 година.

(извори: М. Бошковски, „Имињата на Македонија и Македонците во средновековните извори“, Скопје, 2003, стр. 120 – 121; Историја на македонскиот народ, Скопје, 1988, стр. 57-58 )

Тихомир Каранфилов

 

На прво место

News image

Ова е октопод на кој треба да му се скине главата

Прес конференција на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Иселеници

News image

31 годинишно постoење на Фондацијата „Петар Стаматов“ (6)

МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ – САД

Култура и туризам

News image

МОЈА АНТОЛОГИЈА

 Проф. д-р. Марко Китевски Меѓу македонските лирски народни песни љубовните заземаат водечко м...

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (18)

ТЕСАЛИСКОТО ПЛЕМЕ ТИРОИ -  II ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.