Среда, 15 Мај 2019   
Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлевски (4)

makedonija moj kopnez

Македонија, мојот копнеж – Маноил Мане Јаковлевски (4)

„Штаcи со досиeја за Јаковлевски“

Во текот на својот живот Мане Јаковлевски беше предмет на оперативна обработка на неколку тајни служби. Тој беше следен и од Министерството за државна безбедност на поранешна Источна Германија (Das Ministerium für Staatssicherheit der DDR) или познато како ШТАЗИ.

Инаку, Штази беше главната тајна разузнавачка служба на Германската Демократска Република (ДДР), а исто така и организација за прогон на т.н. политички “престапници“. Таа беше алатка со која владејачката партија на Источна Германија СЕД го следеше, контролираше и владееше со народот.

ШТАЗИ е основана на 8 февруари 1950 година, со оперативни центри во Источен Берлин, каде што тој беше нејзиниот голем комплекс во Лихтенберг и други помали расфрлани во останатите делови од градот. Беше распуштен во 1989 година.

Мане Јаковлевски случајно дознава на една средба со своите германски пријатели во Берлин дека тој бил следен од Штази,. Зошто и како бил следен, авторот на монографијата "Македонија, мој копнеж - Манојил Мане Јаковлески", Киро Кипровски во делот со поднаслов „Штази со досиeја за браќата Јаковлевски“ ќе напише:

„Во средината на декември 2017 година, Манојил Мане Јаковлески допатува во Берлин, за да заврши некои персонални работи, како и да се сретне со старите пријатели и другари. На договорената средба, во ресторан во Берлин, со неговиот долгогодишен пријател, новинарот Матиас Дорнфелд, голем поддржувач и афирматор на Македонија, дошол и Енрико Севалд, германски писател и истражувач, кој има напишано неколку книги за состојбите на Балканот, за грчката историја и култура. Средбата беше мошне интересна за Манојил, бидејќи од германскиот писател и истражувач дозна дека „Штази“, озлогласената тајна служба на Источна Германија, формирана на 8 февруари 1950год., а расформирана на 4октомври 1990година, водела полициски досиеја за него, за брат му Гојко, за ресторанот„ Ново Скопје“ и уште две други.

„Во отворен и пријателски разговор, Севалд ме запозна, дека во грчките документи го пронашол менито на ресторанот „Ново Скопје“, З. Берлин, со текстот за поделбата на Македонија, меѓу балканските држави. Притоа, му напомена дека источногерманската тајна служба „Штази“ водела дебело досие за мене, брат ми и „Ново Скопје“, и јас имав сознанија, бидејќи во тие години ми беше забрането да патувам во Источен Берлин“, раскажува Манојил Јаковлески, подвлекувајќи дека „Штази“ имала подготвено пет досиеја, на исто толку имиња. „Германскиот истражувач ми предложи, и јас тоа го направив, да поднесам барање до германската служба во Берлин, да ми дадат копија од досиејата. Барањето ми беше заверено, прифатено, што значи дека постојат такви досиеја. Германскиот истражувач, кој имал лични врски со службите во Берлин, ми вети дека брзо ќе добијам копие од истите. Очекував содржините на досиејата да бидат интересни, со многу факти. Имено, по посетата на Јосип Броз Тито на Источен Берлин, на 12 ноември 1974 година, кога на голема свеченост му беше врачен орден Карл Маркс (Еден од најважните ордени, што ги доделуваше тогаш Источна Германија), претпоставувам дека тогаш копие од нашето досие, што се водело во СФРЈ, им било дадено на „Штази“. Оттогаш, кон мене го сменија однесувањето во Источен Берлин. Дотогаш постојано одев на железничката станица, ги чекав и ги испраќав роднините и пријателите, кои од Македонија ни доаѓаа на гости. Потоа, без образложение не ми беше дозволено да влегувам во Источен Берлин. Се посомневав, дека забраната била донесена по добивањето на моето полициско досие од СФРЈ. Се надевам дека во скоро време ќе можам да го подигнам, што ќе биде уште еден доказ за моите и активностите на брат ми Гојко, во тие времиња кога бевме постојано следени од УДБ-а.“

„Штази дал налог да се следи Јаковлевски“

Мане Јаковлевски го послушал советот и во ноемри 2017 година поднел Барање за пристап до документите на поранешната тајна служба Штази. Од документите кои ги добил се гледа дека бил следен и дека постои дебело досие за браќата. Авторот на мографијата во поглавјето „Штази дал налог да се следи Јаковлевски“ ги изнесува податоците од добиените достапни документи за Јаковлевски од кои може да се види следното.

„Манојил Јаковлески на 30 ноември 2017 година, поднесе Барање за пристап на окументите од Државната служба за безбедност на поранешната Германска Демократска Република (Deutsche Demokratische Republik - DDR), а од Сојузен повереник за документи на Државната служба за безбедност на поранешната Германска Демократска Република, на 20 јули 2018 година, доби одговор отпечатен на 23 страници, со делови од неговото досие, кое било водено во рамките на општиот истражувачки проект за следење на југословенската дијаспора во Западен Берлин. Притоа, го информираат за начинот како може да дојде до документите кои биле водени, класифицирани во зависност од тоа за каков вид на непријателска дејноста се работи биле евидентирани и обработувани во неколку сектори, кои потоа се слевале во Централната служба кои ги доработувала и ги официјализирала. Исто така, го известуваат Јаковлески дека со посебна постапка може да ги добие документите кои се однесуваат за него..

По спроведената проверка на картиците, кои се однесуваат за личноста Манојил Јаковлески, во известувањето се наведува дека можат да се пронајдат документи од Државната служба за безбедност на ГДР, а се работи за следново:

*Во Извештај за фактичката состојба, сознанија за егзистирање и активности на екс југословенски сили и организациии за делотворност на политичко оперативни мерки за одбрана на MfS од оддел НН/4, датирано Берлин, 20 март 1985 година, во точката 5 се набележани местата за средби и простории за концентрација во СР Германија и во Западен Берлин на странски граѓани, со што се создава поволна основа за делување на егзилантските и емигрантските организации.

Ц) од Македонци:

„Ново Скопје“

Сопственик:

Јаковлески

Манојил

роден на 01.02.1951

1 Берлин

Курфирстендамм 38

Тел. 8838540

Адр.1 Берлин 12

Лаибницштрасе 74

Тел. 316005

Местото е пункт за концентрација во Западен Берлин, а тој е роден Македонец и егзилант. Во ресторанот во ограничен број се истакнати традиционални македонски знамиња.

Сојузниот повереник за документи на Државната служба за безбедност на поранешната Германска Демократска Република, по барањето на Манојил Јаковлески регистрирано на 30.11.2017 година, со писмо му го доставува

одговорот на 20.06.2018:

Многу почитуван господине Јаковлески,

По Ваше барање во вид на извештај Ви го потврдувам следното:

Од документите на Државната служба за безбедност на поранешната Германска Демократска Република се утврди дека за подолу наведените податоци, Манојил Јаковлески, роден на 01.02.1951 во Зубовце, нема податоци за високо службена или пак неофицијална дејност за Државната служба за безбедност.

Ова известие се прилага кон сегашниот заклучок од проверката на документите од Државната служба за безбедност на Централната служба Берлин и на подрачната единица Берлин.

Со пријателски поздрави,

по овластување:

Беттина Брухл, с.р.

Сојузен повереник за документи на Државната служба за безбедност на поранешната германска Демократска Република

За г. Манојил Јаковлески

Употреба на персонални документи на Државната служба за безбедност на поранешната Германска Демократска Република.

Многупочитуван господине Јаковлески,

Вие поднесовте Барање за пристап во документите на Државната служба за безбедност на поранешната Германска Демократска Република, кои би можеле да се однесуваат кон Вашата личност. Врз основа на спроведената проверка на наведените картици, можеа да се пронајдат документи од Државната служба за безбедност на ГДР, кои се однесуваат на Вашата личност:

-Документи на Централната служба XXII од MfS со сигнатура MfS на XXII број786;

-Документи на Централната служба XXII од MfS со сигнатура MfS на XXII број 888/1;

-Барање налог– за следење.

На (Централнатаслужба) XXII од 1989 (во тоа време произлезена од збир на различни одделенија) била надлежна за контрола и совладување на екстремизмот и од насилни акти од страна на интернационалниот тероризам, насочен против ГДР.

Притоа, Ви доставивме 23 страници копија на документи. Во нив се наоѓаат лични информации и за други лица. Тие лица се анонимизирани (според член 12 став 5 во врска со член 13 став 4 од Законот за Штаси), по правило се работи за лица од Вашата блиска околина, за кои исто така Штаси прибирал информации.

Според член 13 став 5 од Законот на Штаси имате право да поднесете барање за откривање на тајните имиња на лицата, кои се кријат зад тие тајни имиња. Ако сте заинтересирани за тоа, Ве молиме да ни го соопштите тоа заедно со службената ознака. За полесна обработка на Вашето барање, доволно ќе биде да ни ги доставите податоците ставени во заграда. Потоа, ќе биде проверено дали се исполнети предусловите за доставување на информациите во заградата. Ви напоменуваме дека ова Известие се однесува на документи од Штаси, кои досега не се објавувани.

Со пријателски поздрави,

по овластување:

Беттина Брухл, с.р.

Министерски совет на Германска

Демократска Република (ДДР)

Министерство за државна безбедност

Број на оддел 1900/82

главен оддел

Број 271 074

Обработил: Грунерт

Берлин,19.07.1982

БАРАЊЕ НАЛОГ ЗА СЛЕДЕЊЕ

Шифрирано име: Манојло

Пол: машки

Дата на раѓање:01.02.51 во Зубовце

Држава:СФРЈ

Брачна состојба: женет

Деца:_____________

Адреса: Гостивар, Македонија

Адреса во германија: 1. Берлин 30,

Постдамерштрассе 99

втора адреса: 1 Берлин 15,

Курфурстендамм 38 (Ресторан Ново Скопје)

Опис на работата: Сопственик на Ресторан

Струка, образовен профил: непознато

Сопственик на B-M1448 Mercedes 280 SL / боја сива

За кои дејствија се товари: Кривично дело според член 105 од СтГБ (Курир)

Дали лицето е претходно следено?

Непознато

Дали лицето имало претходни дејствија и кои?

Мерки на приведување во трансит во трети држави, Влез Хауптст.

Кои други единици на службата соработувале прикоординиана работа?

Нема

Кои оперативни мерки (и сомненија) се преземени ?

Непознато

Кои територијални и кои временски дејствија се познати?

Непознато

Конкретни имиња и адреси на семејни или други врски?

Врска: К.Љ. 19.11.1949 во Белград,

Западен Берлин

Цел и задача на следењето:

Времетраење од______________ до

30.10.82

Во времето од пристигнување додека отпатува

Каде требало да се врши набљудување:

Пристигнување во главниот град на ДДР - Берлин

GuesFriedrih-/ Cimmerstrasse

Конкретни мерки на следење:

Во рамките на ЗОВ „Kanaria“ се дознава дека Јаковлески пристигнал повтороно до неговата врска во престолнината на ДДР-Берлин без да даде подаатоци за целта на патувањето.Во еден Случај тој паатувал заедно со наведениот Курир на KMNB Schuls / Quasner, на државјанката на СФРЈ К во престолнината.

Кој уште треба да биде набљудуван при средби и заеднички дејствија?

Објектот и партнерот со кој се сретнал се до јасна идентификација

Што треба при набљудувањето да биде фотографирано?

Објектот и партнерот со кој се сретнал.

Набљудувањето треба да се продолжи независно од претходно назначениот термин?

Се додека објектот не отпатува

Кои мерки треба да се спроведат при сомнение или спроведена деконспиација?

Мерките за следење да се прекинат и да се извести HA VI/1

Ова Барање за следење треба да се договори со Службената единица линија VIII/1

Појасненија/ Дополненија кон Барањето на налог за следење:

Преку мерките за следење треба да се разоткрие кои места и со кои лица Јаковлески воспоставил и одржувал контакт. Постои сомнение дека Јаковклески по налог на KMHB Schulz / Quasner Допатувал во главниот град за разрешување на курирски прашања.

Потврдува:

Grunert, поручник,с.р.

(потпис нечиток)

Krause, капетан, с.р.“

91

Факсимил на барањето за добивање на полициското досие за Манојил што го водела тајната служба на Штази

92

Факсимил од одговорот на Штази

Целата книга може да ја најдете тука:

https://drive.google.com/file/d/1iCYJJXWCxHwU4QBowt7jBymD9VHMuvAO/view?fbclid=IwAR00xUlk9SOLzmKsvkZl0Rw4aDz0xnIwPP2f_Xq0jcku9QapmkdjpGsRtTM

(продолжува)

 

На прво место

News image

САМО ЗДРУЖЕН МАКЕДОНСКИ НАРОД ,СО СИЛНА ВЕРБА И ЦВРСТ ДУХ ЌЕ ЈА ВРАТИ ДРЖАВАТА ВО СВОЕ ВЛАДЕНИЕ

САМО ЗДРУЖЕН МАКЕДОНСКИ НАРОД ,СО СИЛНА ВЕРБА И ЦВРСТ ДУХ, ЌЕ ЈА ВРАТИ ДРЖАВАТА ВО СВОЕ ВЛАДЕНИЕ. ...

Историја

News image

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ НА БУГАРИТЕ ИМ ПРЕЧИ ТОА ШТО СМЕ МАКЕДОНЦИ

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ НА БУГАРИТЕ ИМ ПРЕЧИ ТОА ШТО СМЕ МАКЕДОНЦИ

Иселеници

News image

Зоран Ќосески-мировен судија во окружниот суд на западна Австралија

Зоран Ќосески-мировен судија во окружниот суд на зап...

Култура и туризам

News image

ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (24)

ПРОСЛАВИ НА ГОЛЕМИТЕ ЈУБИЛЕИ НА ЕСМА И АНСАМБЛОТ „ТЕОДОСИЕВСКИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (10)

БРИГИТЕ И ТРАКИЈЦИТЕ – ПОПУЛАЦИИ НА ЦЕНТРАЛЕН БАЛКАН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.