Среда, 19 Јуни 2019   
Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлевски (9)

a 2

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлевски (9)

1 avgust 1976-Berlin 14

Величанствена Илинденска прослава во Берлин

Македонските патриоти свесни за значењето на двата Илиндена (1903 и 1944 г.) во далечната 1976 година ќе одржат величенствена прослава во Берлин во чест на 73-годишнината од Илинденското востание. Целта на прослава е меѓудругото народот на Европа да се запознае со вистина за Македонија. Гојко Јаковелски во својот говор по повод 73- годишнина од Илинденското востание одржана во Берлин ќе истакне: „Историјата може да биде фалсификувана, но историската вистина не може да биде сокриена од фалсификаторите“.

Исправени пред закани и притисоците од страна на УДБ-а во земјата и воената мисија на СФРЈ во Барлин, тогашните македонски патриоти нема да се уплашат и ќе одржат величенствена прослава во Берлин. За разлика од денешните „патриоти“ кои денес тргуваат со историјата, тогашните патриоти не потклекнаа на заканите на тајни служби и не ја распродаваа историјата. Тие правеа се што е во нивна можност вистината за Македонија да ја дознае Европа.

Во книгата „Македонија, мојот копнеж - Маноил Мане Јаковлевски“, авторот К. Кипровски за настаните поврзани со прославата по повод 73-годишнината од Илинденското востани, кои треба да бидат потстрек на македонскиот народ да ја спречат распродажбата на историјата која во моментот вршат Заевистите, ќе го забележи следното:

„Во чест на 73-годишнината од Илинденското востание, во 1976 година, во З. Берлин, беше организирана величествена прослава. Се беше во знакот на Илинден, 1903 година. Тоа беше вистинска македонска прослава. За првпат, прослава на најголемиот македонски празник, беше одржана без југословенски симболи. Организатори беа браќата Гојко и Манојил Јаковлески, со помош на многу патриоти во Берлин, кои одолеаја на невидените притисоци, вршени од Воената мисија на СФРЈ, во Западен Берлин. За текот на подготовките за празнувањето, притисоците и заканите Манојил вели:

„Брат ми Гојко, имаше голема желба таа, 1976 година, Илинден да го прославиме на вистински македонски начин, без југословенското знаме и химна. Подготовките одеа тешко, бидејќи имавме опструкции од многу страни. За наша радост, мнозинството Македонци во З. Берлин, ја прифатија идејата за прославата, и ни ветија дека активно ќе се вклучат во организацијата, а со членовите од фамилијата и со пријателите ќе присуствуваат на прославата. Тоа ни беше голема гаранција, дека ќе успееме и во целост ќе ја реализираме илинденската прослава.

Пред прославата, го поканивме Јонче Христовски, легендата на македонскиот фолклор и кантавтор. Знаевме дека како поранешен член и кореограф, на фолклорниот ансамбал „Танец“ и сестран уметник, ќе може да ни помогне многу во подготовките на програмата, а и да исполни повеќе македонски патриотски песни. Со задоволство ја прифати поканата, дојде и веднаш се вклучи во подготовката на музичката програма. За неколку дена, го подготви хорот и на прославата беспрекорно ја испеа македонската химна „Денес над Македонија се раѓа, ново сонце на слободата...“.

Вработените во Воената мисија на СФРЈ, во З. Берлин, беа максимално ангажирани, да не спречат во нашите настојувања. Ги заплашуваа Македонците, да не учествуваат во програмата и да не присуствуваат на Илинденската прослава. Но, нивните напори, не вродија со плод. Исто така, невиден притисок беше вршен врз Гојко, да ја откаже прославата, или пак ако сака да се одржи, тогаш тоа да биде под услови, што ќе ги постават тие и според нивно сценарио. И едниот и другиот предлог Гојко, без размислување ги одби. Воената мисија, откако увиде дека со сила не може да успее, по доживеаниот неуспех во преговорите, тактиката ја смени, почнаа кон Гојко да се однесуваат пријателски. Предложија и тие да учествуваат на прославата, со тоа што ќе го напишат поздравниот говор, а Гојко да го прочита. Но, тој категорички ја одби понудата, одговарајќи им дека нема намера да чита туѓ говор. Потоа, кон нас беа упатени закани и уцени. Ни се закануваа, дека ќе ни ја одземат патната исправа и дека ќе не затворат, кога ќе влеземе во Југославија. Не потклекнавме на притисоците и на 2 август, ја одржавме прославата.

1 avgust 1976-Berlin 13

На наша покана, како гости присуствуваа македонски мигранти и од други делови на Европа. Организиравме и фудбалски турнир, на кој учествуваше и ФК „Хајдук“, од нашето родно село Зубовце. Како што дознавме подоцна, УДБ-а од Гостивар вршела притисок врз членовите на управата на клубот, да го откажат патувањето и учеството на Илинденскиот фудбалски турнир. Како што ни говореа нашите гости, доаѓањето во З. Берлин на раководството на клубот и наиграчите, им било условувано. Меѓу другото, им забраниле да разговараат за политика и да не се дружат со политички мигранти. Ние не влијаевме врз нив, нашата цел беше заедничко дружење на Македонците од Македонија, со Македонците кои времено живееја и работеа во Европа. Сакавме да видат младите, дека не е се така лошо на Запад, како што се проповедаше и како што ги учеа во Југославија. Прославата помина во најдобар ред. Имавме обезбедување од германската полиција, која ни ја гарантираше безбедноста. По нивен совет и ние поставивме наше обезбедување, на влезот во салата. На прославата, беа присутни околу 800 луѓе. Во З. Берлин и пошироко во Европа, дотогаш не беше одржан така масовен собир на Македонците, на кој првпат јавно беше искажан македонскиот патриотизам, без југословенски обележја. Фудбалскиот турнир, го следеа неколку илјади гледачи и на наше големо задоволство, првото место го освои ФК „Хајдук“ од Зубовце.“

1 avgust 1976-Berlin 10

Гојко Јаковелски на свечената прослава во чест на 73 годишнина од Илинденското востание одржа дваесет минутен инспиративен говор пред неколку стотина Македонци од Западен Берлин и од неколку градови на Западна Германија, кои се наоѓаа на привремена работа и гости од Македонија Откако направи осврт на херојската борба на илинденците - за големата велика Илинденска епопеја, за маките и животот на македонскиот народ низ вековите под окупаторите, потенцира дека историјата може да биде фалсификувана, но историската вистина не може да биде сокриена од фалсификаторите.

„Илинденското востание не било насочено против турскиот народ, туку против султанскиот деспотизам, против неподносливиот гнев и жестоката експлоатација на пашите и кајмакамите кои предизвикувале несреќи и страдања не само на македонскиот народ, туку и на турскиот народ. Како што вели Гоце: „Јас не ги мразам Османците како народ, јас војувам против Османската Империја како господаречки систем“.

На крајот Јаковлески ќе заклучи дека Македонците се бореле со векови, борбата не престанува се до целосното обединување: „Под знамето на Илинден 1903 година се роди нов македонски Илинден, се роди нова македонска република, како национална држава на македонскиот народ.

За жал, плодовите од тој втор Илинден останаа недостапни за Македонците во Егејска и Пиринска Македонија, кои и денеска уште се наоѓаат под национално ропство, кое е потешко и од турското, бидејќи грчките и бугарските завојувачи плански работаат за тоталното истребување на македонскиот народ, односно на македонската нација и на тој начин вршат нечуен геноцид, физичко и морално истребување на цела една нација во тие земји.

Денеска со право може да се каже дека идеалите на Великиот Илинден уште не се остварени, заветите на Илинденците уше не се остварени. Тие завети ќе бидат остварени кога сонцето на националната слобода ќе изгрее за сите Македонци, а тоа ќе биде кога сите Македонци и во Пиринска и во мала Преспа и во Егејска Македонија ќе имаат право да кажат дека се Македонци! Затоа Македонците се бореле со векови и ден денес не престануваат да се борат, за целосно обединување на Македонија.

НЕКА ИМ БИДЕ ВЕЧНА СЛАВАТА НА ГЕРОИТЕ НА ДВАТА ИЛИНДЕНА!“

Денес, по речиси половина век од овој настан, можеме да кажеме и ние „вечна слава на хероите од двата Илинденц“, потоа браво на оние кои во далечната 1976 година имаа смелост да им се спротивстават на УДБ-а и воената мисија на СФРЈ, но и да кажеме „вечен срам за оние кои денес се откажуваат од Самуил, Кирил и Методиј, Гоце Делчев и др. великани на македонската историја. односно за оние кои тргваат и го распродаваат нашето културно наследство.

Целата книга:https://drive.google.com/file/

 

На прво место

News image

Заев потроши три години од својот мандат на растурање на државата

СДСМ и Зоран Заев ги осиромашија граѓаните. 22% од граѓаните едвај преживуваат. 7% од пензионерите...

Иселеници

News image

КРЕАТИВНОСТА МИ ЈА ПОЛНИ ДУШАТА

Разговор со Лара Мабеи која ја игра главната улога во „Баб...

Култура и туризам

News image

ИЗРАЕЛ - ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА (12)

ЕРУСАЛИМ - ГРАДОТ НА ВЕЧНОСТА

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (31) I ДЕЛ

МИТОЛОШКА И ТЕОНИМСКА ОНОМАСТИКА НА ПАНОНИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.