Среда, 17 Јули 2019   
Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлевски (13)

a 2

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлевски (13)

ВО ДИЈАСПОРАТА СЕ ФОРМИРАА СЕКЦИИ НА ВМРО- ДПМНЕ

Внатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единство (ВМРО-ДПМНЕ) е основана на 17 јуни 1990 година во Скопје. По основањето на партијата насекаде во светот македонската емиграција започна со формирање на секции на партијата која го носи историското име на ВМРО. Авторот на книгата „Македонија, мојот копнеж - Маноил Мане Јаковлевски“, Киро Кипровски пишувајќи за формирањето на секции во дијаспората, како и за нивната улога ќе забележи:

„По одржувањето на Основачкото собрание на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, започнаа да се формираат секции надвор од Македонија. Првата секција беше формирана во Берлин, потоа во неколкуте градови низ Европа, Америка и Австралија.

На 30 септември и 1 октомври 1991 година, во Берлин беше одржано првото советување со претставниците на секциите на ВМРО-ДПМНЕ. На советувањето, кое успешно го организираше Манојил Мане Јаковлески, заедно со членовите на берлинската секција на ВМРО-ДПМНЕ, присуствуваа делегати од: Германија, Шведска, Полска, Франција, Белгија, Швајцарија, Канада, САД и Австралија. Делегатите едногласно донесоа повеќе одлуки, меѓу кои и одлука секциите да се преименуваат во задгранични комитети, а Берлинскиот комитет да биде централен, задграничен комитет. За претседател на Централниот задграничен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, беше избран Драган Богдановски. Задграничните комитети ја претставуваа совеста на Македонците, кои живееја и работеа надвор од својата татковина.

„Комитетите беа моторот на сите случувања меѓу Македонците во Европа, почнувајќи од организирање на мирни демонстрации за признавање на Република Македонија под нејзиното уставно име и испраќање апели до владите членки на Европската заедница. Организиравме неколку средби, со Министерствата за надворешни работи во државите во кои престојувавме, разни хуманитарни акции за собирање парични и материјални средства за Македонија и други активности. Задграничните комитети беа секаде присутни, како директни организатори или пак како соорганизатори“, се сеќава Манојил Мане Јаковлески, кој беше избран за претседател на Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Хамбург, во 1992 година, на местото на првиот претседател Драган Богдановски, кој по расправиите со централното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, беше сменет од страна на Љубчо Георгиевски.

„Во процесот на осамостојувањето на Македонија, нашите активности беа од голема корист. Со нашите многубројни протести, испраќање на апели, политички контакти и организирање на македонско лоби, создадовме услови македонските дипломати, полесно да ја обавуваат својата работа. Овие активности ги одржувавме во времето, кога нашите политичари и дипломати сеуште немаа расчистено, дали ќе правиме самостојна држава или ќе ја спасуваме тогашната Југославија. Нашите активности имаа јасна цел, да ја информираме светската јавност, дека Македонците нема да прифатат било какво заедничко живеење, во било каква скратена верзија на Југославија. Македонскиот народ по толку векови под ропства, измачувања и делби, имаше право барем во еден дел од својата географска територија, да изгради сопствена независна држава“, ги дообјаснува активностите на задграничните комитети Јаковлески.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на Манојил Јаковлески му даде полномошно со следната содржина: „ ИК на ВМРО-ДПМНЕ го ополномоштува г. Манојил Јаковлески, за свој претставник во официјалните контакти со владини претставници на земјите членки на Европската заедница, со претставници на самата Европска заедница, како и со лица од партиите во овие земји, кои пројавуваат интересирање за соработка“. Полномошното беше со бр. 629/92 од 30.10.1992 год., своерачно потпишано од Љубчо Георгиевски, претседател на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Драган Богдановски, како идеолог на ВМРО-ДПМНЕ и борец за остварување на вековните идеали на македонскиот народ, за слободна и обединета Македонија, во 1993 година меѓу првите ја согледа заблудата околу изборот на Љубчо Георгиевски за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и дојде до целосно разидување со партиското раководство. Поради неговите несогласувања со врвот на партијата, тој беше исклучен од нејзините редови и му беше одземена титулата, почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, што му беше доделена на 9-от Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, одржан во Прилеп, во 1991 година.

ДЕСНА РАКА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ

Во годините по осамостојувањето на Република Македонија, Манојил Мане Јаковлески со голема љубов и посветеност, се ангажира да им помогне на официјалните државни функционери од Македонија, кои доаѓаа во Берлин, главен град на Германија, со цел успешно да ги завршат службените задачи. Така, на д-р Александар Лепавцев, министер за урбанизам, градежништво, сообраќај и

екологија во првата експертска Влада на Република Македонија, предводена од академик д-р Никола Кљусев, во неговиот неколкудневен престој, Јаковлески му беше десна рака. На 20 јуни 1992 година, министерот Лепавцев имаше неколкучасовни разговори во Сојузното министерство за сообраќај на СР Германија, за меѓусебна соработка во повеќе сектори од сообраќајот, врз база на реципроцитет. Притоа, потпишаа протокол за условите за одвивање на соработка во повеќе насоки. Министерот Лепавцев од својот колега побара и доби позитивен одговор, поштенскиот сообраќај од Европа за Македонија и обратно, да се одвива преку Германија, бидејќи во некои од поранешните југословенски држави се води војна, па поштенските пратки доцнеа со месеци, а голем број и непристигнуваа.

Исто така, Јаковлески се присети дека министерот Лепавцев при посетата на Германија, имал плодни разговори со министерот Волфанг Клемент, потпретседател на Владата на канцеларот Хелмут Кол, за взаемна соработка на стопански план, особено за развој на Република Македонија со создавање на заеднички фирми, како и за добивање на квантум дозволи за сообраќај.

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ГЛИГОРОВ КРИТИКУВАН СРЕДЕ БЕРЛИН

По парламентарните избори во Република Македонија, во средината на ноември 1998 година, истиот ден кога се формираше новото парламентарно мнозинство во Собранието, претседателот на државата, Киро Глигоров, престојуваше во работна посета на Берлин, СР Германија. На покана на Европската академија во Берлин, претседателот одржа предавање, на кое присуствуваа македонскиот амбасадор во Германија, Срѓан Керим, повеќе дипломати, научници и бизнисмени, како и претставници на македонската заедница во германската метропола. По предавањето, директорот на Европската академија, д-р Ебарт Штратеншулте и неговиот заменик Јарослав Шонка, побараа од присутните да поставуваат прашањa. Глигоров требаше да одговари само на едно пошироко прашање, поставено од Манојил Јаковлески, претставник на македонската заедница во Берлин. Револтиран од дел, од искажувањето на претседателот за сеуште неформираната Влада на Македонија, која што требаше да ја состави новото парламентарно мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, која освои најмногу мандати, Јаковлески на претседателот Глигоров му се обрати со следните зборови:

„Претседателе Глигоров, имам голема почит кон Вас, заради возраста и функцијата што ја извршувате. Еден сум од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, која победи на парламентарните избори. Во Германија доаѓате истиот ден по составувањето на новото парламентарно мнозинство во Собранието, а Вие имате обврска на лидерот Љубчо Георгиевски да му го доделите мандатот, за да ја состави новата влада. Искрено, од Вас како татко на нашата држава, очекував да не информирате дека денес во Македонија, се формира ново парламентарно мнозинство. Вие, наместо тоа да го кажете, ја критикувате сеуште не формираната влада, кажувате дека нема да биде добра и нема да дозволите тој и тој да бидат министри за внатрешни работи или за одбрана, затоа што Вие сте мислеле дека не би биле добри министри. Претседателе Глигоров, критикувајќи ја сеуште не формираната влада, го уривате нејзиниот углед. Наместо да говорите афирмативно за Македонија пред германските, американските, француските и другите акредитирани новинари во Берлин, за да напишат убави стории за нашата татковината, Вие им објаснувате дека новата влада нема да биде добра. Тоа, претседателе Глигоров, како искусен политичар од Вас не го очекував. Срамота е за Вас, а уште поголем е срамот за функцијата Претседател на РМ, што ја обавувате. Вие сте искусен политичар и не Ви доликува надвор од татковината, без да имате било каков повод, така да се однесувате, кон сеуште не формираната влада, што ќе ја состави новото парламентарно мнозинство, кое по се изгледа не вие по ќеиф. Меѓутоа, тоа е демократијата“, му се обрати Манојил Јаковлески на претседателот Глигоров, на трибината во Берлин.

„Претседателот Глигоров, без да ми одговори, ме замоли да го продолжиме разговорот по официјалниот дел, заедно со директорот на Европската академија, на коктелот кој беше организиран во негова чест од нашиот ресторан „Ново Скопје“, се сеќава Јаковлески на овој непријатен настан.“

(продолжува)

Цела книга:

https://drive.google.com/file/d/1iCYJJXWCxHwU4QBowt7jBymD9VHMuvAO/view?fbclid=IwAR00xUlk9SOLzmKsvkZl0Rw4aDz0xnIwPP2f_Xq0jcku9QapmkdjpGsRtTM

 

На прво место

News image

Никола Груевски: Секој министер треба да знае што зборува, доколку сака народот да го смета за сериозен

Никола Груевски: Секој министер треба да знае што зборува, доколку сака народот да го смета за с...

Историја

News image

Македонскиот етнос и етногенезата на Македонските династии

Краток опис на античката историјата за Македонија и нејзиното име

Иселеници

News image

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против законот за јазици

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против зако...

Култура и туризам

News image

Брсјаци и Мијаци

Брсјаци и Мијаци, двете најсочувани племиња на нашата територија, вечните ривали но сепак најдобри...

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (39)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -III ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.