Среда, 31 Јули 2019   
Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлевски (15)

a 2

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлевски (15)

Борис Трајковски (25 VI 1956 - 26 II 2004)  e втор претседател на Македонија. Toj стана претседател на 15 декември1999 година, во годината кога Македонија се соочи со наплив од 390.000 бегалци од Косово, поради војната која беснееше во покраината. Од нив 360.000 останаа во камповите во земјата, а над 30.000 заминаа во трети земји.

Пред да стане претседател, како заменик министер за надворешни работи, Трајковски ќе ја даде легендарната изјава, Иритиран од увредливите изјави на странските медиуми за односот на земјата кон бегалците во кои изјавуваат дека ова е срам за Македонија, Трајковски ќе возврати: „Ова е срам за меѓународната заедница. Никој од вас не прашува кои се проблемите на оваа влада и на оваа држава. Многу убаво од далеку, од Шведска ги следите настаните. Јас ќе ви предложам нешто конкретно, пратете 100 авиони на скопскиот аеродром и пренесете ги во Стокхолм.“

Многумина посочуваат дека оваа изјава помогнала тој да биде кандидиран за шеф на државата. Всушност тој беше убеден да се кандидира за претседател на Македонија од ВМРО ДПМНЕ во неформалната македонска амбасада во Германија во ресторантот „Ново Скопје“ во Берлин. Во книгата „Македонија, мојот копнеж - Маноил Мане Јаковлевски“, авторот Киро Кипровски за разговорите на Мане Јаковлевски и Борис Трајковски за неговата кандидатура и за ветувањето доколку стане претседател, како и за неговата желба за тавче гравче и кобасици ќе напише:

„На почетокот на септември 1999 година, неколку месеци пред одржувањето на претседателските избори во Македонија, Борис Трајковски, тогаш заменик министер за надворешни работи, заедно со Доста Димовска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ, престојуваа во Берлин и имаа значајни консултативни разговори со лидери на германски, десничарски партии.

За време на посетата во Берлин, во ресторанот „Ново Скопје“, Манојил Јаковлески, Доста Димовска и Срѓан Керим, тогаш македонски амбасадор во Германија, го убедија Борис Трајковски да прифати да биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Македонија.

Своето мислење, Јаковлески му го соопшти на тогашниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски,  на средбата во неговиот кабинет во Скопје.  „Најдобар кандидат за претседател е Борис Трајковски. Ако одиме со него на претседателските избори, сигурен сум дека ќе победиме“, му рече Јаковлески на Георгиевски, на што тој му одговори: „Да, и јас мислам дека најдобар кандидат за претседател од нашата партија е токму Борис Трајковски“. Притоа, на Манојил му даде задача, за тоа да ги информира Трајковски и Димовска.

„Кога го информирав Борис, дека ќе биде кандидат за претседател на РМ од страна на нашата партија, му реков првата официјална посета како македонски претседател да ја има во Берлин и притоа да го посети ресторанот „Ново Скопје“, раскажува Јаковлески. А Трајковски тогаш ми одговори: „Ветувам, така ќе биде, нема да заборавам“. Како што е познато, Трајковски со големо мнозинство на гласови, беше избран за претседател на Република Македонија, а на 19 ноември 1999 година, беше инаугуриран, кога ја даде и заклетвата.

„Бидејќи бевме блиски, другари и пријатели, десетина дена по изборот, му се јавив преку телефон и му ја честитав победата и инаугурацијата за претседател, при што го потсетив на ветувањето. „Ти благодарам за честитките Мане, првото мое патување во странство е на 13 јануари 2000 година и ќе биде токму во Берлин, Германија. Притоа, сакам да дојдам и во „Ново Скопје“, ни пренесува Манојил, дел од разговорот со претседателот Трајковски. „Неколку дена пред доаѓањето во Германија, на мојот фиксен телефон, лично ми се јави претседателот Трајковски и ми рече на протоколот на македонската амбасада во Берлин, да им пренесам, дека покрај официјалната посета на главниот град на Германија, сакам да бидам гостин и во ресторанот „Ново Скопје“. Притоа, посебно нагласи дека сака да дојде на гравче и колбаси, подвлекувајќи дека сака тоа да биде заведено и во официјалната агенда на посетата. „Така и направив, се јавив во македонската амбаса да и им ја пренесов желбата на претседателот- по официјалната средба со претседателот на Германија и по предавањето во Европската академија во Берлин, сака да биде гостин во ресторанот „Ново Скопје“, се сеќава Манојил, познат македонски угостител во германската метропола.

Тие денови Јаковлески, заедно со целиот персонал, со голема љубов и посветеност, се подготвуваа што повеличенствено да го пречекаат претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски.

„На еден од готвачите, инаку Кинез, му реков да подготви кинески специјалитети. Сакав да го изненадиме претседателот, со позната храна од најголемата држава на Далечниот Исток“, се сеќава Јаковлески и додава: „Откако прочитале во протоколот на македонската амбасада, дека претседателот Трајковски ќе биде гостин на „ Ново Скопје“, неколку дена пред да пристигне, ме посетија претставници на германскиот протокол и агенти на тајната германска полиција. Поради безбедносни причини, извршија детален преглед и кога завршија ме прашаа: „ Господине Јаковлески, македонскиот претседател не може да издржи еден ден ако не јаде грав?“ Им објаснив дека тоа е само повод, македонскиот претседател да го посети „ Ново Скопје“, зашто овој ресторан има историско значење за формирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ, од која Трајковски е избран за претседател.

Посетата на македонскиот претседател на Германија, беше на 13 јануари 2000 година и се совпадна со прославата на Стара Нова година.

Во ресторанот „Ново Скопје“ претседателот Трајковски беше пречекан со неговата придружба, во македонски амбиент, новогодишна, релаксирана атмосфера и одлична дружба. Кога претседателот Трајковски пристигна во ресторанот и кога дозна дека Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, на 13 спроти 14 јануари се дочекува Православна Нова година, во народот позната уште како Стара Нова година  Јаковлески му подготвува кинески специјалитети, му се обрати со зборовите: „Мане, кинеските специјалитети се добри, но сепак со нив понудиги другите гости, а јас си сакам тавче гравче и колбаси“. Мане бил подготвен и за тоа, па веднаш му излегол во пресрет на претседателот: „Од поранешните посети на Трајковски, знаев за неговото омилено јадење. За време на една посета, претседателот Трајковски дури го запознав и со еден од моите готвачи, кој беше од Струмица и притоа му предложив, ако има посебни желби да му каже нему лично. Се сеќавам, разговараа на струмички дијалект, а претседателот му образложи што сака да вечера. Нормално, го нарача неговиот омилен специјалитет, тавче гравче и колбаси, по што беше презадоволен. Таа ноќ беше за паметење, се додека сум жив, ќе се сеќавам на пречекот на Василица 2000 година, како и на испраќањето на претседателот Трајковски. Од ресторанот излеговме околу 2 часот по полноќ, во придружба на неговото лично и германско обезбедување. Разговарајќи, пешки пристигнавме во хотелот „Експланаде“, каде беше сместен“, ни ги пренесува незаборавните впечатоци, Манојил Јаковлески.“

(продолжува)

8

88

 

На прво место

News image

Замешаноста на Заев во случајот „Рекет“ е се поочигледен

Замешаноста на Заев во случајот „Рекет“ е се поочигледен.

Историја

News image

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Иселеници

News image

Академикот Ферид Мурад – американски нобеловец (10)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ – САД

Култура и туризам

News image

Триумфални порти (арки) во Битола

Триумфални порти (арки) во БитолТриумфални порти (арки) во Битола

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (22)

ПЛЕМИЊАТА  ЈОНЦИ И МИНОИ ОД МАЛА АЗИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.