Петок, 16 Април 2010   
Владо Георгиев Черноземски - Македонски револуционер
vlado-cernozemski2Величко Димитров Керин, познат уште како Владо Георгиев Черноземски или Владо Димитров Черноземски, како и псевдонимот Владо Шоферот е македонски револуционер активист на ВМРО, Черноземски е познат атентатор, поборник на тактиката на терористични акции . Во историјата останува запаметен како извршител на атентатот на кралот на Србија Александар Караѓорѓевич во 1934 година во градот Марсеј во Франција.

Величко Димитров Керин е роден во с. Каменица на 19 октомври 1897 г. од татко Димитар Величков Керин е роден во с. Каменица во 1873 г. и мајка Риса Христоскова Балтаджиева е од истото село, родена во 1875 г. Крстен е на 26 октомври 1897 г. во црквата в с. Каменица. Величко има еден брат и две сестри. Како малечок Величко е кротко, добро дете.

Во 1922 г. станува член на ВМРО под името Владо Димитров Черноземски. Како член на ВМРО, под името Владо Черноземски, Величко Керин влегува со чети во Македонија и се истакнува како многу храбар, извонредно спокоен и дрзок. За Черноземски неговиот најдобар другар Мирчо Кикиритков го изјавил следното : "Со Владо сме пријатели уште од детство. Во 1922 г. бил шофер на еден од камионите на тутунскиот трговец Каракостов во Дупница. За време на настаните во Ќустендил во 1922 г. го напушти шоферството и станува член на ВМРО. Владо влегувал во Македонија со чети и учествувал во борби повеќе од 15 пати, во кој се покажал како многу храбар и извонредно спокоен, коешто спокојство достигнувало дури до дрскост. На неколку пати влегувал во Штип. Додека другите се криеле, тој најспокојно одел во крчмите да пие пиво, иако не знаел српски. Бил познат како ладнокрвен по карактер, бестрашен и еден од најдобрите стрелци во организацијата. Черноземски ја поседува и неопходната интелигенција за извршување на особено важни акции. Како на еден од најдоверливите лица во организацијата му се доверуваат исплонувањата на редица одговорни задачи.

Во средината на македонските револуционери Владо се одликува со својата скромност, смелост и снаодливост, со што ја стекнува довербата и уважувањето на Тодор Александров, на раководителите на четите во Македонија, а подоцна и на Иван Михајлов. Паѓала в очи големата негова снаодливост и изобилие на идеи за практични работи. Се покажал дисциплиниран, со голема волја и главно решен на саможртва. Во сите разговори за акции, каде што тој учествувал, истакнувал дека не треба да се води сметка дали тој ќе остане жив или не, туку да се мисли само за успешното исполнување на планот. Така во 1927 г. тој му предлага на ЦК на ВМРО да се опаши со рачни бомби и да експлодира во главната заседувачка сала на друштвото на народите, за да го привлече на овој потресен начин вниманието за македонското прашање, откако петициите и молбите на македонското население не влијаеа со соодветна рекција од светската јавност.

Од 15 јули 1932,г. трагите во Софија му се губат. ВМРО раширила глас, дека е убиен по нејзина задача. Меѓутоа Величко Керин (Владо Черноземски) е испратен од ВМРО кај Анте Павелиќ во Хрватска како инструктор, во Јанка Пуста - Унгарија, како подготовка за покасно изведениот атентат врз кралот Александар.

Атентатот на Кралот Александар во Марсеј

После првата светска војна и поделбата на Македонија, вардарскиот дел на Македонија влезе во новоформираната држава Кралство на СХС. Управата на новата државa ја преземаат во свои раце големосрбските монархистички кругови под раководството на крал Александар. Прогласувајќи ја како официјална доктрина теоријата за т. н. "Интегрална Југославија", согласно којашто србите, хрватите и словенците се објавуваат за единствен три имен народ, а за македонците кој ги нарекуват "прави Срби" и за црногорците не станува воопшто збор. Белград им го одрекува правото на овие народи на национална самобитност, култура, автономно или национално самоопределување.

Знамето на борбата за слободна и независна Хрватска го прифаќа д-р Анте Павелич, формирајќи ја хрватската револуционерна организација "Усташа". Хрватска и Македонија, преку своите национални револуционерни организации "Усташа" и ВМРО , се обединуваат во ист фронт, лице в лице со заедничкиот непријател.

На 9 октомври, 1934 г. југословенскиот крал Александар пристига на бродот "Дубровник" во Марсеј на својата прва официјална посета на Франција. Целта е да се демонстрира пред светот цврстиот сојуз меѓу двете држави. Тоа станува во време на оживена дипломатска дејност меѓу европските држави и на случки, којшто постепено го трасират патот кон Втората светска војна. Домаќините се потрудиле посетата да придобие голема свеченост. Ескортиран од миноносци на француската средоземна ескадрила, бродот ја фрла котвата на белгискиот кеј. Од древното марсејско пристаниште одекнуваат артилериски плотуни, на кој возвраќаат од "Дубровник". На неговата палуба се качува француска делегација, водена од министерот на морските сили Пиетри, којшто ги поздравува гостинот од името на францускиот претседател. Во адмиралска униформа кралот слегува на брегот, каде што го пречекува францускиот министер за надворешни работи Луи Барту. Поздравниот говор го чита генерал Жорж, кој се борел рамо до рамо со српската војска за време на првата светска војна на солунскиот фронт. Потоа кралот влегува во автомобилот кој го очекува и се упатува кон општината, каде што го очекува официјален пречек. До него седнува Барту, а на резервното седиште - генерал Жорж. Шоферот почнал да свири, за да можат граѓаните на Марсеј да го видат и да го поздрават високиот гостин. Во следната кола се југословенскиот министер за надворешни работи Јевтич и францускиот министер Пиетри. Следуваат луѓето од кралската свита и одборот за пречек.

Неколку дена пред посетата, во Париз се наслушнуваат гласови за можен атентат, како што пишувало на страниците на весниците "Пари миди" и "Пари соар". Особено силно е неспокојството меѓу кралската свита. Од двете страни на патот, по којшто минува кордонот, се поставени околу 1500 полицајци и агенти, но непосредната заштита на автомобилот е оставена на двајца коњанички офицери. Во последен момент, од непознати причини, се менува решението кралскиот автомобил да го прати одред мотоциклисти.

Кордонот се движи по средината на улица "Ла Канебер" со брзина на пешак. Тротоарите се исполнети со граѓани. На некој места се слушат аплаузи, на други – исфиркувања. Колоната веќе навлегува на плоштадот пред пазарот. Часот е 4,20 после пладне.
atentatot-vo-marsej2
Во тој момент од толпата меѓу двајца полицајци скокнува добро облечен, со силна градба маж, којшто притрчува покрај коњот на полковникот Пиоле, викајќи "Вив л роа!"(Да живее кралот), скокнува на прагот на кралскиот автомобил и пука неколку пати со револвер кон кралот Александар, а потоа и кон Барту. Прв се обидува да го оттурне атентаторот генерал Жорж, но неколку истрели го кутнуваат на седиштето. Шоферот го запира автомобилот. Во тоа време полковник Пиоле со брзо движење успева да го успокои и заврти коњот и со сабјата му нанесува два удари на атентаторот, којшто паѓа на улицата и продолжува да пука. Полицајци кој го заштитуваат кралот исто така отвараат оган по него. Настапува невиден хаос. Полицајците го оттргнуваат од разјарената толпа атентаторот, му ги врзуваат рацете и го повлекуваат кон најблиската полициска станица, каде што го повргнуваат на сослушување и тортура. Тоа продолжува до вечерта.

Куршумите упатени кон кралот Александар се покажуваат смртоносни. Уште во автомобилот тој ја губи свеста. Го пренесуваат во префектурата, каде што после неколку минути умира. Министерот за надворешни работи Богољуб Јевтич покасно ќе разгласи, дека божем во последните секунди на својот живот кралот прошепнал "Чувајте ми Југославију!", А францускиот "Тан" ќе го доукраси кралскиот завет со: "Пазете ми ја Југославија и пријателството со Франција!". Така следбениците на Александар Карагеоргевич ќе ја дополнат митологијата на големосрбизмот со уште една легенда.

Наспроти тешкото ранување генералот Жорж после 5-месечно лекување оздравува, а за настанот покасно си споменува: "Со револверот атентаторот манипулираше со таква прецизност и молскавична брзина, што ми остана во сеќавање, наспроти тоа што моментот беше трагичен."

Без да дојде во сознание, Владо Черноземски умира во 8 часот вечерта во болницата. Во алиштата му откриваат чешкословачки пасош на име Петер Келемен, револвери "Маузер" и "Валтер" и бомба. На десната рака имал тетоважа со иницијалите на ВМРО: череп, вкрстени коски и девиза "слобода или смрт". Погребан е на 12 октомври на марсејските гробишта во присуство на двајца детективи и гробари. Местото на погребот не е означено.

Овој настан ќе остане вечно запаметен во сеќавањето на македонците како еден голем настан од борбата за својата слобода.

Вечна му слава.

 

На прво место

News image

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле, молчеле и...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.