Среда, 21 Август 2019   
МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО САМОСОЗНАНИЕ ВО ИЛИНДЕНСКИОТ ПЕРИОД (2).

Donski111Александар ДОНСКИ

(Посветено на академик Блаже Ристовски)

ФЕЉТОН: МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО САМОСОЗНАНИЕ

БУГАРСКИТЕ ВЕСНИЦИ ВО 1905 ГОДИНА ЈА НАПАЃАЛЕ МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ДЕЈНОСТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ!

Македонското национално чувство околу Илинденскиот период нај­­доб­ро ќе биде да  го илустрираме  со цитати дадени од  извесен број ре­во­­лу­ционери, дејци на Организацијата.           

Легендата на македонската револуционерна борба Гоце Делчев изјавил:            

Оној што сака да работи за присоединување на Македонија кон Бугарија, Грција или Србија,  тој може да биде добар Бугарин, добар Грк, или добар Србин, но не и добар Македонец“.           

Оваа, како и другите изјави на Гоце Делчев не останале неза­бележани од тогашната бугарска јавност. Поради ваквите свои ставо­ви тој бил напаѓан во Бугарија. Дури некои тогашни бугар­ски весници и цели две години по  смртта на Делчев се  уште го напа­ѓале неговиот лик и неговата македонската нацио­нална дејност. Како пример за ова ќе цитираме извадок од статијата објавена во софискиот весник „Ре­фор­ми“, а  пренесена и во в. „Свободно слово“ од 1905 година:           

„Делчев  навистина почна да се замислува дека е вистински гос­подар на македонското дело и дека неговата волја треба да биде вр­ховна волја. И подоцна почнаа да течат од неговата уста поз­на­тите фрази, како онаа:”Додека моето рамо ја носи пушката, ниту еден бугарски офицер не смее да стапне во Македонија! Гра­ницата е плот од штикови, чии острици се насочени кон градите на офи­це­рите.”Неговите богато плаќани агита­тори и писатели трубат по весниците дека кон границата трчаат густите редови на огор­чената македонска народна моќ и дека прес­тол­­нината нас­коро ќе се претвори во касапница...“          

Ова преставува неспорен доказ за крајно негативното располо­жение на тогашниот бугарски печат кон апостолот на македонското ослободително дело Гоце Делчев. Дури подоцна, откако го сфатија неговиот углед меѓу Македонците, Бугарите почнаа да се напрегаат да докажат дека тој бил „Бугарин“. Инаку, овие тогашни ­­бу­гарски на­пади против Гоце Делчев денес се кријат од пошироката јав­ност во Бугарија.         

Понатаму, Гоцевиот весник „Дело“ уште во 1902 година неретко излегувал со статии против сите пропаганди во Македонија (вклу­чувајќи ја и бугарската), која посебно се одвивала преку Егзархијата.         

За идеологот на револуционерната борба и еден од водачите на  Илинденското востание Даме Груев познато е дека бил еден од  главните учесници во ученичкиот бунт во Бугарската гимназија во Со­лун, кога  учениците барале воведување на македонскиот јазик во гимназијата наместо бугарскиот. Поради ова и Даме бил исклучен од гимназијата, а подоцна активно учествува во движењето на лозарите.       

Значи,  воопшто не е точно дека Даме Груев за време на целиот свој живот се декларирал како „Бугарин“, како што тврди бугарската историографија. Тој извесно време дури бил под влијание и на срп­ската пропа­ганда и како таков добил стипендија за да учи во Белград. Секако во тоа време тој себеси се декларирал како „Србин“, штом оти­шол да се школува во Белград (во тамошната документација бил за­пишан како: Дамјан Грујиќ). Даме Груев дури испратил и писмо до Ми­лојко Веселиновиќ, кој тогаш бил еден од најекстрем­ните зас­тап­ници на големосрпската про­паганда во Маке­донија, во кое го из­вес­тил дека е многу задоволен оти бил примен во Белград и дека е готов да биде (цитат):”од користи отаџбини”. Во едно друго писмо, упа­тено до друштвото “Свети Сава” на 25.09.1889 (во кое барал да би­де запишан на Правниот факул­тет во Белград), Груев напишал дека во име на нивните идеи е готов да се бори со бугар­ската и со грчката про­паганда во Македонија. (Споменици друштва “Светога Саве” 1886-1936, стр. 302 -303. Преземено од: Блаже Ристов­ски: Портрети и про­цеси 1, Скопје, 1989, стр. 547). Меѓу­тоа, по­доц­на Груев избегал  од Ср­би­ја, не сакајќи да го прифати српст­во­то, кое им било нату­ра­но на Македонците.           

Секако дека главна цел на Груев му била по секоја цена да стигне до диплома, па затоа и пишувал вакви писма. Подоцна Груев слично постапувал и со Бугарите, кога требало да се добие нешто од нив, што е сосема разбирливо ако се земаат предвид околностите од тие времиња. Ова тој подоцна јавно ќе го признае, кога рекол:          

Ние македонските револуционери им дадовме изјава на Буга­ри­те, само за да ги придобиеме, дека сме готови  да водиме сметка за нивните придобивки во Македонија и  да им го зачуваме во тој пог­лед статус-квото...“(Подетално кај: Блаже Ристов­ски: Портрети и процеси 1, Скопје, 1989, стр. 548).         

Преку лоза­рите сосема јасно доаѓа до израз неговата маке­дон­ска национал­на опре­делба. За разочараноста од својот престој во Србија, Груев пишува:           

Ни ветија стипендии и ни дадоа. Тогаш јас со уште некол­кумина Македонци отидовме во Белград. Тука ни станаа јасни срп­ските намери и напори да ни ја вметнат српската идеја и да ни го наложат српскиот јазик, што уште повеќе не раздразнуваше...“

Значи, и овде тој јасно го употребува етнонимот Македонци. По­доц­на за создавањето на Револуционерната организација тој пишу­ва дека со своите истомисленици ја проучувале, како бугарската, така и српската ослободителна борба против Турците.           

Интересна е изјавата на Даме Груев за неделивоста на Маке­донија (која и денес е ставана под прашање од страна на некои кру­гови). Оваа изјава Даме Груев ја дал во октомври 1903 година:           

Македонија е една целина и таа не може да се дели. Централ­ниот македонско-одрински комитет со сила и убиства ќе го спречи секој таков обид. И кој ќе почне да работи во тој правец, тој е осуден на смрт од Централниот комитет“. (Блаже Ристовски: Крс­те П. Мисирков... 776-777).

Гоце Делчев (1872 – 1903): Во пошироката јавност во Бугарија денес се криедека своевремено бугарските весници ја напаѓале неговата македонска национална дејност

Goce Delcev121

 

На прво место

News image

Политичка номенклатура

Гоце Марков-колумнист, Македонец и Човек

Иселеници

News image

Борис Ничов – бизнисмен и градител на „Преспанскиот крст“ (15)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ - САД

Култура и туризам

News image

ЛИЧНОСТИ ОД ПРЕСПА: ПИСАТЕЛОТ СТЕРЈО СПАСЕ ОД ГЛОБОЧАНИ – ЗНАЧАЕН ЛИТЕРАТУРЕН ТВОРЕЦ (2)

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ПРЕСПА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (27)

МИГРАЦИЈАТА НА ДОРЦИТЕ (ХЕЛЕНИТЕ) ВО ПЕЛАЗГИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.