Среда, 04 Септември 2019   
МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО САМОСОЗНАНИЕ ВО ИЛИНДЕНСКИОТ ПЕРИОД (4)

Donski111Александар ДОНСКИ

(Посветено на академик Блаже Ристовски)

КРСТЕ МИСИРКОВ: „БОРИС САРАФОВ БЕШЕ ИДОЛ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД“

За угледот на водачот на Илинденското востание Борис Сарафов и  за неговата македонска нацио­нална опција  пишувал и еден од најголемите македонски национални дејци Крсте Мисирков, кој притоа  вели:

„Борис Сарафов по потекло е Македонец што целиот свој жи­вот и го посвети во борбата за ослободувањето на Македонија... И не во Турција од турски куршум, ами во престолнината на Бугарија, од предавнички куршум падна тој за слободата на Македонија.

Го убија Сарафов и го заборавија, иако едно време тој се прет­ставуваше како центар на македонското движење против Турците за ослободувањето на Македонија... Но, Борис Сарафов беше идолот на македонскиот народ: и на селаните и на граѓаните.Тој беше прет­­ставникот на македонските идеали во странство, со каква што цел ги посетуваше европските престолнини, разговараше со прет­став­ниците на европскиот печат, и дури ги посетуваше и дипло­мат­ските канцеларии. Б. Сарафов беше идеалниот борец за слобо­дата на Макеоднија.

Сепак, каде е споменот за Б. Сарафов? Зошто веќе не збору­ва­ат за него? Зошто тој толку бргу е заборавен и не се спомнува сред Бугарите со чувство на признателност кон него?

Ботева Бугарите го креваат до небеси, а Б. Сарафов?

Впрочем, Сарафова треба до небеси да го крева Македонија, но каде е таа? Благодарејќи на непријателите на Б. Сарафов, таа е  раз­делена на три дела и поднесува ропство неспоредливо потешко од турското.

Б. Сарафов е убиен физички и морално во престолнината на Бугарија...

Единството и автономијата на Македонија – тоа беше идеалот на Б. Сарафов; заграбувањето на цела Македонија од Бугарија или ба­рем  нејзината поделба помеѓу Бугарија и Србија со присое­ди­ну­ва­ње на поголемиот дел од Македонија кон Бугарија – тоа е идеалот на бугарските националисти. (Подетално кај: Блаже Ристовски: „Крс­те П. Мисирков. Прилог кон проучувањето на развитокот на маке­дон­ската  национална мисла, Скопје, 1966).          

За Борис Сарафов, како за голем македонски патриот, пишува и гемиџијата Павел Шатев. Тој дури вели дека Сарафов им бил идол на солунските атентатори кој, во споредба со другите револуционери, далеку се извишувал во очите на сите нив. Тој бил и нивниот главен таен финансиер. Шатев го опишува и судирот на Сарафов со Бугар­скиот двор, а пишува и за неговата идеолошка борба против леви­цата, пора­ди која подоцна тој ќе биде неправедно сатанизиран од маке­­донските историчари комунисти во периодот на едноумието.

По сето ова, македонските едноумни историчари, кои го напаѓаа Сарафов, ќе треба да положат сметка за ваквиот свој став. Тие ќе тре­ба да му објаснат на нашиот народ и зошто ја криеја изразената македонска национална дејност на овој голем револуционер? Овие историчари се уште ги застапуваат чудните хипотези во врска со некои историски процеси околу македонската нација, дека наводно един­ствено кому­нистите имале „исправен однос“ кон нашата  нација, а сите други биле наши „непријатели. За црно-белата комунистичка ис­то­­риографија се беше еднос­тав­но: штом некој бил комунист, тој бил „позитивен, дури и да не ја приз­навал македонската нација (како што е случајот токму со КПЈ во пр­вите години по нејзиното формирање), а штом некој бил десничар, дури и да ја прифаќал македонската национална свест (како што бил Борис Сарафов) - тој бил ра­мен на цр­­ниот ѓавол.Со ваквите небулози овие „историчари само до­ле­ваат бен­зин во оганот на стран­ските пропаганди, кои во суштина го тврдат истото - дека кому­нистите ја „измислилемакедонската наци­ја. 

Инаку, за целосна рехабилитација на Борис Сарафов и за не­го­во сместување во самиот врв на галеријата ликови кои ги славиме од илин­денската епопеја уште од шеесеттите години па наваму, се залагаше нашиот познат историчар академик Блаже Ристовски. Во сво­јата книга („Крсте Мисирков... стр. 530-531), Блаже Ристовски, уште во далечната 1966 година за Борис Сарафов го пишува следното:

Сарафов направи громки изјави пред Европа за националната посебност на Македонците, истакнувајќи ја паролата “Македонија на Македонците” во нејзината најпозитивна смисла... При сето ова Сарафов беше афирмиран во Европа како водач на Македонското востание, се здоби со невидена слава и имаше низа контакти со нај­високи државни и политички претставници на европските земји, при што зборуваше од името на македонскиот народ... Треба да се спомне и фактот што Сарафов (и неговите луѓе) беше првиот заг­реан приврзаник на оддалечувањето на македонскиот револу­цио­не­рен центар од Софија и неговото рамномерно претставување во трите балкански метрополи и во Женева... Во таа смисла тој нап­рави и извесни чекори како во Србија, така и во Европа, а имаше ор­ганизирано и македонски органи во странство што ја издигнуваа не само егидата “Македонија за Македонците”, туку и етнограф­ска­та идеја со македонски литературен јазик.

Како јавно деклариран Македонец од тие времиња бил и блис­киот пријател на Борис Сарафов тетовчанецот Матеј Геров. Тој пр­вин живеел во Софија, а потоа кусо време и во Белград, каде што во   1903 година често изјавувал дека: не е ниту Србин, ниту Бугарин, ту­ку Македонец”. Поради ова бил жестоко напаѓан од страна на големо­српските весници „Србин и „Маќедонија (Белград, 01.04.1904).  

На 27. 11. 1903 година, во организација на Геров и на други маке­донски студенти од Белград, на железничката станица во Белград и во близина на белградскиот хотелот „Париз му бил приреден фана­тичен дочек на водачот на Илинденското востание Борис Сарафов. Тука Сарафов пак ја искористил приликата, овојпат пред српските новинари, да изја­ви дека Македонците не се ни Срби, ни Бугари, туку прос­то Македонци.На ваквата негова изјава српскиот весник „Маќедонија (Белград, 18.04.1904), одго­ворил:

Сарафовото создавање Македонци е заблуда... до колку тоа не е политички изговор. Српската младина во никој случај не може да го помага тоа, ниту како српска младина, ниту како југословенска...   

Donski         

Борис Сарафов – Водач на Илинденското востание кој јавно изјавувал дека Македонците не се ни Бугари ни Срби, туку посебен народ

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски: Изборот е Заев или Македонија

Христијан Мицкоски: Изборот е Заев или Македони

Историја

News image

ПОТЕКЛОТО НА МАКЕДОНСКИОТ И ЈАЗИКОТ НА НАШИТЕ СОСЕДИ

ПОТЕКЛОТО НА МАКЕДОНСКИОТ И ЈАЗИКОТ НА НАШИТЕ СОСЕДИ

Иселеници

Култура и туризам

News image

ЛИЧНОСТИ ОД ПРЕСПА: АМБАСАДОРОТ РИСТО НИКОВСКИ ОД РЕСЕН – ГЛАСНОГОВОРНИК ЗА МАКЕДОНИЈА (10)

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ПРЕСПА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (35)

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА АНТИЧКИОТ МИТОЛОШКИ СИСТЕМ НА БАЛКАНОТ – I ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.