Среда, 11 Септември 2019   
МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО САМОСОЗНАНИЕ ВО ИЛИНДЕНСКИОТ ПЕРИОД (5 дел)

Donski111Александар ДОНСКИ

 

МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО САМОСОЗНАНИЕ ВО ИЛИНДЕНСКИОТ ПЕРИОД (5 дел)

(Посветено на академик Блаже Ристовски)

ВОДАЧОТ НА ГОРНОЏУМАЈСКОТО И УЧЕСНИК ВО ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ ПОЛКОВНИК АТАНАС ЈАНКОВ СЕ ДЕКЛАРИРАЛ КАКО ПОТОМОК НА АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ!

Во продолжение ќе презентираме еден од ретките зачувани из­вор­­ни доку­менти оставени од локалните војводи - учесници во Илин­денското востание. Се работи за писмото на  илинденскиот вој­вода Блаже Бирин­че­то што го упатил во 1905 година до еден друг вој­вода што преминал кон српска чета, во коешто меѓу другото пишува:

„Ние бевме македонски борци и до крај  се боревме за македон­скиот народ, а не за Бугарија или за Србија или за Грција... Ние што сме од македонската земја, треба за Македонија да работиме... Ние не сме против никој народ, ниту од Бугарија, Србија или Грција... Штом сме македонски војници ние треба за македонскиот народ да работиме...“

Во едно друго писмо, истиот војвода пишува:

„Сум слушнал оти сте станале сите вие Срби, но треба да бидеме браќа како што си бевме... Вие нас, браќа, не  правите дека сме Бугари. А, бре браќа, ниту Вие  сте Срби, ниту ние сме Бугари...“ (Глигор Тодоровски, “Современост”, 1966).

Малку е познато дека античко-македонската етничка свест кај нашиот народ дошла до израз дури и во периодот на Илин­ден­ското востание, наспро­ти силното влијание и пропаганда од страна на Егзархијата. Така на пример, во една непотпи­шана статија од весникот „Автономна Ма­кедонија“, објавена во екот на Илин­денското востание во август 1903 година, пишува:

„Денес, кога ни се наложува да помогнеме во заштитата на угне­тените Македонци, ние треба од се  срце тоа да го сториме... Уште Алек­сан­дар Велики, тој цар на вселената, има посведочено за доброде­телствата на словенското племе, кога изјавил дека Слове­ните носат херојски срца и поради тоа заслужуваат да го носат големото име Словени. Пред да умре, овој наш голем завештател, изјавил дека го прокол­нува секого што ќе ги злоставува Сло­вените... Сега, ако Македон­ците не се во состојба сами да го спре­чат нивното истребување и да си ја  подобрат својата состојба, то­гаш Бугарите, Србите, Црногор­ците и другите Сло­вени се долж­­ни да им притекнат на помош на своите браќа по крв и вера.“

Авторот Петар Загоров, во екот на Илинденското востание во сеп­­тември 1903 година, во в. „Автономна Македонија“, ја објавил пес­ната „Таму“, во која исто така Македонците ги третирал како потомци на Александар Велики. Овде читаме:

Таму кај Пинд и Шар, кај Струма и Вардар,

каде се  е покриено со длабоки рани,

достојни потомци на Велики Александар,

херојски се борат со вековни тирани.       

Чувството на етничка припадност на античките Македонци како нас­ледувано од нашите предци, не ги запоставило ниту Маке­донците од бурниот почеток на 20. век. Така, на пример, малку е познато дека во досега неправилно сатанизираното Горноџумајско врхо­вистичко востание, воено-оперативниот водач на ова востание, полковникот на бугарската војска Атанас Јанков (инаку етнички Ма­кедонец од Заго­ри­чани), непоколебливо се сметал за директен по­томок на античките Македонци. Пред самиот почеток на Горно­џу­мајското востание, тој до востаниците го упатил следниот проглас:

„Македонци! Сетете се за светскиот победител, за свет­ската слава на Македонија - великиот Александар Македонски! Се­тете се за храбриот цар Саму­ил, македонскиот великан, за прек­расниот Марко Крале, општо­сло­­венската слава - дека во сите нив течела македонска крв. Тие сега од небесните височини бдеат над нас и го благословуваат нашето започнато дело. Да се покажеме како нивни достојни потомци!“

Ова секако дека е еден од најпатриотските македонски гово­ри што кога и да е се одржани во нашата револуционерна борба. Овој по­вик уште тогаш бил пренесен во сите позначајни европски весници, а поради фактот што по овој повик востанатите Македонци (т.н. „врхо­висти“) масовно се впуштиле во борба против Турците, јас­но е де­ка и тие во целост се согласувале со неговата содржина. Жал­но е,ме­ѓу­тоа, што во добар дел од македонската комунистичка ис­то­ри­огра­фи­ја неправедно беше омаловажу­вано ова востание (ба­рем од аспект на неговиот национален карактер),а овој повик ре­чиси не се ниту спо­менуваше во публикациите за пошироката јав­ност.Овој по­­­вик прет­ставува и жешка шлаканица за денеш­ните голе­мо­бу­гар­ски про­па­гандисти, бидејќи истиот е даден токму од страна на вр­хо­вист!

Во врска со ова да го спомнеме и фактот дека за Горноџумај­ското македонско востание парична помош собирал и Крсте Мисир­ков преку Тајниот македонско-одрински кружок во С. Петербург.

Но тоа и не било се  од полковникот Јанков во врска со маке­дон­ското национално чувство. Кон крајот на следната (1903) година во едно интервју тој изјавил:

Јас не сум Бугарин, туку Македонец и на Македонија и поса­кувам слобода и самоуправа. Тоа е целта на сите вистински Маке­донци...Ние Маке­донците не сме кадарни сами да го направиме тоа, но кадарни сме да кренеме востание во Македонија за да ги увериме Големите сили  што го потпишаа Берлинскиот договор дека тие треба да го исполнат она што им го ветија  на христијаните во ев­роп­ска Турција.. Особено мораме да побр­заме за да го направиме тоа пред да се спогодат Србија и Бугарија за Маке­донија. Таа спо­годба, според мене, би била кобна за Македонците, бидејќи Буга­рија и Србија, откако ќе се спогодат за нашата татковина, ќе ја по­делат Македонија и тие делови ќе си ги присоединат кон своите држави“. (в. “Штампа”, 01.12.1903).

Современата македонска историографија треба да му посвети пого­лемо внимание на овој неправедно запоставен македонски патриот.

Инаку, полковник Јанков учествувал и во борбите во Илинден­­ското востание, што значи дека тој е уште еден илинденски револу­ционер што јасно се декларирал како  Македонец, а не како Бугарин. Во Илинденското востание дошло и до негова соработка со Јане Сан­дански. А за полковникот Јанков како македонски патриот со вооду­шевување пишувал и Крсте Мисирков.

Овде дека треба да го спомнеме и малку познатиот факт дека при формирањето на Врховниот комитет во Софија (1895), тој отпр­вин се викал само Македонски врховен комитет и во него членувале Македонци што и навис­тина се залагале за самостојна Македонија. Така, на пример, на Првиот конг­рес на овој Комитет се гласало дали по ослободувањето Македонија тре­ба да биде автономна или пак да влезе во рамките на Бугарија. Големото мнозин­ство од присутните врховисти се изјасниле за автономија на Маке­донија.

polkovnik         

Полковникот и војвода Атанас Јанков – водач на Горноџумајското востание и учесник во Илинденското востание, а воедно и автор на еден од најпатриотските револуционерни повици до Македонците

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски: Изборот е Заев или Македонија

Христијан Мицкоски: Изборот е Заев или Македони

Историја

News image

ПОТЕКЛОТО НА МАКЕДОНСКИОТ И ЈАЗИКОТ НА НАШИТЕ СОСЕДИ

ПОТЕКЛОТО НА МАКЕДОНСКИОТ И ЈАЗИКОТ НА НАШИТЕ СОСЕДИ

Иселеници

Култура и туризам

News image

ЛИЧНОСТИ ОД ПРЕСПА: АМБАСАДОРОТ РИСТО НИКОВСКИ ОД РЕСЕН – ГЛАСНОГОВОРНИК ЗА МАКЕДОНИЈА (10)

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ПРЕСПА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (35)

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА АНТИЧКИОТ МИТОЛОШКИ СИСТЕМ НА БАЛКАНОТ – I ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.