Среда, 11 Септември 2019   
Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлевски (21)

a 2

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлевски (21)

„СИНАПТИЦА“ – ПОЛИЦИСКО АРМИСКИ СКАНДАЛ

Во 1992 година на виделина, во јавноста излегоа аферите „Дувло“ и „Сина птица“. Во првата афера, за време на владеењето на СДСМ, неовластено беа прислушувани и следени функционери на ВМРО-ДПМНЕ, а во втората афера „Сина птица“, тогашната Служба за државна безбедност преку прислушување и инфилтрирање се обидува да ги „намести” припадници на ВМРО-ДПМНЕ да формират паравоена формација со цел во одредена фаза да се искомпромитира ВМРО ДПМНЕ како политичка партија.

Во книгата „Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлевски“, авторот Кире Кипроски за аферата „Сина птица“, врз основа на документи и изјавите на Јакововлевски ќе напише:

„На почетокот на 1992 година, во новинарските кругови, проструи информација, дека група патриоти се организирале да формираат Македонска национална гарда, во неколку градови од источниот дел на Македонија. Македонската јавност, за иницијативата дозна од ТВ дуелот меѓу Љубчо Георгиевски, претседател на ВМРО – ДПМНЕ и Добри Величкоски од МВР, одржан на 10 јули 1992 година на МРТВ. За првпат на оваа дебата, беа емитувани дел од разговорите, од состанокот на членови на Македонската национална гарда, со претставници на МВР и на АРМ, одржан на 16 април 1992 година, во мотелот „Сина птица“ во Кочани, а со видео камера снимени од припадник на МВР.

Службата за државна безбедност на МВР, за овие настани формирала полициско досие „Сина птица“, со назнака строго доверливо, евидентирано со број 189 од 14.09.1992 година. Во него, децидно се набележани активностите на МВР и на АРМ, не само за одржаниот состанок во Кочани, со членови на т.н. Македонска национална гарда, туку и за иницијаторите и причините за покренувањето на ваква иницијатива.

Во рамките на овластувањата и врз основа на Законот за кривична постапка, според кој Службата за државна безбедност е должна да презема мерки и активности за откривање, следење и попречување на активности, насочени кон загрозување на личната и општата сигурност на граѓаните и изразената опасност од преземање терористички активности, посебно такви кои можат да предизвикаат меѓунационални и меѓуконфесионални вооружени пресметки, прифатен е контакт со припадниците на т.н. „Таен комитет“ на МНГ и со нив била одржана средбата во Кочани.

Ден, пред да се одржи состанокот, тројца граѓани, самоиницијативно, побарале контакт со раководни лица на МВР, за да ги запознаат со одредени состојби и за некои активности. Истото го направиле и со воени лица, со високи чинови од безбедносните структури на АРМ. Истиот ден, Љубо Јовановски, во неговиот стан во Скопје, одржал договорен состанок со Добри Величковски од МВР и со Драган Стојмановски-Млекце, началник во АРМ.

Како што стои во досието „Сина птица“, иницијатор за создавање на Македонската национална гарда, бил Љубо Јовановски од Брисел, кој го запознал Драган Стојмановски-Млекце, дека Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на состанокот што бил одржан во Хамбург, Германија, донесол одлука за формирање војска, собирање на оружје и на други средства за вооружена борба во Македонија, доколку за тоа има потреба, односно доколку ЈНА испровоцира конфликт во Македонија, како што се случи во Словенија и Хрватска. За таа цел, претседателот на Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Манојил Јаковлески од Берлини секретарот Ристо Прангов од Брисел, во неколку наврати престојувале во Бугарија, воделе преговори со претставници на бугарската армија, за што со одредени потврдени сознанија, располагала СДБ.

На средбите присуствувал и Методија Димов од Брисел, Белгија (востановен соработник на Бугарската разузнавачка служба), на кои им била ветена помош со оружје, полска болница, полигон за обука и испраќање на 10.000 специјално обучени војници од бугарската армија, за герилска војна и вршење на диверзантски–терористички акции во Македонија.

Одговорен за формирање на т.н. „Македонска војска“ бил Љубо Јовановски. Тој, не се согласувал со активностите на Задграничниот комитет, посебно со претседателот Манојил Јаковлески. Имено, Јовановски со знаење на ВМРО-ДПМНЕ од Македонија, превзел активности за обединување на пробугарската, врховистичка, емигрантска организација МПО во дијаспората, ВМРО-СМД од Бугарија и ВМРО-ДПМНЕ, за натамошно заедничко делување.

Активностите за формирање биле во Струмица. МНГ формално била формирана на состанокот на секцијата на ВМРО- ДПМНЕ, на 4.01.1992 година. Сите припадници на гардата, биле и членови на ВМРО-ДПМНЕ, кои заради присутната врховистичка струја, се оградиле од партијата и формирале национална гарда.

На состанокот во мотелот „Сина птица“ во Кочани, како што стои во полициското досие, меѓу другото, било разговарано и за влијанието и улогата на македонската дијаспора, во заштитата од продорот на врховизмот во Македонија; неприфатливоста на разните влијанија од соседните земји; улогата на СДБ и нејзиниот интерес за спречување на делувањето на екстремистите, од било кој вид и национална припадност.

По согледувањето на сите аспекти и сознанија за делувањето на т.н. Македонска национална гарда, во МВР било оценето, дека непостоеле основи за поведување на кривична постапка, бидејќи не било преземено ниту едно подготвително дејство, ниту бил направен обид, за извршување на било кое кривично дело, според законите на Република Македонија.“

НИСКА, НЕЧЕСНА, КОДОШКА ИГРА

Констатациите на Љубо Јовановски, што им ги изнесол на инспекторите од СДБ, ако и биле поврзани со Манојил Јаковлески, биле внесени во досието „Сина птица“. Овие констатации, според Јаковлески, се измислици, невистини и конструкции, со кои Јовановски, како долгогодишен соработни на УДБ-а, им се додворувал на службите. Многу настани што се случувале пред тоа, ги „филувал“. „На сите членови од Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, ни беше јасно дека игра нечесна улога“, вели Манојил Јаковлески.

Затоа, како ја добил видео касетата од состанокот на членовите на т.н Македонска национална гарда, со претставниците на МВР и на АРМ, што ја организирал Јовановски, Јаковлески објаснува:

„Шетајќи низ Брисел, заедно со Љубчо Георгиевски, Борис Змејковски и Иван Соколов, на барање на Љубчо Георгиевски да посетиме некој наш во Брисел, им предложив да одиме на кафе во домот на Љубо Јовановски. Предлогот беше прифатен и заедно со домаќинот, влеговме во неговиот дом. Откако бевме послужени, во неврзан разговор, Јовановски се пожали на лошата соработка со нив, дека Георгиевски и Змејковски се оградувале од активностите на Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, зашто, како што рече, поседува и доказ. Да докаже дека е активен, ни ја пушти видеокасетата снимена на чинот на формирањето на МНГ, на која присуствувале и претставници на МВР и на ЈНА. Откако внимателно ја изгледавме видео касетата, по мое инсистирање Јовановски ми ја даде, а јас подоцна им ја дадов на Георгиевски и на Змејковски, со ветување дека ќе направат копија и ќе ми ја вратат. Сепак, не ми ја вратија.

По некое време, инсерти од видео касетата беа прикажани на МТВ, додека траел ТВ дуелот меѓу Љубчо Георгиевски и Добре Величковски.“

Неколку денови, пред да се одржи дуелот, како што се сеќава Јаковлески, на фиксниот телефон во ресторанот „Ново Скопје“ во Берлин, му се јавил Добри Величковски, со закана дека ќе му ги убијат сопругата и децата, доколку не го спречи објавувањето на видеоснимката од формирањето на Македонската народна гарда, кои заедно ја формирале: Службата на државна безбедност, военото разузнавање и неколку патриоти, а целта им била да го оцрнат раководството на ВМРО-ДПМНЕ. На оваа закана, Јаковлески на Величковски остро му одговорил: „УДБ-а била крвник на Македонците и никогаш не се поправила. Ќосето ќе мора да оживее и да почне да ги убива македонските одродници.“

Инаку, со акцијата, како што беше осознаено, директно раководел тогашниот помошник министер во МВР ,Добри Величковски и потполковникот на АРМ, Драган Стојмановски.

За пополнување на замислениот одбор од Македонија биле користени, покрај одредени соработници, и членови на ВМРО-ДПМНЕ, кои и самите не биле свесни во што се замешани. Ова беше констатирано на Комисија за надзор на СДБ на Собранието на Република Македонија. Прикажаната видео лента, беше повод осум граѓани присутни на состанокот „Сина птица“ да достават писма, кои на 24.07.1992 година, беа објавени во дневниот весник „Нова Македонија“ и на МТВ. Со писмата, на јавноста и беа презентирани видувањата и оценките на директните учесници во врска со овој случај, кој ВМРО-ДПМНЕ го искористила за политички маркетинг. Според нив, намерата била да се формира Македонска национална гарда, во неа да немаат влијание врховистички и други сили. Меѓугоа, ВМРО- ДПМНЕ ги злоупотребила, бидејќи по големиот број учесници на состанокот биле нејзини членови, а делувале под директива на претседателот на Задграничниот комитет на ВМРО- ДПМНЕ, Манојил Јаковлески, кој поседувал полномошно од Љупчо Георгиевски, за се да одлучува и потпишува.“

 

Историја

News image

Само седум борци ја преживеале битката на Мечкин камен

СВЕДОШТВО ОД 1918-ТА ЗА КРУШЕВСКАТА РЕПУБЛИКА: Само седум борци ја преживеале битката на Мечкин каме...

Иселеници

News image

КОРЕНИТЕ НА СЕМЕЈСТВОТО ВИДИНОВСКИ ОД КАНАДА (11)

МАНАСТИРОТ „СВЕТИ ХРИСТОФОР“ И ДУХОВНОТО ЖИВЕЕЊЕ ВО КРСТ...

Култура и туризам

News image

ИЗРАЕЛ - ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА (7)

ВЕТЕНАТА ЗЕМЈА ИЗРАЕЛ  ДЕНЕС

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (26)

ИЛИРИТЕ НА БАЛКАНОТ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.