Среда, 18 Септември 2019   
МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО САМОСОЗНАНИЕ ВО ИЛИНДЕНСКИОТ ПЕРИОД (6 дел)

Donski111Александар ДОНСКИ

(Посветено на академик Блаже Ристовски)

БУГАРСКИ СВЕДОШТВА ЗА МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО СОЗНАНИЕ ВО ИЛИНДЕНСКИОТ ПЕРИОД

Во продолжение ќе се задржиме и  на  документите во кои се потврду­ваат проја­ви­те на македонско национално чувство кај илинденскиот војво­да Димитар Мирасчиев и неговиот соборец и другар четникот Јордан Анге­лов. И овие двајца истакнати илинденци, не само што се декла­рирале како Македонци (а не како Бугари), туку и отворено ги при­фа­тиле идеите на Крсте Мисирков, поради што дури биле и апсени од бугарската поли­ција во Софија, веднаш по трагичниот крај на Илин­ден­ското воста­ние. Од овој пери­од останало следново сведоштво од са­ми­от Анге­­лов:       

„Димитар Мирасчиев се зближи со Мисирков и обајцата се сог­ласија кон политичкиот автономен принцип за слободата на Маке­донија да се додаде националната и јазична автономија, преку за­почнување на издавање книги и весници на чист македонски јазик. Кон оваа идеја се приклонив и јас... Но, не поминаа ни два дена, кни­гата беше се уште в печат, во една прекрасна зимска ноќ, јас и Мирасчиев се најдовме по бели гаќи во софискиот затвор... Не нав­редуваа дека сме сепаратисти и неблагодарници за добрините што ни се направени за слободата на Македонија.“ (Поде­тал­но кај: Блаже Рис­товски: „Димитрија Чуповски 1878-1940“, Скопје, 1978).        

Значи, поради отвореното застапување на македонштината илин­­­ден­ците Димитар Мирасчиев и Јордан Ангелов биле уапсени од бу­гар­с­ката полиција некаде во декември 1903 година. По малтре­ти­ра­њата што ги доживеал во затворот, Ангелов вели дека си се вратил во Македонија, во родниот Прилеп.        

Дека Ангелов не бил осамен во своите идеи најдецидно зборува и неговата изјава дека македонската национална идеја што тој ја про­поведал толку им се допаднала на одговорните во Внатрешната орга­низација, што го поставиле за еден од нејзините раководи­тели:         

„Идејата на Мисирков не ме оставаше на мира. Со тројца верни другари започнав да го објавувам тајниот весник “Шило”,. Почнав да ги критикувам сите внатрешни недостатоци на Револуционер­ната организација. Не ги оставив на мира ни империјалистичките стре­межи на Србите, Буга­рите и Грците кон Македонија. Мојата прог­рама им се допадна на одговор­ните во Внатрешната револу­цио­нер­на организација и заради тоа ме поставија за раководител“. (Поде­тал­но кај: Блаже Ристовски: „Димитрија Чуповски 1878-1940“, Скопје, 1978, стр. 260-261).         

За македонското национално чувство на илинденскиот војвода Мирас­чиев и четникот Ангелов и за опасноста за бугарштината од вак­­вите идеи, постои и бугарски документ од тоа време. Се работи за едно тајно писмо од 1905 година од егзархискиот бугарски агент Ефтим Спространов до тогашниот бугарски премиер Рачо Петров, во кое го информира за т. н. „македон­ски сепаратизам“ и за македонското национално чувство на Мирас­чи­ев и Ангелов:          

„Во сегашните услови, господине министер-претседателе, кога македонското население е длабоко разочарано од Бугарија по повод нејзиното држење во Илинденското востание, јас лично сум убеден  дека сепаратизмот, што зафаќа во Македонија длабоки корени во масите, може да стане решителен фактор... Бездруго, народните маси со поголема радост ќе го прифатат гледиштето на маке­донските националисти, кои проповедаат Организацијата да се престори од револуционерна во еволуциона. Но овојпат таа нема да има други цели, освен преку добиената културна автономија за Македонија да ја јакне маке­дон­ска­та индивидуал­ност, преку созда­вање македонски културно-просве­тни устано­ви на македонски јазик и создавање македонска самостојна црква на чело со македонски патријарх... Кон македонските националисти во последно време  почнаа да се придружуваат и луѓето на Организацијата. Ако од тој аспект погледнете на проблемот, т.е. ако ја земете организа­циската и ударната сила  на Организацијата во служба на македон­ското национал­но движење, дури то­гаш во вистинска светлина се јавува опасноста за бугарското дело во Маке­до­ни­ја. Со сигурност знам дека кон македонските националисти веќе се прид­ру­жија маке­донските револуционери Димитар Мирасчиев, војводата и четни­кот Јордан Ангелов. По се изгледа наскоро ќе им се приклу­чат и не­кои од лиде­ри­те на Организацијата...“ (Подетално кај: Блаже Ристовски: „Портрети и процеси 1“,... стр. 77).         

Зарем се потребни уште докази во утврдувањето на вистината дека македонското национално чувство било широко распространето во времето околу Илинденскиот период, кога гледаме дека и самите бугарски документи го потврдуваат тоа? Сепак, ако ни ова не е до­волно, еве цитат од уште еден бугарски весник, во кој се потврдува пос­то­ењето на македонското национално чувство од тоа време. Се работи за статијата „Патриотизам или сепаратизам“, објавена во софис­киот весник „Свободно слово“  на 01. 06. 1905 година, во која меѓу другото се вели:          

„Ние се наоѓаме на почетокот на еден сепаратистички дух што се вее во редовите на Внатрешната организација. Таа што до­сега дејствуваше од името на целокупниот бугарски народ, денеска преку устата на своите претставници излегува и вели: ,,Меѓу нас и нив има огромна разлика. Ние нико­гаш не сме дејствувале за една бугарска Македонија и ќе ги тепаме бугар­ските чети исто како што ги тепаме српските и грчките,,... Прет­ставниците на Орга­низацијата наместо да се стремат да ја зачуваат бугар­­ската физи­о­но­мија на Македонија, самите го помагаат нејзиното обезли­чување.“

Ни македонските весници не ја запоставувале чистата маке­до­нска национална идеја на своите страници. Така, на пример, на 02. 07. 1905 година во весникот „Деб,р“, којшто рековме дека бил под влијание на Борис Сара­фов и објавувал и други написи во врска со посебноста на македон­скиот народ и македонскиот јазик, е објавена статија во која меѓу другото се вели:        

Една група Македонци ќе војува за автономијата на Македо­нија за Маке­дон­ците, за која цел наскоро ќе започнат да издаваат весник на маке­дон­ското наречје“.       

Во истата 1905 година Глигор Хаџиташков(иќ) во в. „Автономна Маке­дони­ја“ меѓу другото ќе напише:    „Македонија не е ни српска, ни бугарска, туку наша, македон­с­ка...Разни ко­ми­тети си ја продолжуваат работата, проповедаат по Македонија ср­би­зам, бугаризам и елинизам, ги вооружуваат Маке­донците едни против дру­­ги, брат против брата си, бидејќи првите велат дека Македонија е срп­ска, вторите дека е бугарска, а трети­те дека е грчка... Нашиот весник не про­­­по­веда идеи ни срп­ски, ни бу­гарски, туку македонски. Којшто има да рас­­­­­права за авто­номијата, тој треба да го прави тоа со Македонците и со никој друг“. 

adonsk

Војводата Димитар Мирасчиев (1872 – 1917) од Штип по Илинденското востание  бил уапсен во Софија заедно со четникот Јордан Ангелов заради  јавно искажаното македонско национално самосознание

 

На прво место

News image

ВМРО-ДПМНЕ има поддршка да формира Влада

Муцунски после завршената посета на Брисел: ВМРО-ДПМНЕ има поддршка да формира Влада која ќе го за...

Иселеници

News image

КРЕАТИВНОСТА МИ ЈА ПОЛНИ ДУШАТА

Разговор со Лара Мабеи која ја игра главната улога во „Баб...

Култура и туризам

News image

ИЗРАЕЛ - ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА (12)

ЕРУСАЛИМ - ГРАДОТ НА ВЕЧНОСТА

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (31) I ДЕЛ

МИТОЛОШКА И ТЕОНИМСКА ОНОМАСТИКА НА ПАНОНИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.