Среда, 18 Септември 2019   
Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлевски (22)

a 2

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлевски (22)

Во врска со аферата „Сина птица“, во која тогашната Служба за државна безбедност по осамостојувањето се обидува да ги „намести” припадници на ВМРО-ДПМНЕ да формират паравоена формација со цел во одредена фаза да се искомпромитира ВМРО ДПМНЕ како политичка партија, авторот на книгата „Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлевски“, Кире Кипроски во продолжение за состанокот за „Сина птица“, како истиот беше преставен во јавноста о каде е формирана МНГпишува: 

СОСТАНОК ЗА „СИНА ПТИЦА“

„Групата присутна во мотелот „Сина птица“ во Кочани, достави писмо со нивните потписи до „Нова  Македонија“, која го објави со следниов наслов: „Демистификација на состанокот во „Сина птица“. Со цел да се дополнат и разјаснат нештата околу видео-снимката, емитувана на МТВ, во јули 1992 година, за време на ТВ дуелот помеѓу Георгиевски и Величковски, го објавуваме нивното реагирање:

„На состанокот што беше одржан на 16 април 1992 година, меѓу група патриоти од Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, МВР и АРМ, беа изнесени поединечни мислења на секој присутен, во врска со состојбите во Македонија и се читаше записникот од претходниот состанок. Штурите соопштенија, разговори и видео-материјалот од тој состанок, се предмет на забуна во јавноста, под изговор дека тоа е невиден скандал. Забуната оди дотаму, што се запрашуваме дали е тоа исправно или неисправно.

За таа цел, се обезбедија само презентираните факти, разговори и снимениот видео-матерјал, а истовремено за нас ова е провиден маркетинг на ВМРО-ДПМНЕ или „евергрин“ на месецот.

Партијата ВМРО-ДПМНЕ за јавноста направи еден невиден скок во далечина, прескокнувајќи ја групата, која самоиницијативно се организираше за спас од неизлезната, неповолна состојба во Македонија.

Во врска со видеоматеријалот, прикажан на МТВ, се произнесоа само две страни: од МВР, Добри Величковски и од ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски. Во овие разговори, од двете страни, предмет на дискусија беа групата патриоти или, според Георгиевски само формално членови на партијата, кои понатаму во текот на разговорите се етикетирани како терористичка и паравоена формација. Од сето тоа, Љ.Г. не го интересира како се дошло до иницијативата, битно е нешто да стои на видеосликата, а за јавноста каде е суштината, останува недоречено. Но, суштината по секоја цена се прескокнува од страна на Љ. Г.

Ставот на Љубчо Георгиевски, дека во оваа организација има членови на некакви заштитни комитети е апсолутно неточен, неаргументиран. Тоа го демантираа во јавноста, сите присутни што присуствуваа на состанокот и тврдиме, дека не сме членови на некаков заштитен комитет. Такви клевети за нас, апсолутно се неточни.

Во прилог на вистината, тука во овие разговори се заобиколени главните актери, иницијатори, односно директните преговарачи со МВР и АРМ.

Господинот Љубчо Георгиевски, одбегнува да ги појасни мотивите, за формирање на оваа легална организација. Во јавноста, треба да се каже, дека формирањето на оваа група е иницирана, како резултат на неизвесната ситуација во Македонија и соопштението на Министерот за внатрешни работи, Љубомир Фрчковски. Идеите за покренување на иницијатива за формирање на ТМРО-МНГ, се базираа на изјавата на Љ. Фрчковски: „Спасувајте се сами“, а со оглед на фактичката состојба во тоа време! Тогаш јавноста, беше известена дека МВР не може да ја контролира ситуацијата во целост, бидејќи војничињата, сепак, одеа на боиштето во Хрватска. Таквиот апел го погоди чувствителниот македонски патриотски дух. Тоа беше црвено светло, за оваа група патриоти, кои самоиницијативно се организираа да дадат на почетокот, иницијатива за организиран отпор на евентуален надворешен и внатрешен непријател. Со оглед на тоа, дека ТМРО-МНГ внимаваше да не направи грешка, на споменатиот состанок беа остварени контакти со надлежните органи. Да се потсетиме, дека партијата ВМРО-ДПМНЕ не изнајде и не понуди оригинален модус за излезот од ваквата ситуација, туку ја презентираше само фактичката состојба во земјата. Сега, во врвот на ВМРО-ДПМНЕ, се создава политички скандал во јавноста. За нас, групата патриоти, исто така е провиден и неаргументиран во целост таквиот став. Тоа е невиден атак врз групата .Љубчо Георгеивски отиде- толку далеку со своите слободни импровизации, што од сето ова направи наивен маркетинг на ВМРО-ДПМНЕ. Тој го наметна прашањето за некаков тероризам, кој во понатамошниот тек, треба да се испита. Оваа наша група индивидуалци, секогаш била и ќе биде против тероризам. Ние сакаме да наметнеме и друго прашање, а тоа е дали Македонецот како патриот е терорист, ако изрази желба да се организира сам, за да се заштити од евентуалниот внатрешен и надворешен непријател, а далеку од тоа да работиме во илегала против законот?! Ние сме мирољубиви патриоти, кои дале иницијатива за формирање организација и тврдиме со полна одговорност, дека не сме извршиле никакви акции.

Акциите на Столе Јакимовски, немаат ништо заедничко со оваа група, бидејќи тие се од постар датум. Неговите акции, биле во врска со спасувањето на војничињата од касарните. Тоа е тврдење на Столе Јакимовски, од судскиот процес во Велес.

Иницијативата за формирање на организација е прекината уште на почетокот и некако резултат на прикажаната касета во јавноста, туку поради несогласувањата со претставникот на Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и неговите соработници.

Господинот Љубо Јовановски, не беше доволно убеден во искрените намери на целата група. Не ни беше јасна неговата врска со Задграничниот комитет, со Борис Змејковски и со Драган Богдановски, но и контактите со Службата за безбедност. Остана неразјаснета врската со поранешната организација ДООМ и со г. Димко Нечевски, кого ВМРО-ДПМНЕ во македонската јавност го нарекуваше комунистички шпион. Наведениот за координатор, важеше за непожелна личност во врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

Оправдувањето во јавноста на ВМРО- ДПМНЕ спрема Драган Богдановски, подоцна и спрема Љубо Јовановски, за нејзините членовите останаа загатка. Љубо Јовановски во дијаспората, бил секретар на поранешниот почесен претседател на ВМРО- ДПМНЕ. Сегашниот секретар на партиј-ата, Борче Змејковски, бил возач на Драган Богдановски. На јавноста, врвот на ВМРО-

ДПМНЕ, треба да и објасни, какви се повремените оградувања од некои членови на Задграничниот комитет, од кои постојано добиваат финансиски средства, а истовремено имаат соработка и посредување во Европа, со истите. Дали овие тројца, поранешни соработници, се и соработници на поранешната УДБА и КОС, како што ги нарекуваше врвот на ВМРО-ДПМНЕ, иако тројцата истовремено се основачи и иницијатори на истата партија.

Љубчо Георгиевски нека ги објасни посредувањата на Ристо Паргов, со емиграцијата во Париз. Дали Љубчо Георгиевски евентуално се огради и према него? За нас, сите овие наведени луѓе, пред се се Македонци. Љубчо Георгиевски час од нив се оградува, час со нив соработува.

На крајот, јавноста треба да знае, дека овие патриоти го испитаа пулсот на горе споменатите вмешани страни. По состанокот, ние се откажавме од иницијативата за формирање на организација. Со овие искажувања во јавноста треба да се расветли нашиот став и улога во споменатиот актуелен настан.

Се откажавме од иницијативата веднаш по состанокот, а сега се откажуваме од секаква соработка со било кој, па и со „врхушката“ на ВМРО-ДПМНЕ. Благодариме за душегрижништвото, од било која страна. Не сакаме да го нарушиме угледот на партијата, сакаме реално и рамноправно преку писмово, да ги изразиме нашите мислења и ставови.

Од групата присутни на состанокот во мотелот „Сина птица“: Блажо Тилев, Ацо Спасовски, Славчо Митевски, Трајче Крстевски, Благој Димитров, Илче Бојковски, Новица Арсовски и Аце Никодинов. “По ТВ дуелот Георгиевски-Величковски, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Борис Змејковски, на прес конференција, на 6 јули 1992 година, го ублажи револтот на членовите, Кои учествувале на состанокот на „Сина птица“ и притоа ќе констатира: „ СДБ се служи со перфидни подметнувања на членовите на партијата, со цел таа да биде дискредитирана и компромитирана во јавноста“.

ОДЛУКАТА ЗА „НАЦИОНАЛНА ВОЈСКА“ ДОНЕСЕНА ВО ХАМБУРГ

Задграничниот комитет на ВМРО- ДПМНЕ во Хамбург, Германија, на дводневниот состанок, одржан на 4 и 5 јануари 1992 година, донесол одлука за формирање на „ Национална војска“. Членовите на Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Европа, Љубо Јовановски од Брисел и Божо Манчев од Париз, биле назначени за главни координатори,за формирање на војска и за собирање на финансиски средства. Формирањето на војската, беше предвидено, само во случај на агресија врз Македонија и на нејзина повторна делба. На ова, второ по ред собрание на МЗК на ВМРО, присуствувале Манојил Мане Јаковлески, Ристо Паргов, д-р Жан Митрев, Бранко Георгиевски, Крсте Трајковски, Драги Богоевски, Ѓорѓи Личнов, Љубо Јовановски, Коле Џамбазовски, Славе Грујовски, Благоја Иванов, Блаже Јовановски, Коце Костов, Божин Манчев, Живко Стојановски, Ванчо Тасев и Ванчо Кузманов.

Драган Богдановски, тогаш беше разрешен од претседател на МЗК на ВМРО-ДПМНЕ, поради наводно неправилните и негативните изјави, што ги изнесол во врска со посетата на делегацијата на МЗК во Бугарија, а која била иницирана и организирана од негова страна. Исто така, членовите на МЗК за Берлин, на состанокот одржан на 31 октомври 1991 година, ги осудиле јавните настапи на Драган Богдановски и неговите „тенденциозни текстови“, објавени во медиумите во Македонија, за посетата и средбите на Љубчо Георгиевски во Торонто, Канада. На овој состанок, по разрешувањето на Драган Богдановски од функцијата, за претседател на Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, бил избран Манојил Јаковлески од Берлин.

Според соопштението на МВР, од 23.12.1992 година, Манојил Јаковлески заедно со Ристо Прангов, од Брисел, Белгија, воделе преговори со претставници од бугарската армија, за добивање воена помош на Македонија, со цел остварување на самостојноста. Притоа, им била понудена директна помош од 10.000 специјално обучени војници, за дејствување во Македонија, кои за меѓународната јавност би биле„ македонско-бугарски“ доброволци од Бугарија.“

(продолжува)

sinap

Факсимил на писмото од групата присутна во мотелот „Сина птица“, објавено во „Нова Македонија“

sinap2

sinap3

Факсимил од Зк на ВМРО-ДПМНЕ за формирање на „национална војска“

 

На прво место

News image

ВМРО-ДПМНЕ има поддршка да формира Влада

Муцунски после завршената посета на Брисел: ВМРО-ДПМНЕ има поддршка да формира Влада која ќе го за...

Иселеници

News image

КРЕАТИВНОСТА МИ ЈА ПОЛНИ ДУШАТА

Разговор со Лара Мабеи која ја игра главната улога во „Баб...

Култура и туризам

News image

ИЗРАЕЛ - ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА (12)

ЕРУСАЛИМ - ГРАДОТ НА ВЕЧНОСТА

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (31) I ДЕЛ

МИТОЛОШКА И ТЕОНИМСКА ОНОМАСТИКА НА ПАНОНИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.