Среда, 25 Септември 2019   
МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО САМОСОЗНАНИЕ ВО ИЛИНДЕНСКИОТ ПЕРИОД (7 дел)

Donski111Александар ДОНСКИ

(Посветено на академик Блаже Ристовски)

МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ДЕЈНОСТ НА МИСИРКОВ И ЧУПОВСКИ ВО ИЛИНДЕНСКИОТ ПЕРИОД 

За македонските национални пројави и за нивната опасност за бугарштината сведочи и писмото на скопскиот егзархиски намесник Неофит упатено до бугарскиот егзарх на 20.06.1910 година:

 „Тој господин Крсте Мисирков на својот роднина му искажал во пис­мото желба да се врати во Македонија, поточно да дојде во Скопје штом ќе се ослободи Македонија. Сакал човекот да биде про­фесор на скопски универзитет(?!). Ако е тоа вистина, а нема зош­то да ме лажат, тогаш сами­от заклучете каква опасност и претстои на бугарштината во овие исто­риски времиња. Замислете си да се здружат заедно мисирковштината на господинот Крсте, сепаратизмот на Неговоро Високопреосвеш­тенст­во Теодосија и автономизмот на господинот Петар Попарсов!“

Дека ова писмо не било случајно, сведочи фактот што во тоа вре­ме и навистина се подготвувало враќање на митрополитот Теодо­сија во Скопје, каде што, заедно со Крсте Мисирков и Петар Попар­сов, тре­бало да следи отворање на првата Висока педагошка школа во Ма­ке­донија,во која наставата требало да се следи на македонски ја­зик.

 Да го спомнеме и Македонското научно-литературно другарство, формирано уште во 1902 година во Санкт-Петербург и неговата чиста македонска нацио­­нална. Тие сосема јасно се залагале за самостојна држава Ма­ке­­­донија со македонска нација и со посебен македонски литера­турен јазик и самостојна црква. На чело на ова Другарство бил најис­так­натиот македонски национален деец од тие времиња Димитрија Чу­повски (заедно со Мисирков и со други истомисленици, меѓу кои и: Г. Константинович, Н. Ничота, А. Димов, П. Ќулафковски, А. Џоло­виќ и други). 

Но, кога зборуваме за илинденци и за членови на ТМОРО, кои јасно се декларирале како Македонци, како таков секако дека треба да го спомнеме и самиот Димитрија Чуповски, кој исто така бил член на ТМОРО. Како член на ТМОРО, Чуповски уште во 1895 година бил и уапсен од турската власт. Меѓутоа, успеал да избега и, по совет од Организацијата,з аминал за Србија,а оттаму и во Русија. Еве што напишал самиот Димитрија Чуповски:

Во ова епско време од историјата на Македонската револуција, мене не ми се даде можност долго да работам внатре во земјата, бидејќи добро сум им бил познат на турските агенти како активен пропагандист за ослободувањето на Македонија. Затоа, по моето доаѓање во татковината било организирано и мое надгледување. Наскоро дојде до моето затворање. Претстоеше суд, затвор, па за да ги одбегнам последниве, јас организирав мое бегство. По совет на Организацијата се вратив назад во Србија“.

За ставовите на Чуповски кон Македонија и кон македон­ското прашање децидно зборува неговата изјава:

Во ова време односите на официјална Србија спрема Маке­дон­ците се влошија. Со развивањето на дејноста на Револуционерниот маке­донски комитет, империјалистичките влади на Србија, Буга­рија и Грција почнаа непријателски да се однесуваат спрема Маке­донците... Поради тоа Македонците беа принудени да водат борба на четири фронта - против Турците, Србите, Грците и Бугарите...“

Ова е само една од многубројните македонски национални арти­кулации на Чуповски и на неговите истомисленици.

Конечно, секретарот на Македонското научно-литературно дру­­гар­ството Милан Стоилов од Кукуш (1881-1903) и самиот загинал како учесник во Илинденското востание, што значи дека и тој бил илинденец, кој себеси сосема јасно се декларирал како Македонец. (Подетално за активноста на МНЛД да се види во книгите: „Ди­митрија Чуповски (1878-1940)“ и „Македонското научно-литера­турно другарство во Петроград“ (1-2, Скопје, 1978) и „Димитрија Чуповски и македонската национална свест“ (Скопје, 1996) од д-р Блаже Рис­тов­ски.

Учесник во Илинденското востание, кој се декларирал како Ма­ке­донец, е и македонскиот национален деец Филип Николовски, исто така член на МНЛД во Петербург. Во 1904 година тој во Петер­бург подготвил реферат под наслов: „Кои причини ги тераат Русите и воопшто патешествениците да ги мешаат Македонските Сло­вени со Србите и со Бугарите“, што доволно зборува за неговата нацио­нална определба. Освен тоа, Филип Николовски се јавува како сора­бот­ник и во списанието „Вардар“ (1905) на Крсте Мисирков, каде што објавува записи на македонски народни песни.

Посредни допири со МНЛД имал и познатиот илинденски војвода Пандо Кљашев.

Некои пропагандисти велат дека и Крсте Мисир­ков пред крајот на својот живот наводно сеоткажал“ од македон­штината и како „доказ“  за ова даваат некои негови наводни пробугар­ски изјави. Да го об­јасниме и ова.

Точно е дека Мисирков дал слични изјави и во Русија и во Буга­рија, но во време критично за целоста и судбината на неговата татко­вина Македонија, кога ја загрозувало поделба од соседите, или пак кога бил изложен под неверојатен притисок од страна на големо­бугарските шовинисти, кои секаде каде што можеле го навредувале и напаѓале, па дури и му се заканувале со смрт. Но Мисирков не бил толку плашлив човек, уште многу млад го заложил животот на жрт­веникот на својот народ, па фактички никогаш не се откажал од македонската национална идеја. Најдобар доказ е фактот што и кога ги дал тие изјави, продолжил да објавува статии со теми поврзани со македонската национална  посебност, но потпишан под псевдоним (Пелски)! Доказ за ова не се само неговите статии во списанието „Ма­ке­донскиј голос“ („Македонски глас“) објавени во 1914 година под псев­доним, туку и Меморандумот до рускиот министер за надворешни работи на Русија од 14 август истата година потпишан од Д. Чуповски и К. Мисирков, каде што опширно се образлага историјата на маке­дон­ската националноослободителна борба и развитокот на маке­донската национална мисла. Исто така треба да се има предвид дека и непос­редно пред својата смрт (1925-1926), кога и во софискиот печат ги објави своите тестаментални статии, како што пишува д-р Рис­товски, тој тајно, под истиот псевдоним Пелски, соработувал во виен­­­скиот весни­к на македонските федералисти „Македонско созна­ние“. Вака објавените статии под псевдоним, во илегала, многу повеќе збо­руваат за неговите вистински идеи, отколку некои јавно дадени изну­дени пробугарски изјави, дадени  во околности на загрозеност на неговиот живот во Бугарија.

Конечно, мнозина денешни овдешни бугаромани, сосема друго зборуваа во времето на Титова Југосла­вија, а некои од нив дури беа и истакнати експоненти на марксизмот и југосло­венското самоуп­раву­вање. Со ова не сакам да ги „навредувам“ што тие преку ноќ си ја „сме­ниле капата“, па од „југословенски самоуправни пат­риоти“ и станале „бугарски патриоти“ и бугаромани, туку дека едноставно во времето на таа Југославија морале така да си ја заштитуваат својата работа, семејството и сл.

Сличен е случајот и со Мисирков. Дури и кога бил принуден да дава привидно пробугарски изјави, тој смело под псевдоним, изложен и на опасноста да биде откриен и репресиран или ликвидиран, про­должил континуирано да пишува македонски национални тексто­ви. Овој факт има далеку поголема тежина,отколку она што, во одре­дени моменти од својот живот и заради судбината на татковината, бил принуден јавно да го декларира. (ПРОДОЛЖУВА)

cuposkiДимитрија Чуповски (1878 – 1940): Македонците беа принудени да водат борба на четири фронта - против Турците, Србите, Грците и Бугарите

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски: На денешен ден, пред точно 22 години згасна животот на Драган Богдановски

Христијан Мицкоски: На денешен ден, пред точно 22 години згасна животот на Драган Богдановски, но ...

Историја

News image

Како братот на Манданата, Мито, бил избркан од Бугарите во 1941

Како братот на Манданата, Мито, бил избркан од Бугарите во 1941: Што си дошол, ти си се борел за М...

Иселеници

News image

Одржана свечената Академија за Браќата Свети Кирил и Методи во Сиднеј

Одржана свечената Академија за Браќата Свети Кирил и Метод...

Култура и туризам

News image

ВО ЧЕТВРТОК НА 28 МАЈ Е ГОЛЕМИОТ ГОСПОДОВ ПРАЗНИК СПАСОВДЕН. ЗА МНОГУ ГОДИНИ

ВО ЧЕТВРТОК НА 28 МАЈ Е ГОЛЕМИОТ ГОСПОДОВ ПРАЗНИК СПАСОВДЕН. ЗА МНОГУ ГОДИНИ.

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (22)

ФЛЕГИЈЦИТЕ НА БЕОТИЈА И НА ТЕСАЛИЈА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.