Среда, 16 Октомври 2019   
МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО САМОСОЗНАНИЕ ВО ИЛИНДЕНСКИОТ ПЕРИОД (10 дел)

Donski111Александар ДОНСКИ

(Посветено на академик Блаже Ристовски)

БУГАРСКИОТ ЦАР ФЕРДИНАНД ПРИЗНАЛ ДЕКА МАКЕДОНЦИТЕ НЕ СЕ НИ БУГАРИ НИ СРБИ!

Освен досега наведените, во и околу Илинденскиот период, имало  други  пројави на  маке­дон­ски национални артикулации, но нивното целосно презен­тирање би ни одзело премногу простор. Сепак,  како капак на сето ова ќе ја ци­тираме изјавата од самиот бугарски кнез Фердинанд, кој, во врска со националната посебност на Македонците, во Цари­град изјавил:

Јас многу добро знам дека Македонија е главната пречка за искрено спогодување и братски живот помеѓу Србија и Бугарија... Во Македонија глав­ната маса на населението не се ни Срби, ни Бугари, туку Словени и хрис­ти­јани. Словени што зборуваат јазик еднакво оддалечен и еднакво близок и на бугарскиот и на српскиот јазик, но јазик што е посебен дија­лект, ако не и посебен јазик“.

(„Историја на македонскиот народ“, книга 2, Скопје, 1969, стр. 212, преземено од автентични документи).

Без разлика што Македонците Фердинанд ги нарекол како чисти „Словени“ и христијани, од извонредно значење е фактот што тој јасно ги одде­лува како посебна нација од Бугарите и од Србите, а истото го вели и за маке­донс­киот јазик.

За македонската национална посебност околу Илинденскиот пе­риод имало и други бројни странски сведоштва. Така, на пример, рус­киот професор П. А. Лавров во 1900/1901 година го вовел македон­ски­от јазик како посебен предмет на Петербуршкиот историско-фи­ло­лошки факултет.

Романскиот учен Замфир Абуре, во својата статија посветена на Борис Сарафов, под наслов „Борис Сарафов си Мацедониа“, објавена во Бу­курешт (1901 година) напишал дека македонскиот јазик е засебен ја­зик, кој претставувал директен наследник на јазикот на светите Ки­рил и Методија. Овде читаме:

„Јазикот на Македонците е единствен од сите словенски дија­лек­ти кој може да биде сметан за директен наследник на словен­с­ки­от јазик на Кирил и Методија и како таков, овој јазик во себе е не­зависен и во се е автономен“.

Виенскиот весник “Die Zeit” (01.10.1903) пишува дека Маке­дон­ците биле засебен народ и дека не барале ништо повеќе од тоа што го имале Бугарите, Грците и Србите. Овде читаме:

 „Во Македонија се работи за еден народ кој го користи пра­вото за самоопределување, она право кое ја измени темелно кар­тата на Европа во 19 век... Македонците всушност не бараат ниш­то друго, туку навистина многу помалку од она што го оствариле пред нив Грците, Србите, Бугарите...“

Во 1903 година и Полјакот Ромуалд Пжевалски пишувал за ст­ре­­межот на Македонците да го одделат својот јазик од бугарскиот, а пишувал и за засебноста на Македонците. Во списанието „Славјански век“ кое излегувало во Виена во бројот 67  (15. 09.1903) Пжевалски, по­меѓу другото, запишал:

 „Слобода или смрт - таква е девизата на Македонските Сло­ве­ни во борбата со денешниот непријател – поробител“.

 Во бројот 71 од истото списание (ноември, 1903), тој напишал:

 „Би можело да се каже дека морални сојузници на Македонски­те Словени би требало да бидат Бугарите и Србите, но тие во тоа време го решавале важното прашање: кому каков дел ќе му при­падне од Македонија“.

Во словенечкиот град Цеље на 01.06.1903 година бил одржан протестен собир во врска со настаните во Хрватска и Македонија. Во Декларацијата што притоа била прочитана во однос на Македонија, повторно Македонците се спомнати како засебен народ  (Д-р Василиј Мелик: „Словенците за Македонија и за Југословен­ско­то прашање во 1903 година“ во: „Илинден 1903“, ИНИ, Скопје, 1970 стр.  414). Овде читаме:

Неправдите што се прават од страна на Турците над маке­донските христијански Словени, се нечуени... Од Австрија и Русија предлаганите реорганизации, чија цел беше да им се олесни на Македонците барем делумно нивната незавидна положба, останаа без­успешни. Бидејќи турската влада не е во можност човечки да владее над христијаните, единственото решение за Македонците го гледаме во нивното целосно ослободување од турскиот јарем. Значи, изразуаме желби велесилите, меѓу нив и Австрија, да влијаат на тоа Македонија да стане независна“.

 Грчки сведоштва за посебноста на Македонцит

Да спомнеме и неколку тогашни грчки сведоштва за засеб­носта на Македонците.          

Во март 1904 година Павлос Мелас, кој бил грчки артилериски пот­­поручник, а воедно раководител и организатор на андартското дви­­­­­­жење во Македонија, ги посетил македонските села Габреш, Чер­но­­вишта, Руља, Бирма, Желево и Оровник. За посетата на селото Ру­ља во своите Спомени објавени во 1926 година го дал следново све­доштво:

„Сите заедно го посетивме училиштето. Учителот зборува доста лошо грчки. Тој ги натера децата да запеат. Не разбравме дали јазикот беше македонски или грчки... Научив и малку македонски зборови и ги кажувам на жените, на мајките особено...   

Анонимен грчки автор во делото „Историја на македонската бор­ба“ (Атина, 190:, стр. 10), пишувал за активноста на Гоце Делчев и за неговото залагање  Македонија да биде на Македонците. Овде чи­таме:

„Делчев, обиколувајќи ги селата им препорачувал на села­ните: “Вие кога ќе го слушнете сигналот на востанието, нема да правете ништо друго, освен да ги земите своите пушки и да дојдете со нас. Ќе ја раздвижиме Македонија, таа ќе биде окупирана од големите сили и тие ќе ни ја дадат слободата. Лозинката на нашата борба ќе биде: Македонија на Македонците!”

(Цитирано спосед Хрис­то Ан­доновски: „Илинден во некои дела на грчката историографија“, во: „Илинден“, ИНИ, Скопје, 1970!

Грчкиот историчар Кордатос во своето дело  „Исто­рија на сов­ре­мена Грција“ (Атина 1950, стр. 42, цит. според Хрис­то Андонов­ски... стр. 360), во врска со настаните околу Илин­денското востание, конк­рет­но околу целите на Македонската револуционерна организа­ција, пишува:

„Таа (ВМРО, з. м.) имала пошироки цели. Нејзините создавачи биле визионери на една независна македонска држава, во која би владеел принципот на рамноправност, а нивна девиза била: Маке­донија на Македонците!“

 Во продолжение авторот Кордатос пишува и дека ВМРО вооп­што не била под влијание на бугарската  влада.

Гркот Периклис Аргиропулос дури се заложил и за  автономија на Македонија во времето околу Илинденското востание. Во него­вите Мемоари, под наслов: „Македонската борба” (Солун, 1957 годи­на, стр. 11, цит. според Христо Андоновски... стр. 361), читаме:

„Автономијата (на Македонија,з.м.) под меѓународна контрола има многу предности. Ќе ни ја осигура работата во услови на ре­ла­тивна сигурност. Едната или другата политика ќе ни ја наложат настаните и не смееме начелно да ја одбиеме автоно­мијата“.

(ПРОДОЛЖУВА).

 

На прво место

News image

Игор Јанушев шеф на Републичкиот изборен штаб

Генералниот секретар Игор Јанушев ќе биде шеф на Републичкиот изборен штаб на претстојните предвре...

Историја

News image

ПОТЕКЛОТО НА МАКЕДОНСКИОТ И ЈАЗИКОТ НА НАШИТЕ СОСЕДИ

ПОТЕКЛОТО НА МАКЕДОНСКИОТ И ЈАЗИКОТ НА НАШИТЕ СОСЕДИ

Иселеници

Култура и туризам

News image

ЛИЧНОСТИ ОД ПРЕСПА: АМБАСАДОРОТ РИСТО НИКОВСКИ ОД РЕСЕН – ГЛАСНОГОВОРНИК ЗА МАКЕДОНИЈА (10)

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ПРЕСПА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (35)

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА АНТИЧКИОТ МИТОЛОШКИ СИСТЕМ НА БАЛКАНОТ – I ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.