Среда, 30 Октомври 2019   
МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО САМОСОЗНАНИЕ ВО ИЛИНДЕНСКИОТ ПЕРИОД (12 дел)

Donski111Александар ДОНСКИ

(Посветено на академик Блаже Ристовски)

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ОКУПИРАНИТЕ ДЕЛОВИ КОРИСТЕЛЕ РАЗЛИЧНИ МАСКИРНИ ТЕРМИНИ ЗА ИМЕНУВАЊЕТО НА НАШИОТ НАРОД

          Употребата на терминот „Бугари“ за сите припадници на Бугарската егзархија се потврдува и со фактот што во Илинденското воста­ние учествувале претежно Македонците-егзархисти. Поради тоа, во многу случаи, била честа употребата на терминот „Бугари“ (како „егзар­хиски“ термин) за македонските револуционери-егзархисти.

           Меѓутоа, овој податок бугарски­те пропагандисти побр­заа да го искривоколчат и да го искористат како „доказ“ дека сите Македонци во минатото се декларирале „Бугари“, заборавајќи ги при­тоа многу­број­ните Македонци-патријаршисти, Македонци-мусли­ма­ни, Македон­ци-припадници на Српската црква,  Македонци-унијати и други, кои то­гаш, поради тоа што не припаѓале кон Егзархијата,  вооп­што не би­ле нарекувани „Бугари“.

          Така треба да се толкуваат и отоманските документи од периодот на Илинденското востание во кои нашиот народ е запишуван како „Бу­гари“. Во периодот на Отоманската империја, од аспект на отоманската власт, нациите воопшто не играле таква улога како вероисповедите. Та­ка, на пример, како „Бугари“ биле нарекувани сите припадници на Бу­гарската егзархија, како „Грци“ сите патријаршисти, а како „Срби“ си­те припадници на Српската црква, без разлика што и едните и другите и третите припаѓале на ист Македонски народ.

          Меѓутоа, денес сите овие странски пропаганди се повикуваат токму на ваквите црковни детерминирања за да докажат дека во Маке­донија живееле Бугари, Грци  или Срби.

           2.. Маскирна употреба на терминот  “Бугари”. 

           Македонците, поради страв или едноставно поради прагматични причини, во држа­вите во кои биле прогонувани, не смеејќи да го користат етно­ни­мот Македонци, користеле разни маскирни имиња.

          За да го објасниме ова, ќе ги приложиме след­ниве факти.

         Во времето на српската окупација на Македонија, во крал­­­ска Ју­го­славија во 1935 година Македонците студенти во Загреб фор­мирале свое друштво „Вардар“. Во рамките на ова Друштво по две го­дини тие објавиле весник под наслов „Наш весник“. Во него биле об­јавени текст­ови и други прилози што исклучиво се однесувале за Маке­донија и за Македонците. Автори биле тогашните истакнати ма­ке­донски нацио­нални дејци: Кочо Рацин, Никола Џумуров, Христо Поп­симов, Лазар Личеноски, Димитар Ѓузелов, Александар Линин и други.

         Меѓутоа, поради добро познатите причини, во ниту една од ста­тиите не се спомнати термините: Македонија, Македонци, Македонски народ и сл. Тоа е сосема разбирливо, ако се знае дека тоа е времето кога во Југославија беснеел страшен терор против Маке­дон­ци­те. Тоа е времето од само неколку години по убиството на кралот Алек­сандар, кога секакво спомнување на овие термини можело да има сериозни последици врз авторот. Затоа, во замена за термините Македонија, Македонски народ и сл., во овие статии се употребени компромисните (маскирни) термини: Повардарие, повардарци, повар­дарски и сл. Дури и повеќето текстови се напишани на чист српски јазик (освен неколкуте лични и народни творби). Сепак, и покрај ваквото компро­мисно и маскирно детерминирање на Македонците, и покрај српскиот јазик во статиите, „Наш Весник“  веднаш бил забранет од страна на големосрпскиот режим и тоа веднаш по излегувањето на првиот број.

          Значи, во „Наш Весник“ познатите македонски национални дејци (заради наведените причини) себеси се детерминирале како „повар­дарци“! Па, зарем тоа значи дека тие и навистина национално се чувствувале како „повардарци“? Зарем и другите Македонци се „повардарци“, само затоа што во весникот така биле наречени Македонците? Кој нормален мо­же и да помисли такво нешто?

           Ист е случајот и со Македонците од егејскиот дел на Маке­до­нија. Таму, дури и денес се уште е забранета јавната употреба на етничкиот термин Македонци. Поради тоа, кога нашиот народ сака да ги потенцира своите национални разлики во однос на Грците, во замена за терминот Македонци, за себе го употребува компромис­ниот и маскирен термин  „ендопи“ (што значи: „тукашни“).

           Наполно иста била  состојбата и со добар дел од Македонците во Бугарија. И тие не смееле секогаш  да го употребуваат терминот Македонци (а слично е дури и денес во Бугарија), па надевајќи се дека нема да имаат проблеми со тогашната бугарска влада, го користеле главно компромисниот и маскирен термин “македонски Бугари“, иако содржи­ните на нивните статии биле со чиста македонска национална ориен­тација.

          Овде секако дека треба да се смета и доброволната употреба на терминот „Бугари“ од прагматични причини. Имено, за да зара­ботуваат за леб, мнозина Македонци од тоа време работеле во бугар­ските служби. Сакале или не, тие требало да се декларираат какао „Бугари“, исто како што и сегашните македонски големо­бугарски про­паган­дис­ти во Македонија за време Југославија, сакале или не, беа „Југословени“ и, на пример, при слу­же­ње­то на воениот рок во ЈНА се колнеа на верност кон самоуправна и социјалистичка Југославија, па дури (според заклет­вата) велеа дека и животот  ќе го дадат за неа. И за нив во иднина, врз основа на доку­ментите што ги оставиле зад себе некој можеби ќе тврди дека тие биле фанатични „Југословени“.

          Ист е случајот и со македонските  револуционери, кои поради сво­­јата работа во бугарските служби, морале да се декларираат како „Бугари“.         Значи, декларирањето паѓа во втор план, во однос  на дејанијата. Инаку како да се објасни фактот што некои македонски револу­цио­нери, од една страна пишувале дека се „македонски Бугари“, а од друга правеле низа антибугарски дејства, поради кои биле жестоко крити­кувани, прогонувани и апсени во самата Бугарија?

           Впрочем, за неможноста отворено да се дејствува и да се пишу­ва за македонската национална кауза во Бугарија, сведочеле и бројни тогашни македонски национални дејци. Познати се прогоните на Ма­кедонците од времето на бугарскиот премиер Стамболов во 19 век, а овде ќе наведеме и една изјава на Стефан Дедов, кој во 1903 година, откако бил теран да објави книга со македонска нацио­нал­на идеологија во Софија,  кратко одговорил: „Немам пари, а и овде не може се да се пишува јавно!“ (Подетално кај: Блаже Ристовски: „Крсте П. Мисирков“, цит. дело, стр. 248).

            Во прилог на ова зборува и спомнатата изјава од бугарскиот редак­тор Николов, во која тврди дека Македонците се правеле блис­ки и до Србите и до Бугарите се  додека не се ослободат, по што тие ќе им кажеле збогум и на едните и на другите.

            Овде спаѓаат и одредени молби и барања што обичните Маке­донци ги испраќале до високите органи на бугарската влада (како, на при­мер: молби да се интервенира кај Турците за да пушти од затвор некој затворен роднина на молителот; да се најде место за живеење во Бугарија на молителот, кој сака таму да емигрира; да се запише мо­лителот во некое од бугарските училишта и сл.). Повеќе од јасно е дека во сите овие документи молителите морале да се декларираат како „Бугари“ за да го добијат она што го бараат. Слично биле прину­дени да прават и Македонците во Србија и во Грција, па и подоцна во Југославија. (КРАЈ)

 

На прво место

News image

Игор Јанушев шеф на Републичкиот изборен штаб

Генералниот секретар Игор Јанушев ќе биде шеф на Републичкиот изборен штаб на претстојните предвре...

Историја

News image

ПОТЕКЛОТО НА МАКЕДОНСКИОТ И ЈАЗИКОТ НА НАШИТЕ СОСЕДИ

ПОТЕКЛОТО НА МАКЕДОНСКИОТ И ЈАЗИКОТ НА НАШИТЕ СОСЕДИ

Иселеници

Култура и туризам

News image

ЛИЧНОСТИ ОД ПРЕСПА: АМБАСАДОРОТ РИСТО НИКОВСКИ ОД РЕСЕН – ГЛАСНОГОВОРНИК ЗА МАКЕДОНИЈА (10)

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ПРЕСПА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (35)

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА АНТИЧКИОТ МИТОЛОШКИ СИСТЕМ НА БАЛКАНОТ – I ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.