Среда, 04 Декември 2019   
Неканонското укинување на Охридската архиепископија од страна на турскиот султан

povardarskiМИТРОПОЛИТ ПОВАРДАРСКИ

Неканонското укинување на Охридската архиепископија од страна на турскиот султан

Цариградската патријаршија лукаво ја искористила немаштијата и немоќта на Македонската православна црква и настојувала пред Високата Порта да докаже дека единствено таа може да ги врати долговите на Охридската архиепископија, доколку оваа биде укината и приклучена кон неа. Дури успеала да постави и свој човек, Ананиј, на чело на Македонската православна црква. Но, македонските епископи, со цел да ја сочуваат автокефалноста на Архиепископијата, не го прифатиле Ананиј и на негово место, на својот редовен архијерејски собор за архиепископ го избрале Пелагонискиот митрополит Арсениј, Македонец, што ќе биде и последен македонски архиепископ до укинувањето на Архиепископијата со султанското иреде.

Тогашниот цариградски патријарх Самоил решил да ì зададе конечен удар на Македонската православна црква, односно Охридската архиепископија. Ја убедил турската власт дека македонските архиереи се непријатели на турската империја и побарал власта во Цариград да го повика Арсениј во врска со долговите на Архиепископијата. Таму Арсениј, под притисок на турската власт, дал писмена оставка на 17 мај 1767 година. Со неговата оставка е укината Охридската архиепископија - Македонската православна црква. Патријархот Самоил со помош на влијателни Грци и Турци издејствувал султанско иреде, со кое била укината Македонската православна црква, а нејзините епархии се присоединиле кон Цариградската патријаршија. Султанското иреде забранувало да се примат какви и да е жалби против укинувањето на Архиепископијата, а со тоа биле оневозможени протестите од секој вид. На крајот демонската лукавост и алчност на Грците победила, со што на православието воопшто му бил нанесен тежок пораз, со несогледливи последици во вековите што претстојат.

Длабокото и сестрано христијанизирање на македонскиот народ и неговото духовно и културно издигнување преку апостолската дејност на славната и древна Охридска архиепископија, заснована врз мисионерското дело на светиот наш духовен отец и учител Климент Охридски, родила многубројни благородни плодови. Светите евангелски вистини ги просветувале и осветувале нашите далечни дедовци и прадедовци, ги облагородиле нивните души и срца, а истовремено вдахновувале многубројни и благоверни творци за создавање духовни и уметнички вредности ширум нашата света татковина Македонија. Како резултат на тоа постојат и многуте наши цркви во градовите и селата и безбројните манастири и манастирски цркви, изградени на најживописни места, покрај бреговите на нашите езера и реки, во нашите планини и рамнини.
Особена убавина и привлечност преставуваат немалиот број пештерни цркви и манастири. Сите тие се преполни со фрески и икони од нашите врвни мајстори, чии ремек-дела предизвикуваат восхит и кај најголемите познавачи на средновековната уметност. Голем број од нив се на страниците на светските уметнички енциклопедии. Нашата резба, која ги украсува црквите, била негувана повеќе векови, а таа својот врв го достигнува при крајот на XVIII и во првата половина на XIX век. Резбата во скопската црква „Свети Спас” во манастирите „Свети Јован Бигорски”, „Свети Гаврил Лесновски” се врвен домет во светското резбарство. Ова наше црковно-народно творештво продолжувало со векови, а продолжува и денес.

Православниот Македонец бил градител на великолепни цркви и манстирски конаци, кои денес, по осамостојувањето на Македонија повторно се полнат со благочестиви монаси и монахини, кои целосно му го посветуваат својот живот на својот Спасител и Господ Исус Христос. Тие и тогаш, но и сега се нашите учители на вера и родољубие. Тие ја пазеле и запазиле светата порака на основоположникот на Светата Македонска православна црква, ги запазиле светите евангелски вистини и основните христијански принципи, за доследен и доблестен христијански живот. Затоа е толку и силна љубовта на народот кон црквите и манастирите, кон свештенството и монаштвото. Затоа тој и денес ги чува и обновува старите и гради нови светилишта, особено во текот на овој наш слободен и преродбенски период.

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски- Македонскиот јазик постои, тој е посебен и им припаѓа на Македонците

Христијан Мицкоски- Македонскиот јазик постои, тој е посебен и им припаѓа на Македонците

Историја

News image

Македонскиот етнос и етногенезата на Македонските династии

Краток опис на античката историјата за Македонија и нејзиното име

Иселеници

News image

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против законот за јазици

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против зако...

Култура и туризам

News image

Брсјаци и Мијаци

Брсјаци и Мијаци, двете најсочувани племиња на нашата територија, вечните ривали но сепак најдобри...

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (39)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -III ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.