Среда, 04 Декември 2019   
Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

1 4

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Мане Јаковлевски во текот на својот живот имал бројни средби со многу истакнати личности во земјата и странство. Средбите со политичарите, академиците, докторите, уметниците, спортистите, обичните луѓе и т.н. биле исполнети со низа доживувања и незаборавни разговори кои оставиле кај него бројни спомени за кои со задоволство се потсетува. Во убава атмосфера создадена во друштво со неговите пријатели, во моментите на опуштеност, тој често знае да ги сподели своите доживувања  со своите пријатели.

Мане Јаковлевски со задоволство се сеќава и раскажува за дружењето со академик, проф. д-р Никола Кљусев, првиот премиер на експертската Влада на Република Македонија, со кого споделуваа идентични погледи за иднината на македонската држава,

Еден од настаните за кој со задоволство се потсетува е з присуството на македонска делегација на роденденската прослава на австрискиот надвојвода Ото Фон Хабсбург, синот последниот авструнгарски цар. Во монографијата „Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески“, авторот Киро Кипровски бележејќи ги сеќавањата на Мане Јаковлевски за овој настан ќе забележи:

величенствен прием кај ото фон хабсбург

oto1со славеникот Ото Фон Хабсбург македонската делегација Манојил Јаковлески, Љубчо Георгиевски, Никола Кљусев и Мартин Треневски

„Делегација од ВМРО-ДПМНЕ, предводена од претседателот Љубчо Георгиевски, во чиј состав беа: д-р Никола Кљусев-претседател на Советот на интелектуалци на ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Треневски-претседател на Комисијата за соработка со дијаспората, Манојил Јаковлески-претседател на Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Томислав Лукарев, д-р Иван Минев и Дончо Панов – членови на ЗК, беше почестена да присуствува на одблежувањето на 85 – тиот роденден на Неговото царско височество, д-р Ото Фон Хабзбург. Приемот беше организиран во манастирскиот комплекс Клостер Андекс, оддалечен околу 80 километри од Минхен, Германија.

- „ Сите сали беа исполнети со значајни гости од царски семејства, од политичкиот и општествениот живот на Германија. Славеникот, Ото Фон Хабзбург, на македонската делегација и приреди посебна чест. Минувајќи низ шпалирот гости, за да стигне на говорницата, кога не здогледа, со раката покажа кон нас и им се обрати на присутните: „Овие се нашите пријатели од ВМРО-ДПМНЕ Македонија, никогаш да не ги заборавите“. По обраќањето, г. Ото дојде меѓу нас на разговор и го повика неговото семејство, сопругата, синот и ќерките, да не запознае. Не претстави, и притоа им рече да не не заборават, да ја продолжат соработката. „За овој незаборавен и величенствен царски прием, некои спомени и доживувања“, со гордост ни раскажуваше Манојил.

otoНикола Кљусев, Ото Фон Хабсбург, Манојил Јаковлески, Љубчо Геотгиевски ...

Пиво на метро

Манојил, како добар организатор и домаќин, секогаш настојуваше, во рамките на можностите и условите, на гостите кои доаѓаа во Германија, да им ги исполни желбите, а посебно на ВИП-гостите.

По приемот кај Ото Фон Хабсбург, претседателот Георгиевски посакал да појдат во некој пристоен ресторан, да се напијат пиво. Манојил ги однесол во ресторан, со традиционален баварски амбиент. Кога влегувале во ресторанот, ги пречекал вработен во баварска носија, а од внатре одекнувале звуци што ги создавал оркестарот, кој во живо исполнувал баварска музика. Келнерите биле облечени во традиционална, баварска носија. Сите членови од македонската делегација, биле импресионирани од ресторанот.

- „ Келнерот дојде, да не праша што ќе пиеме. Ние веќе ги имавме усогласено желбите и рековме дека ќе пиеме баварско пиво. На келнерот му реков, да ни донесе седум кригли со баварско пиво. Неговиот одговор беше, дека служат само „пиво на метро“. Тогаш се вмеша професорот Клусев, кој рече дека првпат слуша да се служи„ пиво на метро“. Му објаснив, па тој со нетрпение чекаше да види на дело, како тоа функционира. По неколку минути, кенлерот донесе даска долга едно метро, а на неа беа поредени кригли со пиво. Професорот Клусев, воодушевен од глетката, ми предложи да нарачаме уште едно метро, за да не чекаме, бидејќи точењето пиво по германските прописи трае седум минути“, со смеење ми ја раскажа оваа анегдота Манојил.“

Во јануари 2011 година, тогашниот претседател Ѓорѓи Иванов ќе го одликува со Орден за заслуги за неговиот исклучителен придонес за јакнењето на меѓународната положба и угледот на Република Македонија. Неколку месеци подоцна Ото Фон Хабсбург почина во својата 98 година.

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски- Македонскиот јазик постои, тој е посебен и им припаѓа на Македонците

Христијан Мицкоски- Македонскиот јазик постои, тој е посебен и им припаѓа на Македонците

Историја

News image

Македонскиот етнос и етногенезата на Македонските династии

Краток опис на античката историјата за Македонија и нејзиното име

Иселеници

News image

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против законот за јазици

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против зако...

Култура и туризам

News image

Брсјаци и Мијаци

Брсјаци и Мијаци, двете најсочувани племиња на нашата територија, вечните ривали но сепак најдобри...

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (39)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -III ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.