Среда, 04 Декември 2019   
Свети Николе – главната населба во Овчеполската Котлина

svn knigaСвети Николе – главната населба во Овчеполската Котлина

Во книгата „Свети Николе – главната населба во Овчеполската Котлина“, објавена во 2018 година, авторот Никола Ристевски пишува за единствениот град со име на светец во Република Македонија – Свети Николе, кој се наоѓа врз старата населба Свети Никола. Ова е прва книга за Свети Николе која е објавена во 21 век.

Свети Николе е град во истоимената општина, кој сe наоѓа на место каде и во минатото имало населба која била централна и главна населба на Овче Поле. Географската поставеност на Свети Николе во големата и плодородна Овчеполска Котлина во минатото била причина за старите патишта кои поминувале низ Овчеполието и се вкрстувале токму кај овој град. Некои од споредните селски патишта кои исто така се стари патни линии, заедно со многуте тврдини и кули кои порано постоеле на возвишенијата околу Свети Николе, имаат дополнително значење за положбата на оваа населба. Централната положба во средишниот дел на Овчеполската Котлина, заедно со плодните видови на земја, хидрографските и климатските услови, му овозможиле на народот кој живеел овде во минатото да се занимава најчесто со сточарство, земјоделие и градинарство и да успее да опстои низ вековите. Старите топоними „градиште“ и „селиште“, кои се забележливи во атарите на повеќе села во Овчеполието, како и низ цела Македонија, заедно со остатоците од градби на месностите кои ги носат тие имиња, сведочат за големината на некогашните стари населби во Овчеполската Котлина.

За создавањето на населбата Свети Николе не постојат никакви податоци, или барем такви до сега не се пронајдени. Обидите за претпоставување на потеклото на населбата во изминатиот век биле повлијаени од пропагандни намери, па затоа најчесто може да се прочита дека „Свети Николе потекнува од 13 или 14 век“, што не е точно. Пронајдоците при многуте градежни зафати на територијата на денешниот град го покажуваат спротивното, а историските прилики во регионот и достапната литература само го дополнуваат тврдењето дека денешниот град се наоѓа врз стара средновековна населба, под која има антички градби, но и живеалишта од далечниот неолит. Продолжителноста на постоењето на оваа населба низ вековите може да се проследи преку старите книги и да се надополни со пронајдени остатоци од градби и артефакти кои се појавиле на повеќе делови од градот. Денешното име на населбата се сретнува во еден документ од 14 век, за кој се смета дека е најстариот зачуван запис во кој се споменува населба со име Свети Никола во Овчеполието. Според историски записи за вековите порано и материјални пронајдоци на територијата на денешниот град, многу веројатно е дека населбата постоела и пред векот од кој потекнува најстариот досега познат запис за населба околу црквата Свети Никола во Овче Поле. Црквата Свети Никола во денешно Свети Николе се наоѓа врз градбата од 19 век, која била правена врз темели на уште постара црква. При работа во дворот на црквата за заштита од подземни води и влага, пред помалку од една деценија беа откриени свод од ранохристијанска базилика и неколку гробови со материјални остатоци од четвртиот век од нашата ера, што оди во прилог дека најверојатно овде имало црква уште во најраниот период на христијанството. Знаејќи дека најстарите цркви биле правени на места на уште постари сончеви храмови, имајќи ги во предвид информациите од повозрасните кои граделе куќи на падините околу денешната црква, може да се претпостави дека под ридот каде што е „црквенско маало“ и училиштето „Гоце Делчев“ постојат остатоци од стара античка населба која се протегала и на останатите ридови во Свети Николе, била користена и во најраните години од средниот век, за потоа врз неа да бидат поставени стари гробишта врз кои се наоѓа голем дел од денешниот црковен двор и „црквенското маало“.

На другата страна од градот, во старото „раетско маало“ се знае за старите тунели и премини кои биле пронаоѓани кога „старите ги правеле куќите“. Според повозрасните, постојат подземни тунели кои се вмрежени под денешниот град и поврзуваат значајни точки и подземни простории, а биле поврзани и со „големиот подземен пат“ кој според повеќе преданија од овие краишта на Македонија, преку Овче Поле водел кон долината на големата река Вардар, која порано била нарекувана и Велика. Обработениот камен, ист или сличен со дел од градежниот камен од локалитетот во Кнежје, се забележува во детали на многу од куќите и во дворовите во тоа маало, околу возвишението и крстот „Свети Спас“, во „Лиска“, старите сведоштва за „црвени тули“ во „американско маало“ и пронајдоците во центарот на денешно Свети Николе и на Рудина одат во прилог на тврдењето дека денешно Свети Николе е многу постара населба, која води корени од антиката и преку ранохристијанскиот период и почетоците на средновековието опстојала до времето од кое ни е познат записот за „метох Свети Никола и Јужиново“. Дури и црквата Свети Стефан на градските гробишта е градена врз темели од постара црква. Камените крстови на Свети Илија и Свети Спас во самиот град потврдуваат за многу стари култови и сведочат дека под нив се наоѓаат делови од стари цркви. Месноста „Југово“ е локацијата на споменатото „Јужиново“ во метохот на црквата Свети Никола од 14 век. Темелите од стари градби, водоводните земјени цевки и другите пронајдоци при градежни зафати во „Долни Башчи“ и на Рудина покажуваат дека е многу веројатно населбата на местото на денешно Свети Николе да потекнува далеку пред средниот век, уште од антиката.

Записите од древните времиња, старите војни, сведоштвата за постоење на Овчеполска епископија во вековите пред Кирил и Методиј да тргнат на Брегалничката мисија, раширениот култ кон Свети Никола во сите делови на пространотото Овчеполие, неизброените археолошки локалитети во околината на гратчето, спомените за пустиножителите и старите цркви и манастири, заедно со потврдените пронајдоци за време на различни градежни зафати кои припаѓаат на повеќе епохи од минатото, се причини поради кои се верува дека населба на местото на денешно Свети Николе постоела не само пред 14 век, туку дури и во антиката, па и во неолитот, а истата ја менувала својата положба во длабинскиот микро-релјеф во реонот каде што градот се наоѓа и во 21 век.

Поради положбата и стариот крстопат, денешните обиди за изградба на нов пат кој поминува низ Овчеполието, заедно со патните линии кои биле градени во минатиот век, податоците за патните правци од 19 век, информациите за средновековните и римските патишта, но и старите Пеонски друмови, потврдуваат дека овој дел од Овчеполието отсекогаш бил важен за целиот регион. Култот и празнувањето на празникот на „летен“ Свети Никола, кој е во мај според пренесувањето на моштите во Бари, е дополнителна причина за истражување на случувањата во Овчеполието за време на Крстоносните војни и непознатиот период од средниот век. Потврдените археолошки пронајдоци и локалитети, заедно со историските податоци, се ресурс кој може и треба да се употреби не само за научни цели, туку и за економски развој. Поставеноста на денешно Свети Николе во овој дел на Македонија и светот го прави населба со огромна стратегиска важност, која во 21 век треба да го оправда атрибутот „главна“ населба во Овчеполската Котлина.

Од книгата „Свети Николе – главната населба во Овчеполската Котлина“

м-р Никола Ристевски

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски- Македонскиот јазик постои, тој е посебен и им припаѓа на Македонците

Христијан Мицкоски- Македонскиот јазик постои, тој е посебен и им припаѓа на Македонците

Историја

News image

Македонскиот етнос и етногенезата на Македонските династии

Краток опис на античката историјата за Македонија и нејзиното име

Иселеници

News image

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против законот за јазици

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против зако...

Култура и туризам

News image

Брсјаци и Мијаци

Брсјаци и Мијаци, двете најсочувани племиња на нашата територија, вечните ривали но сепак најдобри...

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (39)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -III ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.