Среда, 25 Декември 2019   
Најстарите траги на живот во Овчеполската котлина

ovcepolska kotlina

Најстарите траги на живот во Овчеполската котлина се од периодот на неолитот. Археолошки истражувања потврдуваат, дека на овие простори се развила една от наjстарите неолитни култури на балканскиот полуостров, неолитната култура Амзабегово. Таа е составена од неколку локалитета Барутница до с. Амзабегово, Руг Баир до с. Горобинци, Алин дол до с. Немањици и др.

Најрепрезeнтативниот од нив е секако локалитетот Барутница до с. Анзабегово од којшто културата го носи името. Локалитетот Барутница кај с. Анзабегово е откриен за време на рекогностицирање од Народниот музеј Штип извршено со Воислав  Санев во 1959 г. Се наоѓа на 2 км југозападно од селото, расположен на левата страна долж железничката пруга Велес-Кочани. Теренот представува блага падина на ридот што се издига во селото и во правец на југозапад се спушта до рекичката позната како Орловска, односно Светиниколска река ( В. Санев 2009).

Во летните месеци на 1969-1970 г. се спроведени две кампањи на археолошки изтражувања, од мешовитата експедиција на универзитетот „Калифорнија” од Лос Анџелес и Смитскиот институт од една страна и Штипскиот музеј од друга страна. Научен раководител на проектот бил Милутин Гарашин, професор на филозофскиот факултет во Белград – катедра археологија, додека теренски раководител бил тогагашниот директор на Штипскиот музеј Воислав Санев. Резултатите на тие истражувања се објавени во две монографии. Едната е објавена во организација на UCLA под редакција на М. Гимбутас во 1976 , а другата ја издава Националната установа Завод за заштита на спомениците на култура и музеј – Штип во 2009 г. Изтражувањата во Анзабегово во тоа време представуваа најголеми истражувачки работи што дотогаш биле превземани на еден праисториски локалитет ( В. Санев 2009).

Целта на Југословенската експедиција беше да се откопа и истражи поголема површина на теренот, како една целина, која зафака девет квадрати со димензии од 5*5м. Со тоа беше овозможено да се утврдат повеќе детаљи за стратографијата на локалитетот на еден поширок простор на централниот дел на населбата, а исто така да се издвојат евентуални недвижни објекти. Со тоа се доби комплектна слика на целокупната еволуција на раниот и средниот неолит во источна Македонија, која дозволува да се определат положбата и значањето на оваа неолитна култура во рамките на праисторијата на Балканскиот полуостров и на Југоисточна Европа во целина (В. Санев 2009).

Што се однесува до американската екипа, својата работа таа ја концентрираше на помали сонди што беа поставени на периферијата на населбата, со единствена цел да се фиксираат нејзиниот обем и простирање ( В. Санев 2009).

Ископувањето е изведено строго стратoграфски, со посебно издвојување на сите затворени целини односно куќи и јами со различна големина и намена како и пооделни површини  со различен характер и боја на земјата. Тоа даде можност да се разграничи стратиграфијата, како и да се еведентира квантитивниот однос на археолоѓкиот материјал во пооделните слоеви и објекти (куќи и јами). Генералната стратиграфија на локалитетот изгледа вака:

а) Анзабегово-Вршник I (а-ц)   
б) Анзабегово-Вршник II
в) Анзабегово-Вршник III

г) Анзабегово-Вршник IV- винчански период

Стратиграфијата на локалитетот Барутница, приложена од Југословенската екипа не се совпаѓа со приложената стратиграфија на Марија Гимбутас и американската екипа. Разликата е во самата периодозација на локалитетот и неговото продолжително постоење. Имено Марија Гимбутас  во првиот период на култирата Анзабегово разликува само две подфази – фаза „а„ и фаза „б„. Според подвижниот археолошки материјал поточно керамичните остатоци на локалитетот Барутница, В. Санев определува и трета подфаза -  „ц„ на фазата Анза I.

Според анализата на керамичниот материјал, кој ќе го представам информативно, стратиграфијата на локалитетот Барутница  до с. Анзабегово изгледа по следниов начин -

а)Анзабегово-ВршникI(а-ц)

Керамиката во раниот неолит е претежно груба, монохромно црвена и невоедначено печена, понекогаш укарасувана со барботин и импресо техника. Фината керамика е помалку застапена. Се издвојуваат садови со полутопчест облик на повеќе куси нозе, паници со Ѕ профилација, биконусни паници, амфори. Украсувањето на фината керамика е претежно со бела боја со разновидни орнаменти: триаголници, меандри, капки, скалила, цветови поставувани сами или во комбинации. Култната пластика е минијатурна со стилизирана антропоморфна претстава и со нагласена стеатопигија. Врз основа на овие елементи се смета дека групата припаѓа на балканско-анадолскиот ран неолит. Оваа група има блиска аналогија со керамиката од Протосескло со застапени барботин, импресо и бели скалести елементи. Според триаголниците,меандерот и импресо декорацијата има допирни точки со раниот неолит на Тракија па дури и со Анадолија. Според орнаментите во вид на капки групата се поврзува со керамиката од Средна Струма.

 б)Анзабегово-ВршникII

Преминот од раниот кон средниот неолит не е доволно објаснет, најверојатно настанат поради понагласени надворешни влијанија. Керамиката од оваа фаза е со попрочистена фактура, премачкана со црвеникава, жолтеникава или сивомаслинеста превлака. Во овој период се јавува препознатлива вршничка керамика. Се задржуваат основните облици на садовите, а се појавуваат топчести и биконусни садови и садови на повеќе високи нозе. Кај обичната керамика се сретнува декорација со канелури, додека кај грубата керамика е задржан барботин и импресо техника на декорирање. Барботинот станува организиран. Кај фината керамика се помалку е застапено сликање со бела боја, на негово место се појавува ново сликање со кафејава боја на црвена основа. Декорациите се во вид на вертикални паралелни ленти, понекогаш во комбинација со триаголници или декорација во вид на мрежа. Ваквиот тип на декорирање се сретнува во старчевачката култура.

 
На крајот од оваа фаза се сретнува керамика со интензивен црвен сјај слична со тесалските керамики. Додека садовите со високи нозе се сретнуваат во Караново 2. Појавата на надворешни елементи може да се прифати како резултат на тесни допири, но не и на миграции. Антропоморфната пластика е прилично ретка. Кај неа се издвојуваат неколку основни облици. Претстави на статуети со предимензиониран врат, и тоа како минијатурни претстави што седат, со пренагласена стеатопигија или со проширен и празен труп. Други претстави се фигурите кои се упростени и шематизирани со издолжени вратови и крушкасто проширен труп. Исто се сретнуваат и стеатопигни стоечки статуети, работени во две половини. Во групата на култни предмети треба да се спомнат и жртвениците. Тие се правоаголни со плиток реципиент, рамни или на мали нозе, украсувани со врежани орнаменти. Облиците на култната пластика се сретнуваат и во понатамошните фази.

в)Анзабегово-ВршникIII

Во оваа фаза опаѓа препознатливата вршничка керамика. Одново се враќа црвената монохромна и мрко полираната керамика. Облиците на садовите се се поразновидни, кај грубата керамика преовладуваат ќуповите, грнињата, паниците, додека кај фината керамика се јавуваат пехари, заоблени чинии и амфори. Се почеста е појавата на садови со хоризонтален жлеб под ободот. Продолжува и сликањето со кафејава боја од претходната фаза со веќе познати орнаменти, со тоа што декорациите во вид на шепа и спирала се јавуваат за прв пат. Кај барботинот и импресото, како техники на декорирање, не се забележуваат промени.

г)Анзабегово-ВршникIV

Во оваа фаза керамичката продукција го достигнува својот највисок степен на развиток, со најразличен репертоар и оформен уметнички израз. Садовите со хоризонтален жлеб под ободот се се поретки и ги снемува паниците со Ѕ профилација. Кај грубата керамика импресото опаѓа, додека кај барботинот се јавуваат пластични декорации во вид на розета. Кај сликаната керамика се поприсутни се орнаментите во вид на спирали, меандри и спирали кои завршуваат со орнаменти во вид на шепа. За прв пат се појавува обликот аскос, карактеристичен за Маџари. Се зголемува бројот на фината керамика, особено на пехарите и амфорите.

Култната пластика е разновидна и излегува од шаблонот на традиционалната изведба. Ова најдобро се гледа во изведбата на Големата Мајка од Маџари. Таа е тродимензионална и со иконографски и палеоетнографски белези.

Големата Мајка е честата тематика на праисторискиот скулптор. Таа се определува како закрилница на домот, куќата и семејството. Овие фигури специфични за овие простори се датираат во периодот од средниот неолит или 5300 г. п. н.

Археолог м-р Горан Динев

 

На прво место

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (39)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (39)

Иселеници

News image

Богојавление го одбележаа и Македонците во Албанија

Богојавление го одбележаа и Македонците во Албанија

Култура и туризам

News image

ЗА БОЖИЌ -СО ДЕЦАТА ОД МАКЕДОНИЈА И СВЕТОТ

Поетесата Марија Емилија Кукубајска ЗА БОЖИЌ  -СО ДЕЦАТА ОД МАКЕДОНИЈА И СВЕТОТ

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (3)

ЕПИСТЕМОЛОГИЈА НА ОНОМАСТИКАТАНА ПАНОНИЈА (ДЕЛ I)

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.