Среда, 05 Февруари 2020   
Македонскиот народ е со континуитет од појавата на името Македонија

macedonian-sun-5

Македонскиот народ е со континуитет од појавата на името Македонија и се дури постои ова име на оваа земја.

И под туѓинци во минатото ( макар имало и во иднина ) ,македонскиот народ си ја задржал и ќе ја задржи суштина на постоењето – сопственото име.
Народи доаѓале и оделе како поробувачи и минувачи, македонскиот е постојано со - Македонија. Постојано, заради постоењето кое е пред секоја логика на непостоењето ширена од туѓите пропаганди.
Оваа логиката на "непостоењето"ја разгледувал и Аврелие Августин преку сопственото – постоење. Се запрашал дали не е целиот човечки живот лага, па да и самиот - не постои ами е некаков привид, а се е измама.
Но заклучил дека ако се мами, тогаш – постои, бидејќи како може да се мами и да биде во лага, ако не постои ? Августин со предпоставена лага, дошол до непретпоставена вистина за своето постоење. Од овде и познатата теза – "Ако се мамам, значи постојам", што кај Декарт е – Мислам , значи постојам.
Дека Августин навистина постоел и нему и нас ни потврдува неговото име со кое се потпишани неговите дела и мисли. Неговиот лик и не го знаеме но името ни кажува за кого се работи, па суштината на постоењето е во – името. И токму исто е и со нашата суштина на постоење, почнува од личното име на кое се одѕиваме од раната детска свест, па оние на родителите, роднините, пријателите и др. имиња со кои се легитимират. Овие имиња ги врзува едно име – Македонија.

Во сегашноста, се јавува т.н.р “проблем” со името, иако Македонците како засебен народ и земја, токму со ова име се уште во V век п.н.е кај првиот релевантен историски извор – Херодот.
Херодот и луѓето од тоа време (и по нив - Тукидид, Диодор, Полибие, Плутарх, Аријан, Страбон, Јустин, и др. ) се во предност пред ова време, зашто пишувале за тогашната фактичка состојба со што ги рушат манипулациите на сегашноста.
Припадноста се разграничувала со име, без селектирана реалност, се држело до своето име а туѓото може и се презирало но не се бришело и својатало.
Толку ги истакнувале разликите ( “Филипки” – Демостен ) што очајни се денешните експанзионистички тези. Грците се под такво ропство од Македонците што Римјаните се сметаат за ослободители (Плутарх : “Римјаните го поразија кралот Филип V во Тесалија и ги ослободија Хелените од Македонскиот јарем “).За посебноста на македонскиот народ низ средниот и новиот век пребројна е документација а премал е просторов.
Денес пак од разни страни ни се поставува исполнување на разни барања а за признавање на уставното ни име (Бундестагот своевремено). Се треба да исполниме за она што и онака е наше , имено – нашето уставно и историско име. Ова е исто како да се услови и Германија со барања само за да ја именуваме како што се именува – СР Германија. Кој е тука – лудиот?
 
 

На прво место

News image

Заев е исплашен од сопствениот народ

Заев е исплашен од сопствениот народ кој вечерва чекореше за право, правда и крај на криминално ре...

Историја

News image

Грчки фашисти

Грчките фашистички окупатори си даваат за право да присвојуваат Македонска територија историја и и...

Иселеници

News image

СРЕДБИ КОИ СЕ ПАМЕТАТ

Поранешниот претседтел на Репубика Македонија Ѓорѓе Иванов...

Култура и туризам

News image

Д-р Виолета Ачкоска - познавач на македонската историја (9)

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ЛИЧНОСТИ ОД МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (9)

IV РАЗВОЈ НА ПАЛЕОГРАФИЈАТА НА БАЛКАНОТ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.