Среда, 01 Април 2020   
Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (50)

Skopje 2011 muzej na holokaustot-potpisuvanje dogovor so evtopska akademija-Berlin. 4

Во текот на својот живот Мане Јаковлевски стекна голем број пријатели и огромно искуство, кои му овозможуваше навремено да реагира за да успешно ги заврши доверените задачи. Кога се работеше за Македонија, за интересот на македонскиот народ и заедниците кои живеат во земјата, тој даваше се од себе, додека не се завршеа предвидените активности Така беше и за време на создавањето на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Скопје, за што Фондот заедно со еврејската заедница ќе му додели посебна благодарница.

Во монографијата „Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески, од авторот Киро Кипровски, покрај многуте пријатели, за неговите карактерни црти и за  неговиот ангажман  при создавањето на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Скопје, ќе остане забележано и мислењето на Лилјана Миздрахи, втор претседател на Фондот на холокуаустот на Евреите од Македонија и сегашен почесен претседател, претставник на Еврејската заедница во Република Македонија. Изразувајќи благодарност до Мане за создавањето Меморијалниот центар таа за него ќе напише:

„Во почетокот н амај 2018 година, ми се јави Киро Кипроски со известување дека подготвува монографија за Манојил Мане Јаковлески и побара мои сеќавања за периодот во кој соработувавме во Фондот на холокуаустот на Евреите од Македонија. Во тој правец е и овој краток текст на сеќавања, за според мене најтешкиот период до отварањето на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.

Манојил Мане Јаковлески стана дел од Управниот одбор на Фондот со одлука на Владата на Република Македонија во 2009 година. Ни го претстави Панде Лазаревски, кој исто така беше претставник од Владата и во тоа време потпретседател на Фондот.

Тоа е годината во која беше конституиран интернационалниот борд на Фондот и отпочнаа плановите за активна презентација на меѓународен план на идниот меморијален центар, четврти во светот од ваков тип, после Јад Вашем во Ерусалим, Вашингтонскиот и Берлинскиот меморијален центар, а прв и единствен за сефардските Евреи. Воедно, тоа беше година со бројни проблеми, со кои се судираше фондот за реализација на овој мега проект. Членовите на Управниот одбор, со техничка поддршка од вработените, со голема посветеност почнаа со остварување на светата мисија – отворање на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Македонија.

Состаноците беа секојдневни, најчесто попладневни и траеја додека не се завршат работите. Манојил Јаковлески доаѓаше од Зубовце, стрпливо и со големо внимание ги слушаше мислењата на сите, а потоа го кажуваше својот став. Многу му значеше овој проект, како и на сите нас, и беше исклучително горд на тоа што го работиме.

Во почетокот на 2010 година, согласно одлуката на управниот одбор и интернационалниот борд, почнаа разговорите на проф. д-р Мајкл Беренбаум, светски експерт за холокаустот и за логорот Треблинка. Се сеќавам во еден момент, Манојил Јаковлески му се обрати на Беренбаум со зборовите: „Професоре вие сте експертот, вие сте компетентен, вие дајте предлог“. Така и беше. Се предвиде до март 2011 година, да се изработи дел од трајната поставка и целосно да се изработи привремена поставка, со план таа подоцна да стане патувачка и да го претставува Меморијалниот центар низ светот.

Во јуни 2010 година, во организација на Фондацијата „Фридрих Њуман“ од Германија и нејзиниот претседател Викерт, фондот беше претставен на конференција во Брисел, во присуство на претседателот на интернационалниот борд, претставници на Еврејската заедница, Фондот и министерот за култура, Елизабета Канческа Милевска, со најава и покана за учество при отворањето на меморијалниот центар на 11.03.2011 година. Од тој ден, почнавме да живееме за денот на отворањето, а проблеми..... мал милион. Задачите ги делевме на дневна основа, а кога работите немаше да одат со предвиденото темпо, помош баравме од претставниците на владата. Паметам дека Манојил, во најтензичните ситуации, за да се синхронизираат сите работи и да се исполни целта, најчесто знаеше да остане смирен и во таквите мигови неговите предлози беа во правец на поедноставување на работите или прифаќање на обврската лично да се заложи, лично да провери, лично да среди. Така и беше..... Многу пати во тензични мигови знаеше да предложи кафе пауза, да прикажува за внуците, за с. Зубовце во кое се вратил со семејството по долги години поминати надвор од Македонија, за убави и помалку убави животни настани во Берлин. Знаеше и да не изнасмее, со свои животни случки. Ја паметам сторијата за некој негов во суштина добар пријател во Берлин, кој постојано му се обраќал со „где си бре Македонче“, на што во еден момент Манојил со остар тон му рекол: „На кого бе ти, Македонче, стани веднаш?!“. Пријателот вчудоневиден станал, Манојил застанал до него и со смеење му се обратил: „ Еве две глави сум повисок од тебе, затоа повеќе не ми се обраќај така“. Моментите за надминување на тензиите мудро ги прифаќаше и инг. Предраг Кениг, кој за жал не е повеќе меѓу нас, а кој ќе го паметам како фантастичен инженер и исклучително духовит човек.

Во тој период, Манојил Јаковлески интензивно работеше на прибирање на материјали и текстови за веб порталот „Македонска нација“, на која е исклучително горд, исто како и на коњаницата „Бигорски манастир – патот на црешовото топче“, која секоја година од неговото Зубовце, преку Бигорскиот манастир, заминува во Крушево, за одбележување на Втори август - Илинден.

Како доближуваше крајот на 2010, толку стануваше се потензично и постресно. Во тој период имав впечаток, дека сите работи се во фаза на доцнење. Ги паметам зборовите на Кениг: „ Лиле, дење верувам дека ќе втасаме за отварање, ноќе не верувам“. Токму така беше. Од рани зори се работи, а ноќе кошмари и размисли, уште колку многу треба да се сработи.

Со заложба на Манојил Јаковлески, во Клубот на пратениците во Скопје, беше организирано и реализирано предавање на дел од архивските материјали од Државниот архив на Република Македонија во Фондот на холокаустот, и тоа неколкуте пронајдени оригинални пликоа, во кои Евреите пред тргнување на транспортот ги оставале со попис своите вредности. За декември 2010 година, беше реализирано второто претставување на Фондот во европската академија во Берлин, во организација на директорот Стратеншулте и заменикот Јарослав Шонка, а благодарение на личните контакти на Манојил Јаковлески.

Периодот од јануари до март 2011 година, тешко е да се замисли, а уште потешко да се опише. Неброени ситни и помалку ситни, паралелно со огромни проблеми на доработката на екстериерната патека, приклучување на објектот на мрежата на ЕВН, инсталирање на уредите итн. Знам дека беше 01.02.2011 година, по тоа што Манојил Јаковлески на состанокот на Управниот одбор не почести за својот роденден, кога не известија дека почнало симнување на скелињата..... мислам дека сите се радувавме без малку како деца.  

Активностите од 08,09 и 10 март 2011 година, благодарение на сите инволвирани поминаа беспрекорно, достоинствено и потресно, и за нив со пиетет и дигнитет известуваа големи светски медиуми и Евреите и еврејските организации од Израел и дијаспората.

Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, беше отворен и во него беа похранети урните пренесени од Музеј на Град Скопје, Музеј Битола и Музеј Штип, со човечка пепел донесена од Треблинка во 1964 година. Траорна беше сликата на колоната, која ги пренесуваше урните од Музејот на Град Скопје до Меморијалниот центар, на која и се приклучуваа граѓани од сите страни на светот, за да им оддадат почит на 7144 Евреи, кои после 68 години, на симболичен начин беа вратени и упокоени дома, во Македонија.

За реализација на овој проект, лично им благодарам на сите кои дадоа свој придонес, вклучително и особено на Манојил Мане Јаковлески за сешто стори во својот ангажман, од 2009 до 2017 година, во и за Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, како член на Управниот одбор и негов долгогодишен потпретседател, зашто Фондот заедно со еврејската заедница му предаде и посебна благодарница.

Уште еднаш Мане, ти благодарам!“

(продолжува)

 

На прво место

News image

Од моментот кога Заев и Караџовски прогласија победа над короната бројот на заразени се триплираше

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостуваше во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 каде...

Историја

News image

Илинденските топчиња изработени од монасите на Бигорскиот Манастир

За „Македонска нација“ ги изнесе своите сеќавања 93 годишниот Блаже Јанкуловски-24 Јуни 2009 г.

Иселеници

News image

Сеќавање: 30 години од смртта на Јован Кокаловски

ПОЕТ, НОВИНАР И ОПШТЕСТВЕНИК На 30 мај 2020 година се н...

Култура и туризам

News image

ПРВИОТ РИМСКИ ИМПЕРАТОР ШТО ГО ПРИЗНАЛ ХРИСТИЈАНСТВОТО

3 јуни е празникот на светите рамноапостолни цареви Константин и Елена. 4 јуни е празникот на св...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (23)

КОЛОНИЗАЦИЈАТА НА ТЕБА ОД ФЕНИКИЈЦИТЕ - ДЕЛ I

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.