Среда, 15 Април 2020   
Гоце Делчев како синоним и инспирација за развојот на Народноослободителната борба на македонскиот народ во Втората светска војна (1941-1944) (2)

goce-delcev

Уште еден партизански одред во 1943 година бил именуван со името на Гоце Делчев.

Тоа бил Брегалничкиот народноослободителен партизански одред „Гоце Делчев“, формиран на 19 мај 1943 година во месноста „Пчеларник“, Штипско, а разбиен само два дена подоцна, односно на 21 мај, во месноста „Врши Дол“, Виничко. Одредот бил формиран по иницијатива на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија и на Вера Ацева, член на ПК на КПЈ за Македонија. Таа, на 8 мај 1943 година, го известила ПК дека биле создадени сите предуслови за формирање на Одредот, односно дека било определено раководството и зоната на дејствување на Одредот. На 19 мај, на одредената локација, најпрво излегле 8 борци како основа на Одредот, кон кој, потоа, требало да се приклучат нови борци. Но, старата навика на предавства и во овој случај не затаила. Имено, Одредот, на пат кон планината Плачковица, бил предаден на бугарската полиција, која, на 21 мај, кај месноста „Врши Дол“, Виничко, го нападнала и целосно го разбила. Во борбата со уште двајца борци, загинал и народниот херој Ванчо Прке. Успеале да се спасат двајца борци, а другите тројца, откако биле заробени, по тешки мачења, Бугарите сурови ги егзекутирале.

Во чест на големиот револуционер биле именувани и бригади, како поголеми воени единици на Македонската војска. Бригадата „Гоце Делчев“, која била формирана во септември и октомври 1944 година во Софија, со гордост одлучила да го носи името на апостолот. Борци на оваа бригада биле исклучиво Македонци од Бугарија на возраст од 21 до 23 години. Бројната состојба на бригадата изнесувала 4.600 борци и старешини. Борците на Бригадата, кои подоцна биле распоредени во составот на  19-та, 20-та и 21-та Македонска НО бригада, учествувала во завршните операции за ослободување на Брегалничкиот и Струмичкиот регион во октомври и ноември 1944 година.

Друга бригада која била именувана со името на Гоце Делчев била 19-та македонско НО бригада, формирана на 8 октомври 1944 година во с. Лаки, Виничко. По расформирањето на бригадата „Г. Делчев“ формирана во Софија, поголемиот број на борци од оваа бригада преминале во составот на новоформираната 19-та бригада, која, по преземањето на името на големиот великан, започнала да се именува како 19-та МНО бригада „Гоце Делчев“. Бројната состојба на бригадата изнесувала 1429 борци и старешини. Учествувала во завршните операции за ослободувањето на Македонија во реоните на Штип-Радовиш, Штип – Кочани и Скопје – Тетово. На 19 ноември 1944 година, Бригадата, заедно со другите воени единици на Македонската војска, го ослободила Тетово, последниот град во Македонија кој бил опсада на балистите.

Покрај пешадиските бригади, со гордост и со достоинство името на Гоце Делчев го носела и Струмичката артилериска бригада. Таа била формирана на 8 октомври 1944 година. Боречкиот состав го сочинувале 350 борци. Учествувала во завршните броби за ослободувањето на Македонија во октомври и ноември 1944 година во реоните на Делчево-Кочани – Штип и Делчево – Берово – Струмица – Криволак. Во декември 1944 година,по реорганизацијата на артилериските единици, бригадата влегува во составот на 1-та македонска артилериска бригада.

Првата партизанска печатница во текот на Втората светска војна била именувана по името на овој великан. Таа го носела името Партизанска печатница „Гоце Делчев“, а била формирана во почетокот на ноември 1942 година во с. Битуше (Дебарско). Во мај 1943 година била преместена во месноста Лопушник, каде што престојувал ЦК на КПМ и ГШ на НОВ и ПОМ, а потоа на слободната територија во с. Црвена Вода, каде бил отпечатен и Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ. Во оваа печатница, по нејзиното преместување во с. Горно Врановци, Велешко, на 29 октомври 1944 година бил отпечатен и првиот број на весникот „Нова Македонија“, а потоа „Млад Борец“, списанието „Македонка“ итн. По ослободувањето на Македонија, истата била пренесена во Скопје и послужила како основа за развивање на печатарската дејност по ослободувањето на Македонија.

Goce Delcev1

Проф. д-р Ѓорѓи Малковски

Продолжува

 

На прво место

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (65)

На 17 јуни 2018 година е потпишан од шефовите на дипломатии на Грција, Никос Коцијас и Македонија,...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ПРВИОТ БИБЛИСКИ РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (9)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од „Библискиот...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (32)

ПЕЛАШКО-ЕОЛСКА АТИНА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.