Среда, 22 Април 2020   
Гоце Делчев како синоним и инспирација за развојот на Народноослободителната борба на македонскиот народ во Втората светска војна (1941-1944) (3)

goce-delcev

Гоцевата саможртва за делото на ослободување на македонскиот народ во Македонија и Одринско и создавање на независна или автономна македонска држава, му  донела признание и почит. Неговото име станало легенда, вткаена во свеста на Македонецот. Неговото име било инспирација за сите подоцнежни македонски поколенија. Со неговото име, македонските национални сили, во сосема нова општествено-политичка ситуација, започнале да ја водат и величенствената народноослободителна војна од 1941 година за национално и социјално ослободување. Токму и затоа, името на великанот било застапено и во многубројните записи по весници, билтени, писма, резолуции и слични други пишани материјали издавани по разни поводи во текот на војната. Самото изговарање или запишување на името Гоце Делчев ги храбрело борците и сите политички и воени единици, да истраат во борбата и да го реализираат неотсонуваниот сон на големиот Гоце – Македонија да добие своја држава. Затоа, сметаме да дадеме кус информативен запис за споменувањето на името на Гоце во дел од овие издадени пишани материјали.

Во септември 1941 година во весникот на Кумановската партиска организација „Дедо Иван“ излегла статијата под наслов „За што са се бориле Македонци и за што се сÄга борив“. Во статијата кога се зборува за македонската национална свест и за борбата против поробувачите во Македонија, неминовно се споменува и името на Гоце Делчев како еден од првите борци и идеолози за слободна Македонија. Притоа, запишано е дека „сите да се присетиме на зборовите на Гоцета Делчев“, мислејќи притоа на неговата отворена дејност на целата територија на Македонија за организрање и почетокот на едно општонародно востание и за враќање на старата и исправна идеја дека „Македонија им припаѓа само на Македонците“.

Многу интересен запис дека континуитетот на вооружената борба во Македонија влече свои корени од времето на Г. Делчев, среќаваме  во „Билтенот на ПК на КПЈ за Македонија“ од јануари-фебруари 1942 година. 

Во статијата под наслов:„Македонската младина во борба против фашизмот“, македонската младина се повикува на општонародно вооружено востание против фашизмот и останатите поробувачи на Македонија. На крајот од статијата е запишано следново:

„ние сами ќе се збереме против нашите јадачи, по патот на младите борци низ Југославија, Балканот и цела Европа..

Млади Македонци и Турци, Арнаути, Власи, Грци и Евреи и доселеници ќе достоиме, здружно во борба, заедно со нашите браќа и сестри, татковци и мајки, со целиот македонски народ, ќе го довршиме делото на Гоце, Питу Гули, Сандански, Влахов и илади други знаени и незнаени македонски герои“.

Продолжува

Goce Delcev1Проф. д-р Ѓорѓи Малковски

 

На прво место

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (65)

На 17 јуни 2018 година е потпишан од шефовите на дипломатии на Грција, Никос Коцијас и Македонија,...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ПРВИОТ БИБЛИСКИ РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (9)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од „Библискиот...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (32)

ПЕЛАШКО-ЕОЛСКА АТИНА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.