Среда, 22 Април 2020   
Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (53)

1 4

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (53)

Животот на Мане Јаковлевски е исполнет со бројни општествено корисни активности. Додека жовееше и работеше во Германија беше активен за македонската кауза, потоа неформален македонски амбасадор, културен аташе и економски промотор, По враќањето на родната грутка, тој во ниту еден момент не престана со своите активности во политичкиот, стопанскиот и културно-црковниот живот во земјата.

Своето стекнатото искуство во странство, знаење и познаства, Маноил по доаѓањето во земјата, ги користеше за развој на државата и своето родно место. Меѓудругото, тој на помладите им помагаше да ги започнат првите чекори во бизнисот или истиот да го прошират. Постојат бројни примери на неговите активност за економскиот развој не само во земјата, туку и во неговиот роден крај. За тоа говори и стопанскиот комплекс Зубовце 1, 2 и 3.

Во монографијата „Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески, од авторот Киро Кипровски, за поддршката која им ја даде на младите гостиварски бизнисмени во изградбата на стопанскиот комплес Зубовце со голема благодарност бизнисменот Михајло Михајловски истакнувајќи ја добрината на Мане, ќе напише:

„Немам зборови со кои можам да ја искажам мојата голема благодарност кон г. Манојил Мане Јаковлески, и благодарноста на моите другари бизнисмени, за неговата огромна помош што ни ја пружи, во остварувањето на нашите цели за изградба на стопански комплекс во село Зубовце. Со негова помош успеавме да добиеме државно, градежно земјиште по пат на јавна лицитација, а потоа максимално се ангажира да ги добиеме потребните документи, за на крајот да добиеме дозвола за градба, одделно, за секој објект во стопанскиот комплекс Зубовце 1. Господинот Манојил, покрај трудот, го вложи својот авторитет и заеднички успеавме невозможното да го направиме возможно, минувајќи трновит пат низ бирократската администрација. Така за нешто помалку од две години, на задоволство на сите, успеавме за првпат во гостиварскиот регион и пошироко, да реализираме пристоен стопански развој обезбеден од домашни инвеститори, кои во едно значат и просперитет на крајот.

Господинот Јаковлески ја пофали и ја прифати идејата и од почетокот се ангажира, постојано беше со нас, ни помагаше да го изградиме стопанскиот комплекс Зубовце 1. Не застанавме, не се задоволивме со тоа, па продолживме со активностите. Ни се придружија и други гостиварски бизнисмени и заеднички ги изградивме стопанските комплекси – Зубовце 2 и Зубовце 3.

Со ова писание сакам да ја запознаам македонската јавност за нашиот успех, постигнат во мошне сложени општествено-политички и економски услови. На дело се потврди аксимата, дека кога се работи со љубов и со посветеност успехот е загарантиран. Тоа ние го покажавме на дело. Во вистинско време го најдовме вистинскиот човек, г. Јаковлески. Како бизнисмен, општественик, со големо животно и менаџерско искуство, прагматичен, сталожен, тактичен и одличен организатор, ја предводеше младата група гостиварски бизнисмени, водени со идејата за позабрзан развој на малите фирми, со цел да овозможат фомирање на Стопанскиот комплекс Зубовце. Не само што идејата беше целосно реализирана, туку ги формиравме и стопанските комплекс Зубовце 2 и 3. Манојил е човекот со големо срце, кој заедно со нас беше ангажиран во решавање на проблемите, кои произлегуваа во работењето. Не жалеше ниту време, ниту пари. Секогаш беше со нас, млади и мали инвеститори, а кога ни беше најтешко не мотивираше, ни даваше сила да истраеме и на задоволство на сите успеавме да мотивираме и други млади бизнисмени, кои ни се придружија.

Како почнавме?

Неколкумина млади гостиварски стопанственици, полни со енергија и ентузијазам, почнавме смело да чекориме кон посветла иднина, да ги прошируваме производствените капацитети со современи технологии. Се собравме заеднички да си помогнеме, нашите мали производствени погони лоцирани во нашите куќи и дворови да ги прошириме, бидејќи работевме во несоодветни и тешки услови. Пазарот ги бараше нашите производи, а ние не бевме во можност да одговориме на барањата. При тоа бевме свесни дека проблемите можеме да ги надминеме единствено заеднички, со плански развој и со реална стратегија. Тоа беше мотивот да се здружиме и на заедничка локација да изградиме нови современи погони.

Се собравме сопствениците на малите фирми: „Интер кафе“, „Карне М“, (нешто поголема од малите) која беше носител на зафатот, „Дамјан - стил“, „ Елком“ и „Амиго“. Се договоривме во околината на Гостивар да купиме градежно земјиште и да формираме стопански комплекс. Разговорите ги започнавме на почетокот од 2008 година, со претседателот на МЗ од село Сушица. Тие преговори пропаднаа, бидејќи понудените условите за нас беа неприфатливи. Во прекинување на разговорите влијаеше и укажувањето на моите пријатели од Дирекцијата за контрола на храна од Скопје, дека локацијата не е соодветна за производство на храна, бидејќи се наоѓа во близина на регионалната депонија за отпад „Русино“. Одлучивме да бараме нова локација. Кумашинот Влатко Анѓелкоски (сопственик на „Елком“) близок пријател на г. Манојил, договори средба, за да го запознаеме со нашата иницијатива и да побараме помош.

Само што ја слушна идејата, Манојил беше воодушевен. Веднаш ја прифати и ни предложи локација во атарот на село Зубовце, на необработливо државно земјиште. Отидовме да го видиме местото. Тоа беше големо брдо, на кое веќе се создаваше дива депонија на отпад. Се простираше на над 10.000 квадратни метри, колку што нас ни требеше да ги изградиме погоните. Разговорот кратко траеше, бевме задоволни и веднаш почнавме со активност за добивање на потребната документација. На почетокот на јули 2009 година, почнавме да ја отстрануваме земјата и отпадот од брдото. За еден месец брдото го срамнивме со котата за градба на погоните. Откопавме над 25.000 кубни метри земја, која беше транспортирана со 2.200 камиони. На 3 септември 2009 година го осветивме и го поставивме камен – темелот на погонот на „КАРНЕМ“, со што започна да се остварува проектот – стопански комплекс Зубовце.

Само што ги интензивиравме активностите, Манојил телефонски ме повика на разговор во село Зубовце:

„Слушај Мики, со Саше Аќимоски (републички пратеник) ќе ти ги отвориме сите врати во министерствата, каде што треба да ги добиете потребните документи, дозволи, како и во локалната власт во Општина Врапчиште. Но, ако слушнам дека си дал поткуп на службеник, функционер или било кому, лично ќе ми одговараш. Ова што го правите не е само за вас инвеститорите, туку за сите нас, за доброто на целиот регион. Немој да дозволиш ако имаш такви непристојни понуди, да не ме известиш...“

За мене тоа беше силен ветер во грбот, добив голема самодоверба и елан да правам добри работи и да бидам концентриран во изградбата на производниот погон, во решавањето на проблемите, бидејќи постојано никнуваше по некој во заокружувањето на стопанскиот комплекс. Со Манојил создадовме однос секогаш да бидеме на иста линија, да помагаме, да правиме добри работи за луѓето. Со заедничко делување успеавме да го создадеме стопанскиот комплекс Зубовце 1, чии капацитети се користат со 80 отсто, стопанскиот комплекс Зубовце 2, каде има 4 големи капацитети и се користат со 50 отсто, а во стопанскиот комплекс Зубовце 3 идната година шестмина млади инвеститори, очекуваме да започнат со изградба на производни погони.

За пет години во трите стопански комплекси во Зубовце се изградени десетина производствени погони, во кои се вработени околу 300 лица, со тенденција во наредните години бројот да се удвои.

На крајот, би сакал јавно да му се заблагодарам на г. Јаковлески за неговата хуманост, за неговото големо срце, за помошта што им ја пружа на луѓето кои се немоќни, социјално загрозени или пак имаат здравствени и други проблеми, а им треба помош. Во тоа се уверив лично. Боледувам од ретка болест, а Манојил ми рече дека има пријатели врвни доктори на медицински науки –професори во големата светска клиника за крвни болести „Шерите“ во Берлин, главниот град на СР Германија. Притоа ми предложи заедно да одиме на оваа клиника, на преглед. Само што влеговме во клиниката се приближивме на еден од шалтерите, од каде излезе лекар, кој срдечно се поздрави со Мане и гласно извика: „ Ни дојде Мане“. Тој беше Хрват, а потоа се запознав со доктор од српско потекло, со германски итн. Добив чувство дека се наоѓам во скопскиот клинички центар. Дванаесет дена, во 2016 година, престојував на клиниката „Шерите“, каде ми беа извршени детални прегледи и анализи. Тоа за мене беа незаборавни денови. Во мене почна да се создава нова култура и начин како да се лекувам и да живеам со мојата ретка болест. Исто така, не можам да заборавам дека авторитетот на Манојил пред докторите беше голем, така што за мојот престој ми дадоа голем попуст и платив само 800 – тини евра.

Ти благодарам Мане, твојата добрина и помош, кои никогаш, ама никогаш нема да ги заборавам!“

(продолжува)
 
 
 

На прво место

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (65)

На 17 јуни 2018 година е потпишан од шефовите на дипломатии на Грција, Никос Коцијас и Македонија,...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ПРВИОТ БИБЛИСКИ РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (9)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од „Библискиот...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (32)

ПЕЛАШКО-ЕОЛСКА АТИНА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.