Среда, 06 Мај 2020   
Галичник бил честа мета на разбојнички напади на Арнаутите

5.2

По Првата светска војна белградските весници пишуваат за разни настани поврзани со окупираниот дел на Македонија. Така белградскиот „Илустриран лист“, кој прво излегува на две недели и потоа еднаш неделно, во ноември 1920 г. покрај изложбата на женските рачни работи изработени во Македонија која ја организира женското друштво  „Кола сестара С.Х.С“, известува и објавува фотографии поврзани со разбојничкиот напад на Арнаутите на Галичник.

Имено, во текот на 19 и 20 век Галичник бил честа мета на разбојнички напади на Арнаутите. Обично тие се интензивирале после Ѓурѓовден, штом ќе пристигнеле големите стада овци на ќеаите од Солунско. Тогаш овие банди вршеле грабеж на цели стада овци и коњи. Ако тоа не им успеело тогаш тие киднапирале деца или возрасни луѓе и ги чувале во заложништво се додека не добиеле голем откуп – стотици жолтици за негово ослободување.

5.3

Во белградскиот „Илустриран лист“ од ноември 1920 година објавена е информација заедно со фптоградии кое говорат за извршен разбојнички напад на Арнаутите во Галичник. Во написот испратен од Тетово од 30 октомври под наслов „Напад на Арнаутите - Разбојничка пљачка на Арнаутите во Галичник  (Со наши слики на друга страница)“ се вели:

„Во ноќта меѓу 22 и 23 овој месец влегла добро организирана чета на Арнаути во местото Галичник. Откако запалија една сушница и неколку домови, убија еден жандарм и го опљачкаа селото, опљачканото го натоварија на четириесет товарни запрежни коли и го однесоа. Пред да тргнат ја отераа стоката и зедоа заложници, двајца селани и четири деца. Кога дошле надвор од опасноста (да бидат фатени од потерата – н.з), порачаа  дека ќе ги пуштат заложниците ако им се плати 5000 златни турски лири. Војните и цивилните власти се во потера за Арнаутите. Наша слика ги покажува арнаутите кои ја извршиле оваа пљачка.“ („Илустрирани лист – Ilustrirani list“ у Београду Година1 бр. 20  11.11.1920 – 18.11.1920. стр. 2)

Покрај текстот за настанот објавени се фотографии на кои се гледа групата арамии кои го опљачкаа Галичник и колоната од запрежни товарни коли со кои е однесен речиси целокупниот имот на Галичани.

5.4 5.5

 

На прво место

News image

Македонија е убедливо најлош пример на борба со епидемијата во Европа

Тормозењето на граѓаните не значи дека СДСМ има стратегија и мерки против епидемијата. Македониј...

Историја

News image

Илинденските топчиња изработени од монасите на Бигорскиот Манастир

За „Македонска нација“ ги изнесе своите сеќавања 93 годишниот Блаже Јанкуловски-24 Јуни 2009 г.

Иселеници

News image

Сеќавање: 30 години од смртта на Јован Кокаловски

ПОЕТ, НОВИНАР И ОПШТЕСТВЕНИК На 30 мај 2020 година се н...

Култура и туризам

News image

ПРВИОТ РИМСКИ ИМПЕРАТОР ШТО ГО ПРИЗНАЛ ХРИСТИЈАНСТВОТО

3 јуни е празникот на светите рамноапостолни цареви Константин и Елена. 4 јуни е празникот на св...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (23)

КОЛОНИЗАЦИЈАТА НА ТЕБА ОД ФЕНИКИЈЦИТЕ - ДЕЛ I

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.