Среда, 06 Мај 2020   
Гоце Делчев како синоним и инспирација за развојот на Народноослободителната борба на македонскиот народ во Втората светска војна (1941-1944) (5)

5.6

По повод 39 годишнината од Илинденското востание, ПК на КПЈ за Македонија, во август 1942 година, објавил статија под наслов: „Илинден и денешната борба на македонскиот народ“.

Во оваа мошне инспиративна и содржајна статија, се пишува за поводот на Илинденското востание, за масовното вклучување на целиот македонски народ и за оправданата стратегија дека ова востание го организирал македонскиот народ за сопствено ослободување и без лажни надежи што ги давало тогашното бугарско кнежевство, но, и за причините за поразот на востанието. Во контекстот на тоа, во статијата се посочува дека тогаш македонскиот народ бил сплотен околу својата народна револуционерна организација: „чији идеолози беа Гоце Делчев, Ѓорче Петров и др“.

Во корелација со ова, во статијата се поврзува тогашната борба со борбата која ја воделе и Македонците во Втората светска војна, со следнава заклучна констатација„...

Комунистичката партија је денес једини доследен раководител во борбата на македонскиот народ и заштитиник на идеалите и идеологијата на најарните и најверните синови и водачи на нашиот народ: Гоце Делчев...и затоа Комунистите се денес највредните наследници и продолжувачи на нивната борба“.

Во ист стил и со осврт на годишнината од Илинденското востание, статија под наслов: „Нешто од историја на македонското револуционарно минало – Гоце и Илинден 1903“, се објавила и во весникот „Братство“, орган на Окружниот комитет на КПЈ за Западна Македонија од 17 август 1942 година. Статијата била издадена во чест на Гоце Делчев и се зборува целосно за неговиот творечки и револуционер пат од неговото најрано детство па се` до неговото загинување. Статијата започнува инспиративно со името на Гоце, односно, дека:

„Гоце е најсветлото име во Македонија, Гоце е најголемио организатор и револуционер-практичар во ослободителното движење (покрет) на Македонија. Тој е најголемиот проповедник за единството на народите во Македонија. Без него не може ни да се замисли онаа револуционерна организација која доведе до Крушевската Република, без него не може да се замисли Илинден“.

На тој начин, ова партиско гласило му оддало достојна македонска почит на овој великан со вистинските аргументи и сознанија што во тоа време ги имале македонските партизани и нивната пропагандна машинерија.

Шест дена подоцна, односно, на 23 август, во истиот весник „Братство“, била објавена и статијата под наслов:

„Живото и борбата на македонскио народ под обата окупатора (бугарскио и италијанскио)-македонскиот народ се свети над народните издајници“. Во оваа статија, во која се зборува за убиството на македонскиот предавник и бугарски поданик, Мане Мачков, јавно се објавило дека тој не „паднал во борбата за национална слобода“, како што се обидувала да го прикаже бугарската полиција, туку: „правите борци за националната слобода на Македонија, настављачите на делото на Гоце Делчев и др., фашистите сака да ги престава како платени бољшевици, а предателите на македонскио народ (Мане и други полицејски агенти) како „народни борци“.

Во овој текст јасна е визијата и намерата на авторот дека правењето на било каква паралела со Гоце на предавниците и шпионите е бесмислена и небулозна.

5.7

Во последниот напис од весникот „Братство“ под наслов: „Нешто од револуционарното минало на Македонија–за вооружените чети на тајната Македонско-Одринска организација“, објавена на 23 август 1942 година, се обработува детално секој член од Правилникот за четите на Тајната македоно-одринска организација. Целта била, овој напис да дојде до што поголем број на лица и да се види организираната поставеност, цврстината и дисциплината во Организацијата, како показател дека таквата поставеност морала да биде имплементирана и во македонските вооружени единици. Но, она што е најмоќно во текстот е завршниот дел, каде што е издвоена и запишана мислата на Г. Делчев за моралниот карактер на востаниците и револуционерите. Во врска со тоа, Гоце го кажал следново: „Јас не сакам востание со људи, кој ќе ме напуштат при првио неуспех; јас сакам револуција со граѓани, кадри да ги понесат сите тешкотии на една долготрајна борба, каква поради жестоките политички условиа, ќе биде и нашата – или ќе терам говеда на кланица (салана)“.

Продолжува

 5.8

Проф. д-р Ѓорѓи Малковски

 

На прво место

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (65)

На 17 јуни 2018 година е потпишан од шефовите на дипломатии на Грција, Никос Коцијас и Македонија,...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ПРВИОТ БИБЛИСКИ РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (9)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од „Библискиот...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (32)

ПЕЛАШКО-ЕОЛСКА АТИНА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.