Среда, 20 Мај 2020   
Гоце Делчев како синоним и инспирација за развојот на Народноослободителната борба на македонскиот народ во Втората светска војна (1941-1944) (7)

1.0.4

Во обемната статија под наслов: „Куклите на германо-бугарските окупатори“, објавена во „Илинденски пат“, весник на Народноослободителниот фронт на Македонија од февруари-март 1944 година“, аналитички е генерализирана борбената активност на македонската војска на целата територија на Македонија, и, воедно, целосно е демаскирана улогата на сите окупатори и нивните слуги кои имале една и единствена цел, Македонија да не биде слободна држава и македонскиот народ да не биде признат како самостоен и независен политички субјект на Балканот.

За да не дојде и до внатрешни поделби меѓу Македонците, во статијата тие се повикуваат и на тоа дека: „Патот е еден. Славниот пат на Илинденските борци, по патот на Гоце Делчев, Јане Сандански и нимниот жив саборец Димитар Влахов. Ако уште денеска ги соединиме сите свои снаги и прстаниме да се цепиме на србомани, бугарофили или пак гркомани и ставиме крај на миналите омрази, брат протв брата, који биле вештачки разгоруени и потплаќани со јудино злато од кралските дворови на Србија, Грција и Бугарија “.

Во истиот весник, но во друга статија под наслов:„Пред свикувањето на народното ослободување“ од април 1944 година, уште еднаш се потенцира значењето на Гоце Делчев како движечка сила и мотивирачки лик за обединувањето на Македонците во Втората светска војна. Поврзувајќи го решавањето на македонското прашање како една од главните внатрешни противречности, во статијата се повикува дека дојден бил моментот народот еднаш засекогаш да го отфрлел националното ропство кое долги години го оневозможувале Македонецот да создаде своја држава и самостојност. Затоа, во статијата, како охрабрувачки елемент се споменува и периодот на Илинденското востание со следниве зборови: „Започнува една славна епопеја на борби, во кои Илинденското востание и Крушовската Република го манифестираат пред очите на цел свет нивниот општонароден и прогресивно-демократски карактер. Длчев, Сандански, Ѓорче Петров, Влахов и др. По својата доследност израснаја од таја епоха како прави и истински народни водачи“.

Многу интересна констатација, поврзана со името на Гоце Делчев околу заедничката борба на Македонците со останатите народности во Македонија, е анализирана во статијата:

„Слободна Македонија во демократска и федеративна Југославија“, објавена во весникот „Братство“, орган на Првата македонско-косовска ударна бригада април 1944 година. Во статијата особено се потенцира дека за успешната борба на Македонците доста можеле да придонесат и другите народности кои требало заеднички да се борат рамо до рамо со Македонците. При ова, како основна оправдувачка алка е земена и мислата на Г. Делчев дека во оружената борба од предилинденскиот период за слободата на Македонија, свој придонес требало да дадат и другите народности. Имено, во врска со ова, во статијата е запишано следново:„Овој идеал и слични мисли имаја и видните раководители на Македонското Илинденско востание. Гоце Делчев, големиот учител и воѓ на македонскиот народ, мислеше дека и една ослободена Македонија, каде ќе царујеше братсвото помеѓу разни народности, можеше да живеје слободна само меѓу слободни комшиски народи на чело со народни влади...“.

Исконското име на Гоце се споменува и во весникот „Народен Војник“, орган на Првата македонска народноослободителна ударна бригада од јуни 1944 година. Во статијата под наслов: „Ролата на народноослободителните комитети во народно-ослободителната борба на Македонија“ во која се зборува за воспоставувањето на првата народна власт во Кичевската околија, се укажува на фактот дека Македонецот: „ја покажа својата свесна воља да е тој останал верен на идеалите на воите големи учители од миналото Гоце Делчев, Јарев, Даме Грујев, Сандански и Димитар Влахов“.

Продолжува

 0102

 

Проф. д-р Ѓорѓи Малковски 

 

На прво место

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (65)

На 17 јуни 2018 година е потпишан од шефовите на дипломатии на Грција, Никос Коцијас и Македонија,...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ПРВИОТ БИБЛИСКИ РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (9)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од „Библискиот...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (32)

ПЕЛАШКО-ЕОЛСКА АТИНА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.