Среда, 08 Јули 2020   
„Бунтовник“

1BUNT

„Бунтовник“ бил весник кој излегувал во Софија во периодот 1898 - 1899 година како неофицијален орган на Задграничното претставништво, односно на Македонската револуционерна организација, преку кој се преставувале целите и намерите на Организацијата во однос на Македонското прашање.

Главен и единствен уредник на весникот бил Ѓорче Петров кој во тој период во Софија, покрај Гоце Делчев бил нелегален преставник на Организацијата и како задграничен преставник ги застапувал и штител нејзините интересите.

Весникот се печател на бугарски јазик и неговото издавање било тајно, нередовно и ненумерирано. Во своите спомени Ѓорче Петров истакнува дека тој издал 11 броеви во ограничен тираж и го растурал на помали групи на лица кој се интересирале за македонското револуционерно дело.

Весникот бил наменет за македонска емиграција како и бугарскиот народ со цел да се придобијат нивните симпатии кон Организацијата, но весникот бил растуран и во Македонија за да се придобие и македонското население кон револуционерното дело.

Од овој весник се сочувани само три броја и врз основа на нив може да се заклучи дека целта на „Бунтовник“ била да се коментира Македонското прашање и да се пропагира револуционерна борба.

Најголемиот дел од текстовите се на Ѓорче Петров преку кој тој агитирал за револуционизирање на населението и за кревање на едно можно идно востание.

Бугарскиот трговски агент Атанас Шопов од Солун во еден свој извештај до бугарскиот премиер истакнал:

Д. Груев... бил училишен инспектор во Солун... негови коресподенти во Софија биле Ѓ. Петров и поранешниот секретар на трговското агентство во Солун, Стаматов, кој работел по негови упатсва.

Овој извештај бил испратен во 1898 година кога Ѓорче Петров го издавал „Бунтовник“ и јасно е дека таквата дејност била во согласност на самата Организација.

Ѓорче Петров поради својата, покрај другото и издавачка дејност дошол во судир со бугарските oпштествени кругови и затоа Димитар Ризов во јули 1898 година до бугарскиот премиер Констатнин Стоилов инсистирал Ѓорче Петров: да се мавне од Бугарија, каде ги брка со својата подземна и весникарска дејност, и да се испрати во оние пунктови на Турција, каде ќе биде безопасен.

Извори

Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозофски Факултет, Скопје, 2003

 

На прво место

News image

Што му порача Димовски на Заев

На изјавата и обид на премиерот Заев да релативизира и да ја внесе „северна“ и во ФФМ, реагираше...

Историја

News image

Дописка за положбата на македонските патриоти во Горна Џумаја" во 1935 г.

Тихомир Каранфилов Политичкиот тероризам во Бугарија, кој владееше во триесетите години на минат...

Иселеници

News image

ЛИЧНОСТИ ОД ЉУБОЈНО ПОСВЕТЕНИ НА ПИШАНИОТ ЗБОР - ДЕЛ I (12)

Текстовите во продолженија во порталот „Македонска нациј...

Култура и туризам

News image

По стапките на Месијата (3) Маслинова гора

Маслинова гора или Гетсиманска градина               Ма...

Фељтон

News image

КОИ БИЛЕ ВЕНЕТИТЕ ВО АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА? (15)

Според Пешиќ Венетите биле поморски и речни трговци, кои го рашириле писмото кон Етр...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.