Среда, 22 Јули 2020   
Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (63)

1.0.6

Во монографијата „Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески, од авторот Киро Кипровски, објавени се повеќе текстови објавени во медиумите кои се поврзани со Мане, неговата љубов кон Македонија и партијата ВМРО ДПМНЕ. Овие текстови не потсетуваат на едно време  кога секој Македонец во своето срце ја носеше својата татковина МАКЕДОНИЈА. Тоа е време кога идеологијата за Македонија ја започна и приказната за ВМРО ДПМНЕ.

Мане Јаковлевски, еден од оснивачите на ВМРО ДПМНЕ, во текстот објавен во „МАКЕДОНСКА НАЦИЈА“  (вторник, 16 септември 2014 лето Господово) ќе ја пренесе приказната за ВМРО ДПМНЕ. Потсетувајќи не на историските моменти и идеалите на кои е формирана партијата, тој говори за вистинските личности и вредности, притоа укажувајќи дека без колективен ангажман нема добробит за државата. Во него, тој меѓудругото ќе напише:

„Кога се знае вистината и кога се почитуваат вистинските личности и вредности, се си има свој вистински тек. Да се потсетиме на неколку клучни моменти, без желба за докажување и без особен интерес за претставување и себепромовирање.

Да оставиме историјата да зборува за сите нас. Да се потсетиме на позначајните историски настани на историјата, кои беа темелник и поттик за формирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во демократска, самостојна, независна и суверена Република Македонија.

Во шведскиот град Трелеборг, на 23 јуни 1962 год. Македонците од Скандинавија, организирани во „самоиницијативен одбор“ го основале Ослободителниот комитет на Македонија (ОКМ). Главна и примарна цел на организацијата била: „да се бори против секоја тиранија над македонската слобода, како и против комунистичките влијанија, шовинизмот, сепаратизмот и сл., како и да ги организира сите Македонци во светот кои имаат отворени срца и патриотски чувства за Македонија“. За прв претседател на ОКМ бил избран Димко Нечевски од Копенхаген, Данска.

На 30 април и 1 мај 1972 година, на вториот Вонреден конгрес на ОКМ, што се одржал во Бремен, Западна Германија било одлучено организацијата да го смени името и да се именува како Движење за обединување на Македонија (ДОМ).

Во ноември 1973 година во Минхен, името Движење за обединување на Македонија (ДОМ), било променето во Движење за ослободување и обединување (ДООМ), односно онака како што во 1972 година, првично предложил Гојко Јаковлески.

На заедничката конфренција на ЦК на ДООМ и на Главната контролна комисија на ДООМ, што била одржана во Минхен, З. Германија, на 3 ноември 1973 год. претседателот Драган Богдановски, кој раководел со конференцијата, рекол дека за развојот и ширењето на Организацијата како меѓу македонската емиграција, така и во трите дела на Македонија...?

Драган Богдановски се до 1977 година беше претседател на ДООМ.

Во акцијата за расчистување со „опасните мигрантски кругови“, во 1977 год. во тогашна Југославија (СФРЈ) била донесена одлука за киднапирање на Драган Богдановски во Париз и беше осуден на 13 години затвор, а цели 11 години ја издржа затворската казна во македонскиот затвор Идризово.

Кои се основачите на ВМРО – ДПМНЕ?

Сигурно е едно, да не беше Драган Богдановски и да не беше ДООМ, ДОМ и ОКМ немаше да биде и ВМРО-ДПМНЕ.

Пред одржувањето на основачкото сообрание во Скопје, на 17 јуни 1990 година, на Драган Богдановски како иницијатор за формирање партија, му претходеа средби во Берлин и Минхен.

Да не беше Драган Богдановски немаше да се случат средбите во Берлин и Минхен, исто така, да не беа средбите во Берлин и Минхен, немаше да има ВМРО-ДПМНЕ во Македонија.

Драган Богдановски не дојде на основачкото Собрание во Скопје, на 17 јуни 1990 г. бидејќи немаше патна исправа.

Богдановски никогаш не изрази желба да биде претседател на ВМРО-ДПМНЕ – ако посакаше сигурно ќе беше. Не само што негова беше идејата за формирање на Партијата, туку тој беше нејзиниот идеен творец, тој ги подготви сите доументи: статут, програма, одлуки, резолуции и сл. Ниту пак изрази желба да биде Премиер на Владата на Република Македонија. За функцијата Претседател на Република Македонија, Богдановски се надеваше дека ќе биде предложен и ќе биде избран,.

- КОЈ ИМА ПРАВО ДА БИДЕ ОСНОВАЧ НА ВМРО-ДПМНЕ?

- ПОКОЕН ДРАГАН БОГДАНОВСКИ - ИНИцИЈАТОРОТ И ИДЕОЛОГОТ НА ВМРО-ДПМНЕ;

- УЧЕСНИЦИТЕ НА СРЕДБИТЕ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН;

- СИТЕ КОИ БЕА ВО САЛАТА „ 25 МАЈ“ – ДОМ НА МЛАДИТЕ ВО СКОПЈЕ, На 17.06.1990 година;

- СИТЕ ИНИЦИЈАТИВНИ ОДБОРИ ЗА ФОРМИРАЊЕ ВМРО-ДПМНЕ ВО: МАКЕДОНИЈА, ЕВРОПА, АМЕРИКА, АВСТРАЛИЈА И КАНАДА;

- СИТЕ КОИ УЧЕСТВУВАА НА ОСНОВАЧКИТЕ СОБРАНИЈА ВО МАКЕДОНИЈА ОД 1990 ДО 1994 Г.;

- ОСНОВАЧИТЕ НА ЗАДГРАНИЧНИТЕ КОМИТЕТИ НА ВМРО-ДПМНЕ;

- СИТЕ КОИ УЧЕСТВУВАА НА МИТИНЗИТЕ ЗА САМОСТОЈНА МАКЕДОНИЈА, ВО МАКЕДОНИЈА И ВО ДИЈАСПОРАТА;

- СИТЕ КОИ СО ЗБОР И СО ДЕЛО ЈАВНО И НЕДВОСМИСЛЕНО ДЕВЕДЕСЕТТИТЕ ГОДИНИ ЗАСТАНАА НА СТРАНАТА НА МАКЕДОНСКАТА КАУЗА.

Може да полемизираме кој колку има придонес за Македонија и за Партијата, кој и зошто ја напуштил, што го натерало да ја напушти, или зошто некој останал верен на донесените ПРОГРАМА и СТАТУТ? Но никој, апсолутно никој, поединечно не би смеел да каже, јас сам ја оснивав Партијата!

Зошто? Одговорот е едноставен – еден човек сам не може да формира Партија и да придонесе за својата држава без колективен ангажман.

Сите, независно од какви причини ја напуштија Партијата, да не ја заборават идејата заради која биле едно време основачи или членови, да не ја забораваат единствената идеја која сите ние ја носевме и ја носиме во срцата, а има едно име: МАКЕДОНИЈА!

ВМРО-ДПМНЕ е идеологија, формирана во исклучителен историски момент. Таа се претвори во народно движење, се претвори во стеблото на МАКЕДОНСКИОТ непокор, сплотена и цврста, со братска искрена љубов и подадена рака со добра мисла, опстојува како гарант на МАКЕДОНСКАТА иднина, сега и засекогаш, АМИН!“

(продолжува)

 

На прво место

News image

На 13 август 1951 - Кај селото Дорломбос на планината Беласица, се убиени пет струмички студенти

На 13 август 1951 - Кај селото Дорломбос на планината Беласица, со образложение на тогашната власт д...

Историја

News image

Русинот Бурич од Историската Конференција на Малта 1989: Без Македонизмот паѓа и целата цивилизација!

Осврт кон делото на рускиот мислител Владимир Бурич базиран на разговорите водени со него од макед...

Иселеници

News image

ПАРАКЛИСОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА И СПАСИТЕЛОТ ИСУС ХРИСТОС“ ВО ЗУБОВЦЕ (24)

85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС...

Култура и туризам

News image

ЗБИРКА ПОЕЗИЈА ОД ОЛИВЕРА ЈОВАНОВСКА

  Оливера Петрова-Јовановска Деновиве, во издание на МЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј, изле...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (33)

ПРАИСТОРИСКИОТ КРИТ И КИКЛАДСКИТЕ ОСТРОВИ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.