Среда, 09 Септември 2020   
Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (70)

1.0.6

Драган Богадановски (18.09.1929 – 31.05.1998) е еден од најпознатите македонски политички дисиденти по Втората светска војна. Во 1950 година ја напуштил земјата откако тогашните југословенски власти му забраниле да студира поради иницијативата за ортварање на „Македонски студентски клуб“ во Белград. Цели три децении потоа бил во челните редови на македонската патриотска емиграција. Тој е идеолог и еден од оснивачите на ВМРО ДПМНЕ.

На 31 мај 1998 година Драги Бигдановски починал во воз во Данска, на пат од Шведска во Германија. Неговото тело подоцна е донесено во Македонија и погребано на 1 август на градските гробишта во Куманово.

Пријателите, соборците и македонските патриоти, на 18 септември, на денот на роденденот на Драган Богдановски, се собираат на неговото последно почивалиште, за да ја искажат својата почит кон неговото дело.

Во монографијата „Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески“, од авторот Киро Кипровски, објавени се повеќе говори, меѓу кои и обраќањето на Мане на 18 септември 2011 година на поменот на Драган Богдановски на градските гробишта во Куманово. По повод 18 септември 2020 година се потсетуваме на овој говор, во кој Мане за својот близок пријател и соборец ќе каже:

„Почитувани блиски роднини на нашиот Драган, соработници, следбеници и почитувачи на неговите дела!

Се собравме овде, пред неговото вечно почивалиште, уште еднаш да му оддадеме достојна почит, за се што стори за денешната самостојна и суверена Македонија. Дојдовме на неговиот роденден, да беше жив ќе го празнувавме 82 роденден.

Драган Богдановски беше роден на 18 септември 1929 год. во село Клечовце, кумановско, а починана крајот од мај 1998 година во Копенхаген, Данска. Беше погребан во Куманово, на 1 август 1998 година.

Драган е еден од најпознатите политички емигранти идеен творец и почесен претседател на ВМРО - ДПМНЕ. Како денес се сеќавам на мојата прва средба со Драган, во седумдесеттите години минатиот век во Гетеборг, Шведска. Тогаш ми говореше за идејата и целта на ДООМ (Движење за ослободување и обединување на Македонија), за програмата и за активностите, кои членовите на движењето требаше да ги остваруваат. Долго во ноќта разговаравме за македонските работи, ми кажуваше како македонската емиграција треба да делува во остварувањето на главната цел – Македонија да стане независна, самостојна, суверена, демократска држава, а со тоа да се остварат идеалите на македонските Илинденци.

Се сеќавам на информацијата од 1977 година, кога УДБА те киднапира во Париз и те донесоа во Југославија. По двегодишна истрага, беше осуден на строг затвор од 13 години и одлежа 11 години во македонскиот затвор Идризово, Скопје и беше прогласен за државен непријател на СФРЈ.

Се сеќавам на мојата посета во затворот Идризово, кога ми го кажа целото сценарио за неговото киднапирање.

Се сеќавам на настанот во април 1990 година, кога од Шведска дојде во Берлин. Не запозна со идејата, дека имаш подготвено програма и статут за партија, која треба да се формира во Македонија. Добро се сеќавам, кога по состанокот во Берлин, со Гојко заминавте во Минхен.

Kако денес се сеќавам на 17 јуни 1990 година, ден недела, кога во салата на Домот на млади „25 мај“ во Скопје, се собраа неколку стотини патриоти од сите краеви на Македонија, од Европа, Америка, Канада, Австралија, кои учествуваа на Основачкото собрание на ВМРО - ДПМНЕ. Ти не можеше да дојдеш на основачкото собрание, затоа што немаше патна исправа. По излегувањето од затвор во 1988 година, заедно заминавме во Берлин и во ресторанот „Ново Скопје“, го искина југословенскиот пасош со зборовите: „Не сакам да имам кај мене југословенска патна исправа. Кога ќе имаме сопствена македонска држава, тогаш ќе земам македонски пасош“. Добро се сеќавам, кога во Берлин 1991 г., се одржа прво советување на Македонците во дијаспората. На тоа советување присуствуваа претставници од Европа, Австралија, Канада, Америка, Пиринска и Егејска Македонија, и беше донесена одлука да се формира Задграничен комитет на ВМРО - ДПМНЕ.

Добро се сеќавам и на 6 и 7 април 1991 год., на првиот Конгрес на ВМРО –ДПМНЕ во Прилеп, каде ти беше избран за почесен претседател на партијата.

Драган, денес имаме се што тогаш ветивме, имаме Влада од партијата, која тогаш ја формиравме, а ти беше идеологот, Влада на ВМРО –ДПМНЕ.

Имам да кажувам многу, што било, како се случило, кој што правел...

Го оставаме зад нас проклетството на минатото, кога Македонското ослободително движење најмногу страдало од самите Македонци, од нивното славољубие и користољубие. Денес има многу, пред се, млади луѓе, кои ја следат и живеат за идеологијата и љубовта кон родната грутка, на будење на заспаните, исплашените срца и души на Македонците, каде и да се во светот!

Ти беше човек на кого му верував, иако понекогаш се расправавме, а се расправавме за некои детали околу нашата заедничка борба за Македонија.

Те поддржував, со чиста совест и срце, бидејќи ти беше човекот со искрена верба и посветеност кон македонската кауза!

Македонија врви по патот за кој се боревме. Денес сме самостојна, горда држава на македонскиот народ.

Знам Драган дека гледаш од далечината и се радуваш со сите нас! Ти и сите кои се боревте за  Македонија, а не сте меѓу нас, почивајте во мир!

Нека ви е лесна македонската земја, упокоени родољуби!

Ќе запалам свеќа за вечен помен на Драган и на сите другари и истомисленици, за сите знајни и незнајни јунаци, кои се бореле за самостојна Македонија.

АМИН!!!“

3.5.6

Манојил со сопартијците на помен на вечното живеалише на Драган Богдановски

 

На прво место

News image

Народот очекува најголемиот буџет во историјата на македонија да се троши домаќински

Народот има мандатно писмо до крими тендерашката власт на Заев да ги решава проблемите кои сама ...

Историја

News image

Борба за воведување на македонското наречје во Солун

Тихомир Каранфилов Во четвртото продолжението на „Жестока борба со грчката пропаганда кон крајот на...

Иселеници

News image

ФОРМИРАЊЕТО НА ЦРКВАТА „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО ТОРОНТО (2)

   По повод 30-годишниот јубилеј на првата маке...

Култура и туризам

News image

ПРОФ. Д-Р ВЕЛО МАРКОВСКИ, најуспешен македонски аналитичар на ковид-19, ја доби МЕМОРИЈАЛНАТА НАГРАДА „Д-р МАРИЈА И ЕМИЛ

Кој е највлијателен настан во историјата на светското здравство и медицина - веќе сите на планетат...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (39)

  ХЕСПЕРИДИНИТЕ ГРАДИНИ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.