Среда, 16 Септември 2020   
Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (71)

1 1а

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (71)

Во монографијата „Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески“, од авторот Киро Кипровски, објавени се повеќе говори, меѓу кои и обраќањето на Мане на ветераните на трибината во Струмица одржана на 25 февруари 2015 година.  Мане пред своите пријатели и соборци тогаш ќе каже:

„Почитувани сестри и браќа, почитувани ветерани на ВМРО - ДПМНЕ, дами и господа!

Kако денес се сеќавам на 17 јуни 1990 година, ден недела,  во салата на Домот на млади „25 мај“ во Скопје, се собраа неколку стотини патриоти од сите краеви на Македонија, од Европа, Америка, Канада, Австралија, кои учествуваа на Основачкото собрание на ВМРО - ДПМНЕ.

Од говорницата беше изговорено: „Македонија ќе има своја армија, своја валута, македонски амбасадори, македонска репрезентација во фудбал, кошарка, ракомет.... ќе ги има сите нишани на една современа, европска држава“.

Денес имаме се што тогаш ветивме, денес имаме Влада од партијата која тогаш ја формиравме, Влада на ВМРО – ДПМНЕ на чие чело е премиерот, Никола Груевски.

Како денес се сеќавам на мојата прва средба со Драган Богдановски во Гетеборг. На таа средба, ми говореше за идејата и целта на ДООМ (Движење за ослободување и обединување на Македонија), за програмата и за активностите, кои членовите на движењето требаше да ги остварат. Долго во ноќта, разговаравме за македонските работи, како македонската емиграција политички да делува во остварувањето на главната цел, Македонија да стане независна, самостојна, суверена, демократска држава, а со тоа да се остварат идеалите на македонските Илинденци.

Се сеќавам на настанот што се случи ноќта, меѓу 31 јули и 1 август 1974 г., кога во Минхен, во хотелот во кој работеше, на ѕверски начин беше убиен Благоја Шамбевски, секретарот на ДООМ.

Смртта на Благоја Шамбевски, или на Шамбета, како што го викавме интимно неговите другари, беше голема загуба за македонската ослободителна кауза, и посебно за ДООМ, зашто тој беше еден од најзаслужените организатори и предводници на современата илинденска борба на македонскиот народ, за ослободување и обединување и еден од најстабилните столбови на ДООМ.

Се сеќавам на информацијата од 1977 година , кога УДБА организира киднапирање на Драган Богдановски во Париз и беше доведен во Југославија. Онесвестен и со дипломатско возило, бил пренесен во Љубљана, а подоцна во Скопје. Драган беше осуден од македонски суд, на 13 годишна робија.

Се сеќавам на настанот, кога во април 1990 година, Драган Богдановски од Шведска доаѓа во Берлин. Тој не запозна со идејата, дека има подготвено програма и статут на партија, која треба да се формира во Македонија. Драган не информираше дека е во контакт со луѓе во Македонија, кои се подготвени со поддршка на Македонците од дијаспората, да започнат активност за формирање партија во Македонија.

Добро се сеќавам кога по состанокот во Берлин, Драган Богдановски и Гојко Јаковлески заминуваат на друг состанок во Минхен.

На тој состанок во Минхен, беше одлучено, пред името на партијата ДПМНЕ, кое го предложи Драган, да се додаде и придавката ВМРО.

Добро се сеќавам и на 6 и 7 април 1991 год. кога во Прилеп, на првиот Конгрес на ВМРО - ДПМНЕ, Драган Богдановски беше избран за почесен претседател на партијата.

Во септември 1991 год. во Берлин, ВМРО –ДПМНЕ одржа прво советување на Македонците во дијаспората. На тоа советување присуствуваа преставници од Европа, Австралија, Канада, Америка, Пиринска и Егејска Македонија.

На состанокот во Берлин, беше донесена одлука да се формира Задграничен комитет на ВМРО - ДПМНЕ.

Имам уше многу да кажувам што било, како се случило, кој што правел...

Го оставаме зад нас проклетството на минатото, кога македонското ослободително движење најмногу страдало од самите Македонци, од нивното славољубие и користољубие. Иако и денес ги има таквите. Покрај искрените македонски патриоти, од кои многу мина во борбата за доброто на Македонија ги жртвувале и своите животи, имало, а за жал има и денес, лабилни карактери, превртливци и користољупци. Зависта како особина, која за жал ја поседуваат многумина, најчесто го изгладнува човечкото его, го помрачува умот и дури тогаш навистина неспособноста се изборила за власт. И покрај се, треба да правиме добри дела, не осврнувајќи се на завидливите, користољубивите и оние кои шират омраза и раздор.

Затоа, рековме дека мора да се стави крај на болеста завист. Не е таа наша македонска национална особина, единствено само ако ја прифатиме и ако се помириме со тоа дека зависта ни е судбина! Затоа, ни за миг да не забораваме дека и силата и слабоста, се пред се состојби на духот и умот!

Мили мои соборци! Времето на македонските идеалисти, кои ја носат и штитат македонската кауза не е завршено. Затоа, ни за миг да не заборавиме, дека недовербата и сaмобендисаноста може да не загрози, само тогаш кога ние ќе го допуштиме тоа, кога ќе почнеме да се соживуваме со човечките слабости и кога ќе избегнуваме да се соочиме со реалноста, барајќи ги виновниците и решенијата надвор од нас, а не во нас!

Да, драги мои истомисленици, добро знаете зашто зборувам. За одговорноста, за посветеноста, за храброста. Старите рекле дека храбар не е тој што нема страв, туку тој што е кадарен да го совлада стравот и да го најде патот во мракот! Ако сме уверени во исправноста на целите и на патот до нив, тогаш нема колебање, нема сомнеж, туку сигурно чекорење, со ведрина, со срце и посветеност, и со пружена рака, кон оние кои залутале, да се вратат на вистинскиот пат! Зависта во својот основен дел е особина на примитивни души, кои поради својата умствена ограниченост не успеале да си изградат почит и престиж во својата средина по нормален пат, па со подлости сакаат тоа да го постигнат.

Време е денес, ние Македонците сами да се запознаеме, да се погледнеме во огледало и да се запрашаме, со какви дела сме и помогнале на Македонија.

Господ никогаш не ја оставил Македонија на избезумените луди глави, на нивните пориви за хранење од нејзината крв и месо. Големата мајка -Македонија, никогаш нема да се потчини и да падне под нозете на неверниците и празните луѓе - нелуѓе.

Господ секогаш за Македонија ќе го одбере најдобриот чувар и бранител!

И кога ќе мислиме дека ете, нема надеж, Господ ни праќа спасение и тоа спасение од самите нас, зашто нели најголемите непријатели сме си меѓу себе, тоа е проклетство за македонскиот народ.

Сестри и браќа, среќен сум да речам дека има и многу, навистина многу, позитивни примери. Тоа ми ја грее душата. Примери за оние, кои веќе станале дел од историјата на оваа силна, горда, моќна Македонија.

Но и примери што ги гледаме денес. Никола Груевски е еден таков пример. Силен, стамен пример на човек, на патриот, на Македонец, посветен на идејата на исконското постоење на Македонија, на библискиот, македонски народ!

Кога беше избран за претседател на ВМРО - ДПМНЕ, бев горд во тие мигови, бидејќи знаев дека правиот човек е тука и дека ете, ерата на Македонија, на воскреснувањето на срцето на Македонецот започнува и сите ние ќе сме дел од повторната градба на скалилата кон величественоста на постоењето на нашата земја!

Со сите негови настапи, сите проекти можевме јасно да ги видиме кодексите на позитивните човечки одлики. Ние, постарите, на него гледаме со симпатии, поддршка и одобрување, а помладите со восхит и инспирација, оти она што Груевски го мисли, го кажува со зборови јасни и добро одмерени, а зборовите ги спроведува во дела, видливи и препознатливи.Никој не треба повеќе да се срами и да се обесхрабрува, ако своето дете го воспитува на достоинствен и чесен начин, зашто сега врвот од партијата ни дава пример за тоа!

Македонија сега може да се пофали со градење на современо, проактивно, одговорно општество и систем на иднината, кои сметам дека многу од другите ќе почнат да го прифаќаат и поздравуваат.

Денес, има многу луѓе, кои ја следат и живеат поради идеологијата и љубовта кон родната грутка, на будење на заспаните, исплашените срца и души на Македонците, каде и да се во светот!

Македонија е голема, оти не сме само толку и не сме само тука. Не има насекаде, не има многу! Оти се големи и длабоки македонската душа и ум, оти сплотени во единствената идеја за македонската големина и мисија, правиме повторно сонцето да го грее и осветлува македонскиот пат!

Најважна особина што треба да ја поседуваме сега е лојалноста. Лојалноста кон самите себе, кон идеологијата, лојалноста кон ВМРО – ДПМНЕ и кон Македонија! Свеста за национална посебност и одликите на саможртвуваност, смелост, борбеност, непокорност, беа главни причини да се опстојува и низ најтешкото.

Ја добивме пораката од Бога, се разбудивме од незнаењето и глупоста, а имаме и човек, кој стоички го прифати од нас даденото и од Бога благословено тешко бреме на одговорноста да води, кој е возљубен од милоста и љубовта кон својата Земја.

Нашето постоење е долго и никогаш нема да исчезне, освен ако  ние тоа не го дозволиме!

Нашите дејци и востаници велеле:

- „Јас не сакам востание со луѓе што ќе ме напуштат при првиот неуспех. Јас сакам револуција, со граѓани кадарни да ги понесат сите искушенија на една долготрајна борба. Да се придружиме на реформите и промените, кои ги воведува Премиерот, да му помогнеме и да покренеме иницијатива и ние, за да биде борбата уште поголема и пократка, зашто ако сите знаеме дека се бориме за квалитетот на нашиот живот, а со тоа и за квалитетот на животот на нашите деца, нашите внуци и идните поколенија, никој нема да не сопре во тоа!

Само сите заедно можеме да ја постигнеме целта! Зашто, еден не може да постигне, колку што можеме сите заедно! Тој нека биде гласот и предводникот на она, за што сме се определиле, но ние да бидеме движечката сила, која ќе ги остварува и ќе биде дел од постигнувањата на величествената големина на нашата Македонија и со тоа уште поголема величина на нашето постоење, со кое ќе сме горди на самите себе, но ќе бидат горди и сите наши поколенија на нас! Генерации се менуваа и секоја се учеше од минатато и мечтаеше за сеуште нестасаната иднина. Она грдо, со кое сеуште се соочуваме денес, е поради погрешните избори, кои биле правени во минатото! За среќа, премиерот ја увиде важноста за промена на свеста и вредностите на луѓето, за подигање и градење на една зрела и достоинствена здрава држава! Важни се законите, важна е власта, но уште поважни се луѓето, кои го прават столбот и основата за едно постоење, на која и да било Земја! Сведоци сме на кампањи за подигнување на свесноста за љубов кон својата Земја, за љубовта и почитта кон своето семејство, за подигнување на патриотското и чувството за припадност на своите и меѓусвоите. Афирмацијата на љубовта, чесноста, образованието, праведноста, патриотизмот мора да е долготрајно и упорно, зашто нивното всадување во човечкиот карактер не е лесно и брзо.

Македонија е света земја, секое камче секој ден открива уште еден дел од историјата, а традиционално е кај нас и да се негуваат љубовта и почитта кон Господ, семејството, скромноста, чесноста, праведноста. Сетете се, на што Ве учеле Вашите баби!

Наша света мисија како Македонци, со корен во ова свето парче Земја од каде Европа ја црпеше својата култура и цивилизација, е да даваме, бидејќи раката што дава не се суши. Да даваме со алал, на сите добронамерни во светот, а најмногу на најблиските околу нас.Ние не можеме да ја смениме силата, која ни ја движи крвта низ македонските вени. Македонецот по ген е роден водач и создавач, а местото на Македонија е на врвот.

Длабоко сум убеден, дека на чело со нашиот лидер, Никола Груевски, во Македонија победува демократијата, победува волјата на народот, победува патриотизмот и решеноста, да се оди со крупни чекори кон историска пресвртница во нашата татковина Македонија.

ВМРО- ДПМНЕ го има најголемиот, најуспешниот лидер на сите времиња, човек кој најискрено и вистински се бори за доброто на Македонија, човек кој не ги заборава ни нашите Македонци во иселеништво. Со неговата мудра политика, воздржаност, толерантност, чесност, го насочи народот кон нови хоризонти. Не направи да се чувствуваме горди на своето потекло, не поттикна неуморно да работиме за македонската кауза и тоа со една јасна цел- да го зачуваме нашиот посебен идентитет како Македонци и активно и несебично, да се залагаме за доброто на нашата земја.

Сум видел многу. Годините си го прават своето, па можам да разликувам и ценам. Затоа му порачувам на нашиот Никола, дека му верувам. Го поддржував, го поддржувам и ќе го поддржувам со чиста свест и срце, бидејќи тој е човекот кој го следи Божјиот пат, со искрена верба и посветеност, човек кој знае да предложи програма и да ја реализира, да го ветува реалното и ветеното да го исполни. Тој е човекот, кој работи ден и ноќ, со цел да ја направи Македонија достојна, горда и економски успешна, каква што генерации во минатото ја замислуваа!

Македонија горда држава, на горди Македонци!

Ете вакви Македонци, сестри и браќа, раѓа нашата држава. Бидете горди на тоа!

За победа на таа, таква Македонија на претстојните избори, наша должност е токму ние, ветераните, кои пред дваесетина години стававме глава, онаму каде многумина ни прст не сакаа да стават, да се погрижиме:

СИТЕ,

стари и нови членови,

симпатизери,

сите на кои Македонија им значи нешто,

сите граѓани, кои се посветени кон својата земја Македонија,

масовно да излеземе, сплотени во ВМРО-ДПМНЕ, кое е многу повеќе од партија.

ВМРО-ДПМНЕ е национално движење,

спој на славата од минатото и стремежот на сегашноста,

наш светилник кон иднината!

Да живее ВМРО-ДПМНЕ!

Да живее Македонија!“

000111

Mаноjил Јаковлески со ветераните пред домот на културата во Струмица

 

На прво место

News image

Народот очекува најголемиот буџет во историјата на македонија да се троши домаќински

Народот има мандатно писмо до крими тендерашката власт на Заев да ги решава проблемите кои сама ...

Историја

News image

Борба за воведување на македонското наречје во Солун

Тихомир Каранфилов Во четвртото продолжението на „Жестока борба со грчката пропаганда кон крајот на...

Иселеници

News image

ФОРМИРАЊЕТО НА ЦРКВАТА „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО ТОРОНТО (2)

   По повод 30-годишниот јубилеј на првата маке...

Култура и туризам

News image

ПРОФ. Д-Р ВЕЛО МАРКОВСКИ, најуспешен македонски аналитичар на ковид-19, ја доби МЕМОРИЈАЛНАТА НАГРАДА „Д-р МАРИЈА И ЕМИЛ

Кој е највлијателен настан во историјата на светското здравство и медицина - веќе сите на планетат...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (39)

  ХЕСПЕРИДИНИТЕ ГРАДИНИ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.