Среда, 04 Ноември 2020   
Бугаризмот е најопасен по македонското население

1bugar

„МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ“ - книга напишана во 1918 година од Французинот ЕДМОН БУШЈЕ ДЕ БЕЛ (Edmond Bouchie de Belle), а печатена во 1922 година во Париз.

Французинот книгата ја пишувал од 1915 до 1918 година во Лерин, Егејска Македонија, додека бил припадник на француските воени трупи за време на Првата светска војна.

Книгата е посветена на барањето можни решенија на „македонското прашање“ по завршувањето на Првата светска војна.

Во книгата ЕДМОНД ДЕ БЕЛ јасно истакнува дека иако Македонците имаат доста сличности со Србите и со Бугарите, сепак тие се посебен народ, кој постојано бил подложен на три соседни пропаганди кои сакале да го асимилираат: бугарската, сропската и грчката.

Де Бел за Македонците ќе напише:

„ Тоа е “оспорувана раса“ која себеси не се поистоветува ниту со Бугарите, ниту со Србите. Македонскиот проблем не постои ниту од денес, ниту од вчера.

Македонија и Македонците зад себе имаат долго минато, но тие нема да престанат да ја загрижуваат Европа.“.

„ Ако Македонија остане таква какви што е сега, затворено поле, но отворено за натпреварување на трите соседни раси: грчката, српската и бугарската, последната неизбежно ќе победи. Бугаризмот е најопасен по македонското население...“

„ Македонскиот народ за кој станува збор, јасно се разликува од трите други во тоа што ниту има национална свест ниту национален живот кој е идентичен со останатите три народи. Прашајте го селанецот од околината на Острово или на Битола, што е... Вo 90% од случаите ќе ви одговори : “МАКЕДОН“. Затоа добронамерниот набљудувач ќе го определува одделно ова население на кое најдобро би му одговарало името Македонски Словени или пак просто Македонци...”

Французинот ЕДМОН БУШЈЕ ДЕ БЕЛ (Edmond Bouchie de Belle) роден е во Везиње, Франција, во семејството на адвокат. Татко му бил успешен адвокат во Државниот совет и во Врховниот суд. Завршил класично образование во гимназијата Кондорсе, а потоа дипломирал на правниот факултет. По дипломирањето работи во Главната контрола, каде е примен во 1904 година како најдобар. Во 1912 година е наименуван за главен контролор. Освен зафати со економски и општествени прашана се забележани и неколку негови литературни студии. Заради звањето главен контролор во војската вршел функцијата на посебен благајник на армијата. Вршејќи административна работа, бил на фронтовите кај Сома, во Шампања, на подрачјето на Верден, и во Дуомон, каде е мобилизиран. Во војската влегува во пешадијата со чин на резервен поручик. Министерството на финансиите, што ги ценело неговите способности и компетенции, инсистирало тој да се врати на местото контролор. Тогаш самиот тој побарал својата должност да ја врши на тогаш најраздвижениот фронт во Македонија, така што на 14 декември заминал за Солун и веднаш е вклучен во Главниот штаб на Источната армија. Првите шест месеци ги поминал на кривината на Црна река, потоа во околините на Островското езеро, Лерин и Битола од септември до октомври 1918 година, преминал преку Прилеп и се нашол во Скопје, каде на 23 октомври 1918 година умира.

Mакедонија и Македонците

2bugar

„Mакедонија и Македонците“, 1922 година

Книгата „La Macedoine Et Les Macedoniens“ - Mакедонија и Македонците, ја пишувал за време на трите години, кои ги поминал како припадник на француските трупи. Основната преокупација на книгата е да бара и да даде предлог за можни решенија на „македонското прашање“ по Војната. Обидувајќи се да се ослободи од влијанието на минатото, за да ја набљудува реалноста, тој ќе се потпре пред сè врз личните опсервации, при тоа престојувајќи во еден дел од Македонија, без можности за пошироки и потемелни истражувања. Според него основна причина за македонскиот јазол и тешкотиите на неговото размрсување е „оспорувата раса“, што ја населува земјата. Вложувајќи напори да внесе јасност во тие дилеми, тој ќе констатира:

„Во сите рамнини на Македонија живеат селани што зборуваат словенско наречје, со грчка православна вера и која главно има етнички надворешен изглед вообичаен за словенските народи. Тие несреќни суштества имаат ни малку завидлива привилегија на нив да полагаат право дури три различни народности....

Но, добронамерниот набљудувач ќе оди подалеку од овие пристрасни тврдења. Тој лесно ќе констатира дека - ако Македонецот многу им е сличен на балканските Словени, тој нема потполно ништо хеленско. Уште повеќе, ако во извесни обичаи, вероисповеста и јазикот личи на Бугаринот, во другите е сличен на Србинот а не се идентификува сосем ниту со едниот ниту со другиот. Впрочем, тоа што некого го прави Бугарин, Србин или Грк, тоа е - повеќе од етничката или јазичната особеност - свест дека има своја националност и дека учествува во организиран национален живот. Значи дека народот за кој станува збор јасно се разликува од трите други во тоа што ниту има национална свест ниту национален живот идентичен на останатите три народи. Прашајте го селанецот од околината на Острово или на Битола, што е. Вo 90% од случаите ќе ви одговори : “МАКЕДОН“. Затоа добронамерниот набљудувач ќе го определува одделно ова население на кое, изгледа, најдобро би му одговарало името „Македонски Словени“ или пак просто ’Македонци’.”

Прашањето за односот Македонија-Европа де Бел го поставува преку две глобални категории: односнот на Србија, Бугарија и Грција спрема Македонија и односнот на Европа, односно шест држави, кои наметнуваат својата политика и волја. За првите ќе изрази становиште дека за Бугарија Македонија представува најголем, најсилен апетит, тоа е најтешко прашање и прашање на национално единство. Србија, не дека нема право на Македонија, туку поради погрешната политика има изгубено многу, иако со Балканската војна добила и непланирано повеќе територија. Грција е опседната од големата идеја, и со Балканската војна зела најголема територија од Македонија. Интересот на големите држави тој ги определува според следните квалификации: Австроунгарија и Германија со својот пангерманизам се експанзионистички расположени спрема исток; Англија настојува да ги сочува клучните патишта, меѓу кои и оние преку Балкан за истокот, Франција нема јасни интереси, Италија да загосподари со Јадран, а Русија се „самоуби“. Според него по крајот на војната најсправедливо решение е санкционирање на поделбата на Македонија, за да се избегнат кавгите меѓу соседите. Во сите варијанти е вклучен и интересот на Македонците, но само како објект на поделба, разместување итн. Бидејќи не наоѓа аргументи да покаже дека вистинскиот фактор во решавањето - Македонците, не може да се одбегне, крајниот заклучок останува, дека Македонија ќе биде предмет на задоволување на туѓите интереси.

Покрај политичките тензии, де Бел ќе направи и интересни констатации за луѓето, кои си ја оспоруваат Македонија:

„Судир на расите:Бугарите, Србите и Грците

1.Бугарите - Бугарското население од Македонија има две потекла: населување на жители од Бугарија и бугаризација на македонските Словени.

2.Србите - ... треба да се признае дека пред балканските војни, српската експанзија и влијание беа сосем слаби...

3.Грците - во Хелените наоѓаме сосема нова раса, која од гореспоменатите се разликува не само по потеклото, карактерот и говорот туку во сите поединости на индивидуалниот и општествениот живот и во самиот начин на живеење.“

Книгата е завршена на 22 септември 1918 година во Лерин, а ќе биде обелоденета четири години подоцна во Париз

 

На прво место

News image

Добро чуваната тајна за производство на свила, во Европа ја пренесува Јустинијан I

Денес свиларството е изумрено во Македонија. Сепак, по повеќе децении постојат поединечни обиди да с...

Историја

News image

Одлука за кревање на востанието – прво и второ Софиско советување

Во јули 1902 година во куќата на Бојан Биолчев во Софија се одржала средба на која присуствувале: Го...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД ПЕЧАЛБАРСТВОТО НА ЧЛЕНОВИ НА СЕМЕЈСТВОТО ЈАНОВСКИ (11)

Co стапувањето во брак на Толе со Доста Јановска, семејств...

Култура и туризам

News image

Александар ДОНСКИ : ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ РОМАНОТ „КУРБАН“ ОД ВЕЛИКА ЏАНГАЛОВСКА ГАТСИС

Деновиве во издание на МЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј (со издавачот Душан Ристевски) излезе од печ...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (49)

ГОЛЕМИ ПРЕСЕЛБИ НА СКИТИТЕ-ПРАСЛОВЕНИТЕ НА БАЛКАНОТ - НОВО ПРЕОБЛИКУВАЊЕ НА ПРАИСТ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.