Среда, 17 Март 2021   
Почеток и судбина на самостојна Македонија!!!

mane
Мане Јаковлески

Како  започна приказната за ВМРО ДПМНЕ?

Кога се знае вистината и кога се почитуваат вистинските  личности и вредности, сè си има свој вистински тек.

Во последно време излезе од контрола докажувањето, кој е „највистинскиот“ основач на ВМРО-ДПМНЕ.

Да се потсетиме на неколку клучни моменти, без желба за докажување и без особен интерес за претставување и себепромовирање. Да оставиме историјата да зборува за сите нас. 

Да се потсетиме на некои моменти од таа историја:

Во 1963 год. се формира македонската организација  ОКМ (Ослободителен комитет на Македонија). Во 1972 год. ОКМ, се трансформира во ДООМ (Движење за ослободување и обединување  на Македонија).

dragan-bogdanovski

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Драган Богдановски беше претседател на ДООМ до 1977 год.

Во акцијата за расчистување со „опасните емигрантски  кругови“, 1977 год. донесена е одлука за киднапирање на Драган Богдановски во Париз, по што е донесен во тогашна Југославија (СФРЈ) и осуден е на 13 години затвор, од кои издржува цели 11 години во македонскиот затвор Идризово. 

doom-logo-350

КОЈ Е, ИЛИ ПОТОЧНО, КОИ СЕ ОСНОВАЧИТЕ НА ВМРО - ДПМНЕ ?

Сигурно е  едно, да не беше Драган Богдановски и да немаше ДООМ  (Движење за ослободување и обединување на Македонија) немаше да има ниту ВМРО-ДПМНЕ.

На основачкото  сообрание на 17.06 1990 година му претходеа  средби на Драган Богдановски како иницијатор за формирање Партија, во Берлин и Минхен.

Средбата во Берлин пред формирањето на ВМРО-ДПМНЕ (13.06.1990)
Средба во Берлин пред формирањето на ВМРО-ДПМНЕ (13.06.1990)

 

Aerodrom vo Skopje- pred formiranjeto na VMRO-DPMNE 1

Гојко, Мане Јаковлески и Стево Доневски беа пречекани на скопскиот аеродром од Дијана Транталовска, Борис Змејковски и Кире Јанкуловски.

Да не беше Драган Богдановски немаше да се случат средбите во Берлин и Минхен, исто така, да не беа средбите во Берлин и Минхен, немаше да има ВМРО-ДПМНЕ во Македонија.

Основачко собрание на ВМРО-ДПМНЕ (17.06.1990, Дом на млади)
Основачко собрание на ВМРО-ДПМНЕ (17.06.1990, Дом на млади)


Драган Богдановски  не дојде на основачкото Собрание на 17 јуни 1990 г. затоа што немаше патна  исправа.

Богдановски никогаш не изразил желба да биде Претседател на ВМРО-ДПМНЕ - ако искажеше таква намера сигурно дека ќе беше, затоа што негова беше идејата за формирање Партија. Ниту пак изрази желба да биде Премиер на Владата на Република Македонија. За функцијата Претседател на Република Македонија? ДА, Богдановски се надеваше дека ќе биде предложен и избран за Претседател на Македонија.

Да беше жив КОСТАДИН ДИНЕВСКИ- ДИНКАТА, (македонски десидент, кој лежеше во затвор 4 години за „непријателско“ организирање) близок   пријател и истомисленик на Богдановски, лично тврдам дека Тој ќе беше првиот Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
osnovacko-sobranie-vmro-dpmne-1991

17.06.1990 osnivacko sobranie na vmro-dpmne 1

КОЈ ИМА ПРАВО ДА СЕ ЧУСТВУВА ДЕКА Е ЕДЕН ОД ОСНОВАЧИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ?

* ПОКОЕН ДРАГАН БОГДАНОВСКИ - ИНИЦИЈАТОРОТ И ИДЕОЛОГОТ НА ВМРО-ДПМНЕ;

* УЧЕСНИЦИТЕ НА СРЕДБИТЕ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН;

* СИТЕ КОИ БЕА ВО САЛАТА 25 МАЈ - ДОМ НА МЛАДИ НА 17.06.1990 година;

* СИТЕ ИНИЦИЈАТИВНИ ОДБОРИ ЗА ФОРМИРАЊЕ ВМРО-ДПМНЕ ВО : МАКЕДОНИЈА, ЕВРОПА, АМЕРИКА, АВСТРАЛИЈА И КАНАДА;

* СИТЕ КОИ УЧЕСТВУВАЛЕ НА ОСНОВАЧКИТЕ СОБРАНИЈА ВО МАКЕДОНИЈА ОД 1990 ДО 1994 Г.;

* ОСНОВАЧИТЕ НА ЗАДГРАНИЧНИТЕ КОМИТЕТИ НА ВМРО-ДПМНЕ;

* СИТЕ КОИ УЧЕСТВУВАА НА МИТИНЗИТЕ ЗА САМОСТОЈНА МАКЕДОНИЈА, ВО МАКЕДОНИЈА И ВО ДИЈАСПОРАТА;

* СИТЕ КОИ СО ЗБОР И ДЕЛО ЈАВНО И НЕДВОСМИСЛЕНО ДЕВЕДЕСЕТИТЕ ГОДИНИ ЗАСТАНАА НА СТРАНАТА НА МАКЕДОНСКАТА КАУЗА.

СИТЕ ПОГОРЕ НАБРОЈАНИ  ИМААТ ПРАВО ДА СЕ НАРЕКУВААТ ОСНОВАЧИ И ВЕТЕРАНИ.

Може да полемизираме кој колку има придонес за Македонија и за Партијата, кој и зошто ја напуштил, што го натерало да ја напушти, или зошто некој останал верен на донесените ПРОГРАМА и СТАТУТ, но никој, апсолутно никој, поединечно не би смеел да каже, Јас сам ја основав.

Зошто? Одговорот е едноставен - еден човек сам не може да формира Партија и да придонесе за својата држава без колективен амгажман.

Сите, независно од какви причини ја напуштија, да не ја заборават идејата заради која биле едно време основчи или членови, да не ја забораваат единствената идеја која сите ние ја носевме и ја носиме во срцата, а има едно име: МАКЕДОНИЈА!

ВМРО-ДПМНЕ, е идеологија, формирана во исклучителен историски момент, се претвори во народно движење, се претвори во стеблото на МАКЕДОНСКИОТ непокор, сплотена и цврста, со братска искрена љубов и подадена рака со добра мисла, опстојува како гарант на МАКЕДОНСКАТА иднина, сега и засекогаш,

АМИН!

Мане Јаковлески

 

На прво место

News image

Власта на СДСМ од Република Македонија направи мафијашка држава

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го назначи Генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски за Претседател ...

Историја

News image

Го подготвувале народот за идната Голема Македонија

Оваа Дружина припаѓа кон денешниот преовладувачки словенски елемент, дека името на тој елемент му е ...

Иселеници

News image

ИЛИНДЕН – НАЈСВЕТЛИОТ ДАТУМ ВО ИСТОРИЈАТА НА ПЕЧАЛБАРСКА ПРЕСПА И ЉУБОЈНО (2)

Илинден е најголемиот ден на слободарскиот дух од сите ден...

Култура и туризам

News image

МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМИТЕ 8 АПРИЛ И НИВНИОТ РАЗВОЈ ВО СВЕТОТ

Меѓународниот ден на Ромите 8 Април се слави, речиси, во сите места во Република Македонија, каде&...

Фељтон

News image

ИСТОРИСКИ ДОКАЗИ ЗА ВИСТИНАТА НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (5)

Во Воведот на публикацијата „Историја на македонскиот народ од антички времиња до ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.