Вторник, 04 Август 2009   
Јас сум Македонец!

Досега необјавено интервју со претседателот на Крушевската Република Никола Карев за грчкиот весник "Акрополис" од 8 мај 1903 година

ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ!

С.Т.Стам

* Бугарија направила лоша сметка ако мисли да нe` потчини. Нас единствено нe` интересира нашата слобода
* Комитетот не е бугарски. И Грција да сакаше да ни помогне ќе ја прифатевме со цело срце

- Македонец ли си? Го прашувам

- Да.

- И следователно Грк.

- За ова не знам, ми одговори, јас сум Македонец

- Директен наследник на Александар Велики? Му велам иронично

- Да.

- И Александар Македонски што беше, ве молам?

- Не знам, но историјата вели дека бил Грк.

- Тогаш и ти, како негов наследник, си Грк.

- Не, ми одговори.

- Значи, тогаш го прашувам пак, зошто кога веќе сте Грк сакате да се ослободите преку (со помош) на Бугарија?

- Која Бугарија, мислиш на Комитетот?

- Да.

- Ти одговарам дека Комитетот не е бугарски и, второ, изгледа дека сме наклонети кон Бугарија затоа што само таа се покажува расположена да ни помогне. И Грција, ако го правеше истото, ќе ја прифатевме со целото наше срце.

- Бугарската заштита ја гледате само површински, Бугарија не сака да ве ослободи од турското ропство, туку да ве (потчини) пороби.

- Хм! Ако Бугарија мисли да нe` претвори во нејзина провинција си направила лоша пресметка. Инаку, нас не нe` интересира што мисли Бугарија, туку обрнуваме внимание само на следново: "Си ја постигнуваме ли целта"? Си ја добиваме ли нашата слобода? Не нe` интересира дали ќе нe` ослободи Грција или Бугарија. Единствено што може да добие секоја една од нив е само наша благодарност.

- Добро, ако се ослободите, што сакате да бидете, автономија?

- Да, како што е во Швајцарија, во која три различни племиња живеат во крајна хармонија и љубов.

- Да, но, знаете дека на таков начин вршите услуга на интересите на Панславистичката Етерија, чиј огранок е и Комитетот?

- Каква услуга вршиме?

- Како што се изјасни погоре Македонија е грчка земја, а ако секоја грчка земја бара да биде автономна тогаш доаѓа до ослабнување на Грција, а тоа го бара Панславистичката Етерија.

- Зошто го бара?

- За еден ден да нe` пороби и нас и вас и затоа сака да нe најде слаби за да го постигне тоа полесно.

Карев за момент изгледаше замислен. Јас побрзав да го прекинам молчењето.

- Зошто не сакате да се обедините со Грција?

- Затоа што ако нe` земе Мора (Грција) ќе стане една голема држава и следователно монархија. Во таков случај ќе произлезат многу зла - прво монархијата и тоа што произлегува од неа, а второ, Грција ќе нe натера да војуваме со Бугарија, нешто што (ние) не го сакаме.

- Вие што сакате?

Ми ја покажа капата:

- Сакаме република.

- Демократија и пријателство со Бугарија?

- Не само со Бугарија, туку со секој што ќе ни помогне да се ослободиме.

- Со Бугарија сакате да се обедините?

- Не! Не!

- И ова ви го проповеда (учи) Комитетот?

- Да.

- Тогаш овој Комитет кој толку многу се грижи за вашата независност зошто не бара заштита од Грција која има повеќе должности да ве ослободи, туку клоните кон варварите?

- Да ви одговорам веднаш. Ние личиме на човек кој паднал во морето и се наоѓа во опасност, секој момент да се удави. Е, не ми велите, ве молам, овој човек за да се спаси ќе се фати ли за сe` што ќе најде во тој момент пред себе, дури и за змија? Во таква положба сме ние, дури и Турчин да ни пружи рака за спас ќе ја грабниме со благодарност.

- Но, грчките првенци, свештеници и учители зошто ги убивате кога немате ништо посебно против никој?

- Ова се лаги. Комитетот не убива само Грци, туку и Бугари и Срби и Турци и секого кој предава.

- Ова се изговори за гревовите, уништивте многу грчки патриоти затоа што не даваа пари за вашиот Комитет.

- Овие работи ги измислувате вие Грците како и другите.

- Кои други?

- Ете, тие во Солун, поставивте вие луѓе да го направат тоа што го направија за да го оцрните Комитетот (станува збор за Солунските атентати, б.м.).

Не можев да се воздржам и страшно се насмеав што предизвика љубопитност кај сопственикот Таску Квата, кој ми се приближи.

- Што ти вели? Ме праша.

- Тоа и тоа.

- Хм! Ама како ќе се види дека е Бугарин дебелоглавец, ако не беше Бугарин не ќе кажуваше такви зборови, особено сега кога и ѕидовите имаат уши.

- Да, да ова што ви го велам јас повтори Карев - едно дрво кое ја проби земјата и изникна, зошто да не го вадат сите за да порасне?

- Да.

- Да, но знаете со што го вади Бугарија. Со отров на омраза кон грцизмот.

- Како и да е ова вадење (полевање), нe` освежува и нe` натера да ги завртиме гранките кон онаа страна кон која, признаваме дека ништо не нe` поврзува и да бегаме од вас со кои немаме иста крв и иста историја; ова е на некој начин протест против грчкото интересирање (за нас).

- Ова што го велиш е резултат на бугарското вадење, зашто Грција никогаш не престанала да ве поддржува и со писменоста и со оружје.

И пак Карев не ми одговори.

- И сега, по последните настани што мислите да правите? - Го прашав. (се мисли на т.н. Горноџумајско востание од есента 1902 б.м.)

- Ништо друго освен да ја продолжиме борбата.

- Да, но зар не знаете дека зад таа борба се крие борба подла и нечесна?

- Тоа нас не нe` интересира, доволно е да си ја постигнеме нашата цел.

- Значи и со убиства?

- Штом се вршат за доброто на еден народ.

- Имате право какви учители имавте такви лекции научивте...

Карев пак не ми одговори, само стана и полека тргна кон неговата соба, додека зад него сите гости на хотелот на разни начини ги коментираа неговите зборови.nikola-karevnikola-karev1
 

Историја

News image

ЦИА за заедничката судбина на децата-бегалци од грчка и македонска националност

Во оваа прилика пренесуваме како агентите на ЦИА во 1953 година во детали известувале за состојбат...

Иселеници

News image

Митрополитот Кирил – првиот архиереј во македонското иселеништво (5)

  ДЕЛ ОД ПАТОТ НА УСПЕХОТ НА КУМАНОВСКО-ПОЛОШКИОТ АР...

Култура и туризам

News image

ДА СИ ВЕЧНА ЗЕМЈО МОЈА

ПРОМОЦИЈА НА ЕТНО ЗАПИС - „ДА СИ ВЕЧНА ЗЕМЈО МОЈА”  

Фељтон

News image

Александар Македонски (63)

Александар Македонски (63)

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.