Среда, 08 Јуни 2011   
Декларација на македонската парламентарна група во бугарското собрание во 1924 г.

avtonomistiМајскиот манифест на ЦК на ВМРО (Автономистичка) бил донесен на 6 мај 1924 година со неговото потпишување од страна на членовите на ЦК - Тодор Александров, Александар Протогеров и Петар Чаулев. Со потпишувањето на Манифестот, ВМРО на Александров, се вратило кон идеалите на старата ВМРО на Гоце Делчев и Јане Сандански, борејќи се за автономија на Македонија, што би резултирало со создавање на Балканска федерација во која и самата таа Македонија требало да влезе. Исто така, тие се обврзале дека ќе заземат чист политички и демократски став во борбата на македонските интереси.

Покрај тоа, во Манифестот пишува и дека „ВМРО изјавува дека во својата борба за независна Македонија и Балканската федерација смета, пред сe, на обединетите револуционерни сили на целото македонско население, без разлика на вера и народност, кои ќе ја поведат својата борба во тесна соработка со револуционерните сили на трудбеничките маси во другите балкански држави.“ Пресвртот во ориентацијата уште појасно е опишана со констатацијата: „ВМРО прекинува конечно со илузиите да ја очекува слободата на Македонија и создавањето на Балканската федерација преку интервенцијата на балканските шовинистички и европски империјалистички влади.“

При потпишувањето на Манифестот и другите документи во Виена 1924 година било договорено Манифестот да се објави во текот на месец јуни, по враќањето на Тодор Александров и Протогеров во Бугарија. Од тие причини и во „Декларацијата на македонската парламентарна група“ се вели: „согласно со објавениот во месец јуни манифест од 1924 година. Декларацијата како и манифестот биле потпишани на 6 мај 1924 година

Декларација на Македонската парламентарна група во Бугарското народно собрание е изработена и одобрена од Централниот комитет на Внатрешната македонска револуционерна организација, согласно со нејзиниот Манифест објавен во несец јуни 1924 година, а потпишана е од Петар Чаулев и Александара Протогеров, додека за Тодор Александров, по негово овластување се потпишани и двајцата.

Македонската парламентарна група на XX редовно Народно собрание во Бугарија во 1924 година ќе ја поднесе декларацијата. „Потпишаните народни пратеници: Каранџулов и д-р П. Кушев од Неврокопската изборна околија, Сребрен Петрев, М. Маџаров и Хаџиев од Петричката изборна околија, К. Николов, Мих. Монев и ... од Горноџумајската изборна околија, избрани за народни пратеници на споменатите околии од целото население на бугарска Македонија да ги застапуваме во XX редовно Народно собрание во Бугарија интересите на поробениот македонски народ во неговата целост,

ДЕКЛАРИРАМЕ:

1.  Политичката положба на Балканот создадена од Нејскиот договор ги постави бугарскиот и македонскиот народ во еднаква положба на борба за раскинувањето на синџирите на тој договор. Таа борба го установува заедничкото во интересите на двата народа, што ни го дава правото и можноста, застапувајќи ги во бугарското Народно собрание интересите на македонскиот народ, да ги застапуваме во исто време и добро разбраните интереси на бугарскиот народ.

2.  Со оглед на тоа, ние изјавуваме: а) дека македонскиот народ се бори за ослободувањето и обединувањето на распарчените делови на Македонија во една самостојна политичка единица, во нејзините природни етнографски и географски граници помеѓу р. Места, планините Родопи, Рила, Шар, р. Дрим, планината Грамос, р. Бистрица и Егејското Море; в) дека македонскиот народ и независна Македонија се борат и ќе се борат за економското и политичко обединување на сите балкански држави во една балканска федерација, која единствено може да ја гарантира економската независност и политичкото постоење на секоја една од нив, да им осигури економски пристап до трите балкански мориња, правилно да ги реши националните спорови на Балканот, осигурувајќи го културниот развиток на сите етнографски малцинства и по тој начин да дојде до дефинитивен мир на Балканот.

3. Потпишаните изјавуваме дека за остварувањето на тој идеал, еднакво спасоносен за Македонија, Бугарија и за сите балкански држави, Бугарија може со една здрава народна внатрешна политика и со една целосообразна надворешна политика во укажаниот правец да изигра решавачка рола.

Верувајќи дека денешната влада ќе најде средства за да ја поведе политиката на Бугарија по тој пат, ние, потпишаните, како одделни народни пратеници кои досега не припаѓавме кон ниту една од постојните парламентарни групи во ова Народно собрание, ја поткрепувавме, јавно или молкум денешната влада, за да и дадеме време и можност дефинитивно да ја формулира својата внатрешна и надворешна политика.

Денеска, кога таа политика е наполно оформена, како во прашањата на внатрешната управа на земјата, така и на нејзината надворешна политика, а особено кога нејзиниот однос кон македонскиот народ и аспирациите на македонскиот народ се појавува со таква јасност која не допушта никакво сомнение за правците во кои таа веќе ја поведе надворешната политика на Бугарија, - ние изјавуваме дека престануваме да бидеме одделни народни пратеници и дека образуваме самостојна Македонска парламентарна група, која, во рамките на легалната борба, определена од бугарскиот устав и закони, ќе се бори за издигањето на бугарскиот народ до степента на решавачки фактор за ослободувањето на Македонија и образувањето на Балканска федерација.

4. Од тоа гледиште, во својството на новообразувана група, Македонската парламентарна група протестира против целата внатрешна политика на денешната влада, заснована врз терор, убиства, гонење на политичките противници, растурање на цели партии, одземање на слободата на говорот, печатот, собирите, здружувањата - воопшто суспендирање на елементарните демократски гаранции за личноста и нејзините убедувања.

Таа најенергично и решително протестира особено против незаконските апсења и интернирања, извршени над стотици Македонци во Бугарија и запирањето на печатните органи на македонската емиграција во Бугарија уште повеќе дека бугарската влада ги врши тие акции за да и угоди на незаконските аспирации на една соседна, за македонскиот народ потисничка, влада.

Таа констатира дека поради ваквата внатрешна политика, денешната бугарска влада се истакнува не само како непријател на македонскиот народ и на неговата ослободителна кауза, туку таа ископала длабока пропаст пoмеѓу себе и големиот дел од бугарскиот народ, од градот и селото, што ја прави не само неспособна да ја организира Бугарија за елементарно спротивставување против нејзините надворешни непријатели туку ја застрашува земјата со нови крвави потреси, кои дефинитивно ќе ја обессилат Бугарија, а можеби и ќе ја избришат од картата на Балканот.

5. Македонската парламентарна група констатира дека поради внатрешната слабост и изолираност на денешната влада оваа последнава е принудена да води една совршено противнародна надворешна политика. Таа е бессилна да истргне какво и да е олеснување за Бугарија од нејзините репарациони задолженија, кои ја претворија во трибутарна држава; таа исполнува и е готова да ги исполнува за достоинството на народот и државата најпонижувачките каприци на соседните влади. Таа се готви, во соработка со српската империјалистичка политика кон Солун, да ја вовлече Бугарија во една нова авантуристичка политика кон Кавала, но го осуетува за долги години единственото и спасоносно за сите балкански народи разрешување на балканското прашање преку Балканската федерација.

Таа ненародна надворешна политика на денешната бугарска влада се должи на нејзината неспособност да ја постави Бугарија во контакт и разбирање со државите кои имаат општи интереси со неа.

Македонската парламентарна група со жал констатира дека владата не нашла уште средства и патишта за воспоставување на редовни дипломатски односи со Албанија и Турција. Но таа треба со особена енергија и негодување да протестира против престапната немарност на бугарската влада да воспостави пријателски односи со Сојузот на Социјалистичките Советски Републики (СССР), единствена држава која денеска нема никакви завојувачки и империјалистички цели на Балканот,  особено пак во моментот кога мали и големи држави се натпреваруваат да задржат не само пријателски туку дури и сојузнички основи. Таа немарност е до толку попрестапна, што таа држава, која на дело го остварува принципот за слободното самоопределување на народите, има да игра решавачка улога во дефинитивното уредување на судбините на народите во Европа и особено на Балканот.

6. Протестирајќи најенергично против целата внатрешна и надворешна политика на денешната влада, македонската парламентарна група изјавува дека кабинетот на Цанков загубил секаква доверба на народот од оваа и од другата страна на Рила и треба да си оди.

7.  Македонската парламентарна група изјавува дека ќе и ја даде својата поддршка на една таква бугарска влада која, потпирајќи се врз довербата на работните маси од градот и селото, ќе има морални сили да даде една вистинска демократска управа со сите гаранции за слободата на личноста, говорот, печатот, собирите, здружувањата, парламентот и слободното прифаќање на политичките бегалци на поробените нароси;  ќе го обедини народот околу делото за поскорешното заздравување на раните од разорните војни: ќе даде полна амнестија за да ги успокои разбрануваните од крвавите настани народни маси и ќе ги организира нивните сили за евентуално спротивставување на надворешните непријатели, без да се плаши дека тие сили ќе бидат свртени против неа; а во областа на надворешната политика ќе има смелост да ја извлече Бугарија од нејзината беспомошна изолираност, овозможувајќи и да се спогоди со државите што се борат за раскинувањето на ропските вериги на Париските мировни договори, за вистинското самоопределување на народите и на прво место да ја доведе во контакт и спогодување со Сојузот на Социјалистичките Советски Републики.

8.  Македонската парламентарна група изјавува дека во интерес на слободувањето и обединувањето на Македонија, во сопствениот интерес на целиот бугарски народ и на Бугарија, во интерес на Балканската федерација, таа е готова да им ја даде својата поддршка на сите политички групи, дури и на крајнолевите, за образувањето на една таква спасоносна за Македонија, Бугарија и за сите балкански народи, влада, под услов тие да ја прифатат оваа платформа.

Да живее слободна, обединета и независна Македонија! Да живее моќна Бугарија, ослободена од синџирите на Нејскиот договор!

Да живее Балканската федерација!

(Македонската парламентарна група во XX редовното народно собрание: - Следуваат потписите на пратениците.)

На 1 август 1924 година Александров изјавил дека „не потпишал никаков манифест и дека објавениот манифест е мистификација на егзалтирани комунисти“. Ваквата промена на ставовите била оценета кај Бугарите, Македонците и некои други балкански фактори како несериозен потег.

Со Манифестот не се согласила реакционата влада на Александар Цанков. Се смета дека тој наредил да биде убиен Александров. На 31 август 1924 година Александров бил убиен, а челната позиција во ВМРО ја презел Ванчо Михајлов кој го отфрла манифестот.
 

На прво место

News image

Македонија да ја направиме повторно Горда

  Претседателот на Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Мане Јаковлески на средба кај Мет...

Историја

News image

Титовите слуги измислуваат македонски национализам

На 18 јули о. г. сите дневни весници од Југославија донесоа подолги извештаи од заседанието на Секре...

Култура и туризам

News image

Верувања од Разлошко

Градба на куќа Кога се започнува да се копа темел за градење нова куќа, обично, се почнува со работ...

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ II) (28)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.