Среда, 23 Ноември 2011   
Кралеви на Античка Македонија (2)

Александар I бил крал на Македонија од 498 п.н.е. до 454 п.н.е.
Бил син на Аминта I.

Според Херодот тој бил во непријателски односи со Персија и ги имал убиено дипломатите на Дариј I кои дошле на дворот на неговиот татко за време на Јонската буна. Но подоцна морал да се покори на Персија за време на инвазијата на Грција од страна на Дариевиот син Ксеркс I и бил претставник на персискиот губернатор Мардониј за време на мировните преговори по поразот на Персија во битката кај Саламина во 480 п.н.е. И покрај неговата соработка со Персија, Александар често им давал војна помош и совети на Грците и ги предупредил за плановите на Мардониј во битката кај Платеа во 479 п.н.е. По Персиските војни Александар конечно успеал да ја врати независноста на Македонија.

Иако Македонија била сметана за полуварварска земја од страна на некои Грци (особено оние кои имале колонии близу Македонија и биле загрозени од македонскиот експанзионизам), Александар потекнувал од Грци од Аргос и од Херакле. По одлуката на судот на хеланодикаи дека тој навистина бил нивен предок, му било дозволено да учествува во Олимписките игри, чест која им била давана само на Грци. Го преуредил својот двор по урнек на Атина и бил покровител на поетот Пиндар.

Во 450 год. п.н.е. бил наследен од неговиот син Пердика II.

Пердика II бил крал на Македонија (448 п.н.е. до 413 п.н.е.). Бил син на Александар I.

По смртта на кралот Александар во 452, Македонија почнала да се распаѓа. Македонските племиња станале речиси целосно автономни и имале слаби врски со кралот. Кон 434 год., братот на Пердика, Филип, го предизвикал брата си за престолот и добил помош од Атина и кралот Дерда на Елимеја. Пердика возвратил со тоа што предизвикал востание во неколку вазални градови на Атина, вклучувајќи ја и Потидаја. Атина возвратила со 1000 хоплити и 30 бродови во Македонија и ја зазеле Терма. При маршот за опсада на Пидна, им се придружиле уште 2000 хоплити и 40 бродови. Меѓутоа, додека траела опсадата на Пидна, атињаните дознале дека Коринт пратил 1600 хоплити 400 лесна пешадија во поддршка на Потидаја. За да се справат со оваа нова закана, Атина склучила сојуз со Пердика и продолжила да се бори во Потидаја. Пердика веднаш го прекршил договорот и се упатил кон Потидаја каде атињаните победиле.

Во 431 год., Атина се сојузила со кралот Ситалк на Тракија, по венчавката на атињанинот Нимфодор со сестра му на Ситалк. Нимфодор потоа почнал преговори меѓу Атина и Пердика каде Пердика го добил назад градот Терма. Како резултат на тоа, Атина ја повлекла својата поддршка на Филип и Тракијците ветиле дека ќе му помогнат на Пердика да го фати. За возврат, Пердика измарширал накај Халкидики, кај истите луѓе кои првобитно ги разубедил да се бунтуваат.

Меѓутоа Пердика повторно ги изневерил атињаните и пратил 1000 војници во поддршка на Спарта во нивниот напад на Акарнанија во 429, но тие пристигнале предоцна за да бидат од помош (Тукидид 2.80). Како одговор на тоа, Ситалк ја нападнал Македонија со ветување за помош од Атина. Оваа помош никогаш не дошла и Пердика повторно употребил дипломатија за да го задржи интегритетот на Македонија. Ја ветил својата сестра за невеста на внукот на Ситалк, кој го убедил Ситалк да ја напушти територијата.

По оваа препирка, Пердика се сојузил со Спарта и, во 424 год., му помогнал на спартанецот Брасид да го завезе Амфиполис од атињаните кој бил една од најважните колонии заради нејзината обилност со дрво за бродоградба. Ова бил тежок удар за Атина бидејќи била приморана да увезува дрво од македонија многу години. Ова ја зајакнало силата на преговарање на македонија многукратно. За возврат, спартанците му помогнале на Пердика да ги зацврсти своите граници со тоа што го нападнале кралот Архабеј на Врска, со ветување на помош од Илирија. Меѓутоа илирците ја смениле страната и го нападнале Пердика и неговите спартански сојузници. Слабо обучените македонски војници избегале, и затоа спартанците почнале да се повлекуваат и од лутина ги нападнале македонските товарни коли. Ова го расипало односот помеѓу Македонија и Пелопонезот за многу години и затоа Пердика морал да склучи сојуз со Атина во 423/2 год.

Во 417, Пердика го напуштил сојузот со Атина и се приклучил кон Спартанско-Арговскиот сојуз. Само четири години подоцна, заради притисок од страна на Атина, Пердика ги раскинал врските со Пелопонезот и пратил помош на Атина во нападот на Амфиполис.

Пердика умрел во 413 п.н.е и му го предал кралството на својот син, Архелај.

Архелај I бил крал на Македонија (413 до 399 п.н.е.), кој стапил на тронот по смртта на неговиот татко, Пердика II. Мајка му на Архелај всушност била робинка, а Архелај успеал да дојде до тронот со тоа што го убил неговиот чичко, братучед и неговиот полубрат кој бил законски наследник, но се докажал како способен и полезен владетел кој од корен ја променил државната административна структура, војската и трговијата.

Кратко по неговото крунисување, Архелај бил соочен со ситуација која му дозволила тотално да ги промени односите на Македонија со Атина, кои представувале голема закана во последните 50-тина годни. Атињаните биле тешко поразени во Сиракуза при крајот на 413 год. и најголемит дел од нивните бродови биле уништени. Поради ова на атињаните очајно им требало огромно количество на дрво за нови бродови и така Архелај бил во состојба да ја постави цената. Потем тој великодушно ги снабдувал со сето дрво кое им требало. Како признание за ова, атињаните го почестиле Архелај и неговите деца со титулата,,Народен Проксенос и Евергет".

Потоа Архелај се зафатил за спроведување на многу внатрешни реформи. Издал големо количество на монети од одличен квалитет, изградил тврдини, направил прави патишта (од важност за мобилноста на војската) и ја подобрил организацијата на војската, особено коњицата и хоплитите.

Архелај исто така бил познат како човек од култура и создал посебни културно-уметнички врски со јужна Грција. Во неговото ново седиште Пела (кое го преместил од Ајга) тој почнал да ги прима големите поети, трагичари, вклучувајќи го и Еврипид (кој ги напишал неговите трагедии Архелај и Бахите за време на неговиот престој во Македонија), музичари, и сликари, вклучувајќи го и Зевкиј (најславниот сликар во тоа време). Архелај исто така и го вовел празникот Олимпија, кој бил верски празник со атлетски натпревари во чест на Зевс и музите во Дион. Најголемите атлетичари и ументници биле собрани на едно место за овој настан.

Архелај бил убиен во 399 п.н.е во лов од страна на еден од неговите пажови. Можно е ова дело да било дел од заговор, иако ништо никогаш не се докажало. Дотогаш тој успеал да ја претвори Mакедонија во голема воена и економска сила. Тукидид дури и има речено дека Архелај направил повеќе за Македонија отколку сите негови предходници заедно.

Орест, крал на Кралството Македонија, бил син на македонскиот крал Архелај I кој го наследил својот татко откако од престолот бил симнат убиецот на неговиот татко - Кратер. Владеел во периодот од 399 до 393 п.н.е. заедно со својот брат и старател Аероп II, во периодот кој бил одбележан со бројни недоразбирања внатре во династијата.

Аероп II бил крал на Македонија, старател на Орест, синот на Архелај I. Аероп владеел речиси шест години, започнувајќи од 399 п.н.е.

Во првите четири години владеел заедно со Орест, а во останатите сам. Бил наследен од неговиот син Павзаниј.

Архелај II бил вториот наследник на неговиот татко Архелај I и владеел седум години. Тој бил брат на Орест. Според Хроникон, Архелај владеел четири години.
 

На прво место

News image

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните избори

  Муцунски: Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните...

Историја

News image

Гоце Делчев неприкосновен лидер на македонската револуционерна борба

Општонародниот водач на македонската ослободителна борба Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 годи...

Иселеници

News image

НАЈГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА АНСАМБЛОТ „Томов“ И ЗА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Велигденски пост

Првичната цел на предвелигденскиот пост била насочена кон огласените, кои се припремале да бидат крс...

Фељтон

News image

АКТИВНОСТИ НА ФОНДАЦИЈАТА ПО СМРТТА НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ II) (25)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.