Среда, 25 Јули 2012   
Реканско Галички војводи

lazaropole-vojvodi

Максим Ненов

Роден во 1872 година во селото Тресонче, по занаeт иконописец. Во 1902 година тој се откажува од својата професија да црта икони, ја фрла четката и ја зема манлихерата за да биде борец за својот роден крај. Истата година влегол во четата на Наки Јанев – реонски војвода на галичко-реканската околија.

Во пролетта 1903 година Максим Ненов бил наговорен од галичкото реонско началство да дојде во Софија и организира една голема чета од галичани и реканци, да се врати во родниот крај за да има и нашиот крај една поголема чета и да земе учество во востанието.

Максим Ненов ја исполнил својата задача – организира една голема чета во соработка со таа емиграција и се упатил кон својот роден крај. Но за несреќа на 29 мај 1903 година, четата била откриена од турската војска и по жестока борба со големи жртви на противникот, e убиен војводата Максим Ненов и неколку четници во месноста Голека Планина на врвот чавките.

Песна за смртта на војводата Максим Ненов

Зората се зазори,
сл’нцето изгрева,
караулите свират
на Максима говорат:
- Стани, стани Максиме,
потера те сардиса,
потера малешевска!
Засвиреа куршуми,
загрмеа мауѕери,
удариха Максима
в лева страна по срце
и по него Петрета.

Јован Крстев Терзиев

Роден е во 1879 година во село Тресонче. Тој зема најживо учество како курир во кичевско-галичко-реканскиот реон. За време на една инспекциска служба на Даме Груев во селото Селце, со другарите како обезбедување на Даме Груев и неговите другари, Јован бил предаден од Зоге Мавровецот на османлискиот аскер. На барање да каже каде е четата тој одбил, велејќи дека ништо не знае. Потоа бил подложен на најужасни ѕверски мачења, но ништо не издал. Му биле извадени очите, му ја откинале едната рака, по што бил убиен од аскерот. Тоа се случило во 1904 година, есента. Така Јован загинал во страшни маки без да го издаде Даме Груев и ја зачувал четата на галичко-реканскиот крај.

Кумрија Андреева

Родена е во 1872 година во с. Тресонче. Била постојана курирка во кичевско-галичкиот револуционерен реон. Како курирка, најсовесно ги исполнувала наложените задачи со што ги одржувала во постојана врска четите со легалните начелства во реонот.

Во 1913 година, кога Србите го окупирале овој крај, била насила извлечена од куќата, на полноќ, со врзана уста, а потоа била соблечена гола пред црквата Св. Петар и Павле во селото Тресонче и најжестоко мачена по што била убиена и фрлена во една провалија. Трупот и стоел непогребен три дена за да ја јадат кучињата.

Иван Дуков Пендаровски

Роден е во Галичник во 1863 година, по занает бил овчар. Во август 1902 година по наредба на комитетот, заминал за Софија со другарите Трајче Атанасов и Владимир Милчинов (првиот од Галичник, а вториот од Прилеп), со задача да минат низ Србија, Австрија и оттаму во Албанија за да бидат од помош на ВМРО при борбите во овој крај.

Предадени на османлиските  власти од непознато лице, во Тирана биле затворени и ставени во тешки пранги. Потоа биле испратени со силно обезбедување во битолскиот затвор. Таму Иван Дуков останал цели три години, по што бил пуштен на слобода.

По Илинденското востание, како војвода бил на услуга на галичко-реканската револуционерна организација. Умрел во 1917 година.

Јован Трпков Гиноски

Роден е во 1860 година во Галичник. По занает бил мајстор претприемач. Бил реонски начелник на галичко-реканската околија до 1 јули 1903 година.

Кака реонски началник и организатор на галичко-реканскиот револуционерен реон тој се покажал како голем организатор и многу тактичен во своите дејства.

На 16 септември 1913 година бил убиен во Дебар на најѕверски начин од страна на Србите.

(Подготви Марко Китевски)

 

На прво место

News image

Македонија е вечна, а власта не е!

Македонија е вечна, а власта не е! Народот ќе ви врати на следните претседателски избори

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Култура и туризам

News image

ВРЕМЕ Е

Чедомир Б.Шопкиќ

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.