Среда, 06 Март 2013   
Југословенски нацрт на заедничка изјава меѓу Јосип Броз Тито и Тодор Живков

JBT-600

(јануари 1976 година)

 

“Претседателот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија и претседател на Сојузот на комунистите на Југославија, Јосип Броз Тито и првиот секретар на Централниот комитет на Бугарската комунистичка партија и претседател на Државниот совет на Народна Република Бугарија, Тодор Живков во атмосфера на пријателство, заемно уважување, разбирање и отвореност извршија, заедно со своите сора-ботници, широка размена на мислења за сите прашања од интерес за двете земји.

...Двајцатата претседатели изразуваат задоволство што двете страни се цврсто решени, натаму да ги унапредат и развиваат добрососедеските односи на трајни основи, да вложуваат заеднички напори да се надминат оние прашања и проблеми кои ги оптоваруваат односите меѓу двете земји.

Притоа, претседателот Јосип Броз Тито и претседателот Тодор Живков изразија согласност за положбата и заштитата на националните малцинства - македонското во Бугарија и бугарското во Југославија, како и дека доследното почитување и остварување на нивните национални права, претставуваат значаен фактор во натамошното создавање доверба, во развивањето и јакнењето на сестраната соработка меѓу двете соседни социјалистички земји. За таа цел владите на двете земји, во согласност со почитувањето на меѓународните норми, вклучувајќи ги и соодветните одредби од Мировниот договор со Бугарија, потпишан на 10 февруари 1947 година во Париз, и врз основа на почитувањето на принципите за суверено одлучување во своите внатрешни прашања, ќе посветуваат полно внимание на постојаното унапредување на правата на националните малцинства, особено во областа на употребата на јазикот, образованието, културата, информативната дејност и во јавниот живот.

Двајцатата претседатели одлучија владите на двете земји, поаѓајќи од заедничките ставови прифатени во ова соопштение, секоја пред својот парламент да дадат свечени изјави во кои ќе ги изложат основните принципи, мерки и гаранции, на основа на која ќе се остварува заштитата на правата на националните малцинства - македонското, односно бугарското во својата земја.

Двајцатата претседатели со задоволство констатираа дека соработката меѓу СФР Југославија и НР Бугарија во политичкта, економската, културната и други области, како и соработката меѓу општествено-политичките организации забележува виден напредок. Тие, меѓутоа, се уверени дека постојат широки можности за нивното натамошно проширување и унапредување...

 

ИИ

 

Претседателот Јосип Броз Тито и претседателот Тодор Живков со за-доволство констатираа дека економската соработка меѓу двете земји бележи напредок и дека постои заемна заинтересираност и залагање за натамошно развивање на современите облици на соработка во областа на производството, индустриската кооперација, научно-техничката соработка, стоковата размена, врските, транспортот, изградбата на патишта и железници...

Двајцатата претседатели ја разгледаа и состојбата на билатералните односи во областа на културата, науката, образованието и средствата за јавно информирање. Тие сметаат дека во тоа се постигнати одредени резултати, дека многу прашања за соработка се веќе договорени меѓу двете страни, па треба да се пристапи кон реализација:

- во работата на комисиите кои треба  да настојуваат во учебниците правилно да се обработуваат прашања од историјата на двете земји;

- учеството на научни собири и семинари;

- достапноста на историските архиви за научниците од двете земји;

- соработката на воените историчари.

Покрај спомнатите, на ист начин треба да се спроведат во живот и други прашања за соработка за кои е постигнат договор меѓу двете земји.

Двајцата претседатели оценија дека е потребно да се развива размена на културни и научни достигања, размена на искуства, како и заеднички потфати на научните и културно-просветните институции. Тие посебно ја истакнуваат целисходноста и значењето на соработката меѓу Српската академија на науките и уметностите, Македонската академија на науките и уметностите, Југословенската академија на науките и уметностите, Словенечката академија на науките и уметностите, Академијата на науките и уметностите на Босна и Херцеговина, Научното друштво на Црна Гора и Друштвото за наука и уметност на Косово со Бугарската академија на науките, заради изучување и научна обработка на  мина-тото, а особено на оние периоди во кои се остварувала соработка меѓу југословенските и бугарските народи. Овие и други соодветни облици на соработка треба да обезбедат негување кај младите генерации на најсветлите и најплеменити стремежи на прогресивните и револуционерни сили на база на традициите во минатото и современите стремежи на прогресивните и револуционерните сили на двете земји.

Претседателот Јосип Броз Тито и претседателот Тодор Живков сметаат дека треба уште повеќе да се развиваат и поттикнуваат непосредните контакти на граѓаните на двете земји, посебно во пограничните подрачја по пат на малограничен промет, соработка на градовите, развој на туризмот, одржување  гранични собори и други...

Тие се согласни дека треба да се овозможи слободна размена на печатот и информациите и дека треба да се поттикнува соработката меѓу информативните установи и организации (печат, часописи, радио, телевизија, издавачка дејност и др.), да се пристапи кон отворање културно-информативни центри се со цел подобро меѓусебно познавање на народите на двете земји, нивните успеси и проблеми во изградбата на нови социјалистички општествено-економски односи.

 

ИИИ

 

Двајцата претседатели сметаат дека постојат поволни услови за соработка на двете земји и на поширок меѓународен план, со оглед  на тоа дека погледите на двете страни за многу актуелни меѓународни проблеми се совпаѓаат или се слични.

...Претседателот Јосип Броз Тито и претседателот Тодор Живков и натаму ќе вложуваат напори и лично ќе придонесуваат кон постојаното унапредување на стабилни, долгорочни и сестрани пријателски односи и соработка меѓу СФР Југославија и НР Бугарија, како и меѓу нивните народи.

 

 

М. СтефановиЌ, М. КрстиЌ, Апостолски: Великобугарске претензије...., стр. 265-269;

 

На прво место

News image

ВМРО-ДПМНЕ има поддршка да формира Влада

Муцунски после завршената посета на Брисел: ВМРО-ДПМНЕ има поддршка да формира Влада која ќе го за...

Иселеници

News image

КРЕАТИВНОСТА МИ ЈА ПОЛНИ ДУШАТА

Разговор со Лара Мабеи која ја игра главната улога во „Баб...

Култура и туризам

News image

ИЗРАЕЛ - ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА (12)

ЕРУСАЛИМ - ГРАДОТ НА ВЕЧНОСТА

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (31) I ДЕЛ

МИТОЛОШКА И ТЕОНИМСКА ОНОМАСТИКА НА ПАНОНИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.