Среда, 11 Ноември 2020   
Една од главните карактеристики на фашистичките и комунистичките тоталитарни режими

ЗоранТодоровски

Еднаодглавнитекарактеристикинафашистичкитеинакомунистичкитетоталитарнирежимиеприменатанатероротврзсопствениотнарод.

Не е случајно тоа што филозофите и теоретичарите на историографијата го споредуваат комунистичкиот тоталитарен режим со фашистичко-нацистичката варијанта, каде што "идеологијатанесамоштонемацелоснаслобода,тукујауништуваличнатаслободанаживотот" (Л. Колаковски).

За разлика од жртвите на фашизмот, за кои досега обемно се пишуваше и за кои имаме многубројни податоци, дури пред неколку години прв пат "злосторствата на комунизмот" се подробно опишани во обемниот труд на околу 900 страници од 11 француски историчари под наслов Црнатакниганакомунизмот“ (Ле Ливре ноар ди комунисме, Парис, 1997).

Бројките што ги посочува спомнатата книга се многу шокантни за размерите на феноменот на комунистичкото владеење: 65 милиони луѓе убиени во Кина, 20 милиони во некогашниот СССР, по 2 милиони во

Северна Кореја и во Камбоџа, 1,7 милион во Африка, 1,5 во Авганистан, по 1 милион во источноевропските земји и во Виетнам, 150.000 во Латинска Америка итн.

За репресиите на комунистичкиот режим во повоена Југославија во книгата се посочуваат само депортираните 32.000 лица на Голи Оток, преземени од објавената анализа на Владимир Дедиер.

Кај нас како да е забрането да се постави прашањето каков беше комунистичкиот режим во Македонија, дали имаше и каков беше тоталитаризмот на македонските комунисти? И веднаш ќе ве пресретнат со одговор: ами комунизмот на Македонија и на Македонците прв пат во историјата им донесе слобода, национални права и држава. Навистина е така, никој разумен не може да го негира тоа. Меѓутоа, македонскиот тоталитарен комунизам, а тоа е содржано и во Резолуцијата на Советот на Европа, не се однесува на Народноослободителната борба на македонскиот народ (1941-1944) и на борците на македонската национална револуција, туку на повоена комунистичка Македонија (1945-1990). Или поточно, да се осудат, доколку ги има, сите деформации, злоупотреби и репресии на македонскиот комунистички режим и да се посочат виновниците за таквите појави.

Од повоена комунистичка Македонија до денес се истражуваше и се пишуваше само за жртвите на фашистичкиот режим, а пристапот до документите за жртвите на комунистичкиот режим не беше дозволен. Затоа не се објавени ниту приближни показатели за жртвите на македонскиот комунистички режим. Македонските историчари, публицисти, социолози и политиколози единствено ги обработуваа политичко -идеолошките аспекти на комунистичката бирократско -догматска деформација на општеството, а не жртвите на таквиот тоталитарен систем. За разлика од другите источноевропски комунистички држави, се` уште не располагаме со архивска граѓа со која можеме научно да ги документираме жртвите на нашиот комунистички тоталитаризам. Нашите одговорни и далекусежни раководители на Партијата навреме ги тргнаа или ги уништија документите, па затоа во Државниот архив нема документација за нивниот тоталитаризам. Меѓутоа, се` уште се живи современиците и сведоците на настаните, како и роднините и потомците на невините жртви.

Досега македонските академски, научни и образовни институции немаат одржано ниту еден научен собир, трибина или слично, на кои ќе се проговори и ќе се даде одговор на прашањето дали имаше или не тоталитаризам и жртви на комунистичкото владеење во Македонија? Македонските комунистички раководители не само што го избегнуваа ова прашање, туку и го негираа со изјавите дека не знаеле за одведените 820 лица на Голи Оток (К. Црвенковски, В. Ацева), каде што "живите им завидуваа на мртвите", за мистериозните убиства на скопското Кале (1945), за масовните убиства во Куманово (1945 - при што недотепаните живи закопани ги молеле своите џелати да ги дотепаат) и во Ресен (1945), за 53 стрелани без судење во Велес (1945), за бројните поединечни убиства, стрелања без судење, затворања, интернирања (Илија Чулев, Брашнаров, Шатев, Ченто, Пирузе, Фотев, Мире Анастасов, В. Марковски). Што да кажеме за порачаните убиства на Лена Стојчевска (нејзиниот убиец В. Бурзевски пред неколку години во присуство на повеќемина историчари изјави: ДаминаредешеПартијата, имајкамиќејаубиев) и на Панде Чесноска (во присуство на народниот херој З. Билјановски и М. Мицајков)? Треба ли да го спомнеме случајот со петте струмички студенти кои една августовска вечер во 1951 година беа насилно собрани од струмичкото корзо, оттргнати од прегратките на своите девојки, одведени кон границата и свирепо убиени (по наредба на месниот комунистички функционер М. Минанева). И никој досега ниту нешто одговарал ниту, пак, е гонет или казнет за овие злосторства без судење. Е, барем за овие случаи Сојузот на борците требаше да има храброст и доблест да се извини и да се огради од незаконските репресии и тоталитаризмот во своите редови, од сите оние што го компромитираа и го вулгаризираа социјалистичко-комунистичкиот систем.

Тоталитаризмот на македонскиот комунизам се прикриваше под маската на "југословенскиот (српски) врховизам", односно слепо и крваво зачувување на Македонија во рамките на братска Југославија преку елиминирање на целокупната политичка опозиција во Македонија, која по Втората Светска Војна се појави и дејствуваше за своја Македонија, за Македонија без тутор. А ваквиот т.н. црвен терор, за разлика од другите источноевропски држави, па и поранешни југословенски републики, е мошне карактеристичен, бидејќи станува збор за лица кои се бореле за самостојна, независна, обединета и демократска македонска држава, што во 1991 година стана и реалност.

А сега за жртвите на македонскиот комунизам!

Според првата и единствена официјална "Информација за преземените мерки на органите на власта спрема државјани на Р. Македонија за кои во периодот 1945-1993 година се располагало со основани сомненија дека дејствувале за формирање самостојна и обединета Македонија", изработена од МВР во 1993 година, во периодот 1945-1985 година вкупно во Македонија биле откриени 105 илегални групи и организации со над 1.200 припадници, чие дејствување било насочено кон "отцепувањенаМакедонијаодзаедницатанајугословенскитенародиисоздавањесамостојнаиобединетаМакедонија". Од нив од слобода биле лишени 1.045 припадници на илегалните групи и организации, од кои 242 биле осудени на смрт или на временска казна до 15 години.

Во периодот од 1945 до 1980 година се одржале околу 700 политички процеси против членовите и припадниците на тајните организации и групи, на кои биле изречени стотици смртни пресуди и долгогодишни затворски казни.

За бројот на прогонуваните, затвораните и осудуваните лица со поинакви политички убедувања од постојниот комунистички режим доволно говорат 14.000 политички досиеја што ги водела Службата за државна безбедност при МВР и 22.000 затворски досиеја на затворените политички лица во затворот "Идризово", или вкупно 36.000 досиеја. Тоа се политички досиеја на лица (од разни возрасти и професии - револуционери, интелектуалци, лекари, студенти, обични и полуписмени селани, лица во поодмината возраст и ученици-гимназисти, деца на 16 години), затворани, осудувани, прогонувани и стрелани во периодот 1945-1985 година од новата македонска комунистичка власт само затоа што се бореле за самостојна, независна, демократска и граѓанска Република Македонија и за идеалите на ВМРО. Ова е можеби единствен пример во историјата на човештвото некој да биде осуден од сопствената власт за патриотизам, за љубов спрема сопствената татковина.

Според неофицијалните податоци, во периодот 1949-1951 биле затворени 7.330 средношколци, а само во затворот "Идризово" биле затворени 2.500 политички затвореници.
И на крајот, ако направиме рекапитулација од официјалните и од неофицијалните податоци, доаѓаме до бројка од околу 50.000 македонски граѓани: уапсени, депортирани, судени, затворани, осудени на смрт, стрелани, убиени, исчезнати и кои имале политички и затворски досиеја. Асетооваенаправеноподзнакотна "српотичеканот", воиметона "диктатуратанапролетеријатот", аодстранана "авангардатанаработничкатакласа".

Секоја историографија е недовршена и привремена, затоа што "секоја историја е историја на сегашноста" (Б. Кроче). Па затоа, секоја генерација повторно си ја пишува својата историја, затоа што историчарите на комунистичките режими речиси секогаш се необјективни. Историографските факти се производ на нивната идеолошка деформација, на нивното комунистичко сфаќање на историјата, бидејќи "со својата слободна волја влијаат на историскиот тек" (М. Грос). Тие не го научија основното правило на историската наука: Задајапишувашисторијатанадостоенначин, требадајазаборавишсвојатавера, својатататковинаисвојатапартија (П. Буаст). Сепак, не треба да се заборави дека секој добар историчар си ја сака својата татковина, но никогаш не треба и слепо да се додворува.
Затоа, во овој случај не ни останува ништо друго, туку да се повикаме на поетот и револуционер Никола Вапцаров:


„Вината не е наша.
Вината беше туѓа
и врз други тежи сотонската одговорност.
Кога ќе дојде денот,
кога ќе биде потребно,
ние се` ќе и` раскажеме
на мајката историја“.


(Авторот е доктор по историски науки и поранешен директор на Државниот архив на Р. Македонија)

 

На прво место

News image

Добро чуваната тајна за производство на свила, во Европа ја пренесува Јустинијан I

Денес свиларството е изумрено во Македонија. Сепак, по повеќе децении постојат поединечни обиди да с...

Историја

News image

Одлука за кревање на востанието – прво и второ Софиско советување

Во јули 1902 година во куќата на Бојан Биолчев во Софија се одржала средба на која присуствувале: Го...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД ПЕЧАЛБАРСТВОТО НА ЧЛЕНОВИ НА СЕМЕЈСТВОТО ЈАНОВСКИ (11)

Co стапувањето во брак на Толе со Доста Јановска, семејств...

Култура и туризам

News image

Александар ДОНСКИ : ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ РОМАНОТ „КУРБАН“ ОД ВЕЛИКА ЏАНГАЛОВСКА ГАТСИС

Деновиве во издание на МЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј (со издавачот Душан Ристевски) излезе од печ...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (49)

ГОЛЕМИ ПРЕСЕЛБИ НА СКИТИТЕ-ПРАСЛОВЕНИТЕ НА БАЛКАНОТ - НОВО ПРЕОБЛИКУВАЊЕ НА ПРАИСТ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.