Среда, 11 Ноември 2020   
Од историјата македонска...

Од Дебарца до Дијар-Бекир и назад

sloboda-ili-smrtЈас, Наумовски Иванов Крсте, осумдесет и тригодишен, од село Врбјани, Охридска околија, ќе раскажам една приказна што сум ја пател, што сум бил и сум дошол... здрав и жив. Ова не е лага. Ова е што сум го тргал самиот. Од историјата е ова, наша, македонска...

И не собраа, не потераа в Издеглавје, на кулата издеглавска.

Кога дојдовме тука, од сите села тераат: - десетмина, дваесет, петнаесет, седум... И не натераа в една коњушница в Издеглавје, кај што лежеле коњите. Двесте и петнаесет души!

Лежевме ноќта тука. Без јадење.

Утрото сабајле собраа јажиња што имаше од селото, од коњи, од волови. И не изврзаа двајца и двајца. И не потераа патем за в Охрид.

Овде кога го поминавме Песочан, излегоа тројца Турци: Зенула, Емин и Мусо. Познати качаци – башибозук од овој крај.

- Е, бре – вели Зенула, дебрчани! Кај ве водат?

- На гости ќе одиме, бре Зенула, на гости!- рековме.

- Аирлија нека е вели... Море одите на орање!- вели. Бре, стегајте ги плуговите! – Знам, не одите на гости. Вие ќерата!

- Не Зенула, не. На гости ќе одиме.

- А бре – вели – да ви кажам нешто...

- Кажи, му велам.

- Ќе ви кажам... - Идат тројцата, онака по нас, онде кај мостон, онака со накривени капчиња. За појас ножови, мартинките на рамо. Ни се пулат отстрана кај не тераат...

- А бре-вели ќе ви кажам уште едно...

- Аирлија нека е – рековме.

Пак некој друг одговори:

- Кажи Зенула, кажи!

- А бре, - вели – денеска ви ја прават бесилката в Охрид. На чинарот ќе ве обесат утре, еден по еден. Ќе се збира сиов град да ве гледа како ве бесат... Не си одите на работа, туку одите по комитите – рече Зенула.

- Слушај Зенула – рече Стојко од Сливово, ти глеј си ја работата. Ние затоа одиме на гости. Одиме за да не бесат. Не ти влегува во главата што значи: одиме на гости. Кој се плаши од бесилка, не оди на гости...

- Аирлија нека е – рече налутен Зенула – Одете, одете...

И така си се вратија тие тројца в село. Ние заминавме онаму удолу. И в Охрид.

Дојдовме в Охрид. Не натераа во една апсана. Крај езеро. Еден надруг... Беше тесна, пустината. Двесте души...

И не затворија тука. Не заклучија.

Седевне три дни без леб. Ништо не ни дават... Дојдоа жени со торби леб. Не ги пуштаа на порти. Застана стражата... Никого не пушти. Тешко беше. Бевме изгладнети како маченици...

На тоа згора имаше еден од Охрид... Тој беше нешто на комитетот, Коле Главинчев. Ја знаеше работата и гледаше со очите што се прави... Ми ти фатил, зарачал по фурните - двесте лебови. На секој фурнаџија по нешто – да пече. Викнал жени способни, да ги наполнат тавлиите. Ете. И дојдоа жените на порта. На стражата и се молат...

Дојде тој чаушот Али Баба, што не заклучуваше. Ги праша жените:

- Што е, мори?

Жените велат:

- Чауш, имаме умрени луѓе. Ги носиме да ги закопаме. Лебов да не го носиме на гробишта, да не го јадат кучињана... Грев е, чауш. Ами да го дадеме овде, на сиромаштијава. Нека го јаде.

- Алах, алах, вели. – Колку души, мори?

- Имаме два-тројца умрени.

И така Турците се излажаа. Ја отворија портата. Влегоа жените и дојдоа до пенџерите во затворот. Ни дадоа кому половина леб, кому цел, кому како. Си поделивме по еден касај. Се залебивме малу.

Нејсе лежевме уште два-три дни. Немаш ништо. Тие од комитетот пак беа готвеле. И тепси со риби направиле. Ама не ги пуштаа да дојдат. Не се можеше. Лежевме што лежевме, после веќе се намоливме на чаушот:

- Ќе изумреме – рековме – аман. Без јадење сме...

Така три дена без леб, - на четвртиот, дојде лебот од Коле Главинчев.

Од книгата „Темни кажувања“.

Подготви: Марко Китевски

 

На прво место

News image

Добро чуваната тајна за производство на свила, во Европа ја пренесува Јустинијан I

Денес свиларството е изумрено во Македонија. Сепак, по повеќе децении постојат поединечни обиди да с...

Историја

News image

Одлука за кревање на востанието – прво и второ Софиско советување

Во јули 1902 година во куќата на Бојан Биолчев во Софија се одржала средба на која присуствувале: Го...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД ПЕЧАЛБАРСТВОТО НА ЧЛЕНОВИ НА СЕМЕЈСТВОТО ЈАНОВСКИ (11)

Co стапувањето во брак на Толе со Доста Јановска, семејств...

Култура и туризам

News image

Александар ДОНСКИ : ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ РОМАНОТ „КУРБАН“ ОД ВЕЛИКА ЏАНГАЛОВСКА ГАТСИС

Деновиве во издание на МЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј (со издавачот Душан Ристевски) излезе од печ...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (49)

ГОЛЕМИ ПРЕСЕЛБИ НА СКИТИТЕ-ПРАСЛОВЕНИТЕ НА БАЛКАНОТ - НОВО ПРЕОБЛИКУВАЊЕ НА ПРАИСТ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.