Среда, 07 Октомври 2020   
Последната обиколка на Гоце Делчев пред Илинденското востание

Солунски конгрес од 1903

 

solunski-kongresЦентралниот комитет на Иван Гарванов и Задграничното претставништво - Христо Татарчев и Христо Матов кон крајот на ноември 1902 година биле решени за кревање на востание. Затоа Иван Гарванов на 6 јануари 1903 година (стар стил) испратил окружно до Задграничното претставништво, окружните и околиските комитети со кое свикал Конгрес и ги поканил делегатите.

Меѓутоа, голем дел од истакнатите делегати немале доволно време да стигнат на Конгресот, а тоа најверојатно било и посакувано од Гарванов.

Во јануари 1903 година се одржал Солунскиот конгрес. На третото заседание, на 16 јануари, кое траело час и половина се прифатил и потпишал Протоколот за извршената работа и преземените решенија. Решително против востанието се изјаснил само серскиот делегат Димитров, но на крајот и тој се присоединил кон заедничкото мнение. Скопскиот делегат Димитар Ганчев, испратен со директива да дејствува за одлагање на востанието бар на една година, исто го потпишал затоа што и другите потпишале.

Најважниот аргумент против востанието – недостигот на доволно оружје во повеќето реони – било до извесен степен демантирано од уверувањата на Иван Гарванов, дека за скоро време ќе се случат крупни доставувања, како и од надежта, дека при општо востание, четите од Бугарија ќе префрлат значително количество пушки и други материјали. По донесување на решението за востание, окружните комитети биле задолжени да ги преземат потребните мерки за забрзување на подготовките за кревање на востанието.

Последната обиколка на Гоце Делчев

Гоце Делчев не го сочекал крајот на советувањето во Софија и веднаш заминал за Серскиот револуционерен округ да ја демонстрира новата концепција за борба. Тој собрал чета од 40 души, а во неа биле Пејо Јаворов, Димитар Стефанов, Димо Хаџи Димов и други. Најпрво поминале во Банско, а на тамошниот собир Делчев зборувал за:

goce-delcevслободна и независна Македонија со широки правa за сите сиромаси.

Тој истакнал дека борбата треба да се води со терористички акции и четнички дејствија, како подготовка за крајното средство - масовно вооружено востание. Делчев го осудил Горноџумајското востание и го оценил како провокација која претставувала предавство кон македонскиот народ, велејќи дека:

Ако се бориме за цар, тогаш ние си го имаме султанот.

По Солунскиот конгрес, ЦК ги ополномоштил Иван Гарванов (Давид) и Велко Думев (Орлеански) да заминат во Софија, усно да ја соопштат одлуката за востание и да ја поткрепат. Задграничното претставништво го поканил Михаил Герџиков да се сретне со нив, бидејќи Делчев заминал.

Гарванов и Думев заминале од Солун на 10 јануари 1903 година, а меѓу другото планирале да се сретнат со членовите на Врховниот комитет за да се постигне помирување. Во Софија Гаравнов истакнал:

... Решението било бесповратно, бидејќи тоа веќе било пропагирано насекаде... Основен мотив за решението било опасноста од ново врховистичко востание и влошената положба во земјата.

Меѓутоа Татарчев вели дека: Гарванов како сентиментална природа делумно се беше подал на странични влијанија. Иван Гарванов, Христо Матов и Христо Татарчев во Софија имале средба со бугарскиот министер за внатрешни работи - Димитар Петков.

Тој од своја стран им ветил полна морална и материјална поткрепа за идното востание, под услов да престанат да го компромитираат Кнежеството и каузата со грабање на оружје од бугарските арсенали и воени демонстрации во пограничните реони.

Според рускиот дипломатски претставник во Солун, Гарванов и Думев се вратиле со изјава дека со Врховниот комитет не е постигнато помирување, но двете страни се согласиле да дејствуваат независно една од друга, без да си пречат како во минатото.

 

На прво место

News image

Драган Богдановски е роден на 18 септември 1929г. во Клечовце, Кумановско

Драган Богдановски е роден на 18 септември 1929г. во Клечовце, Кумановско

Историја

News image

Во Македонија луѓето немаат доверба во туѓите ослободители

МИРОСЛАВ ХУБМАЕР: ВО МАКЕДОНИЈА ЛУЃЕТО НЕМААТ ДОВЕРБА ВО ТУЃИТЕ ОСЛОБОДИТЕЛИ. ТАМУ СЕКОЈ МАКЕДОНЕЦ В...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ДЕЛ ОД НЕСРЕЌАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (20)

Сакаме да потенцираме дека македонските програми биле директен превод (збор за збор) од грчките пр...

Фељтон

News image

ДЕЛ ОД ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ДО ВРЕМЕТО НА ФИЛИП II МАКЕДОНСКИ (28)

За жал, она што од Атина било сметано за фер, очигледно било сметано за нефер од Т...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.