Среда, 28 Јануари 2015   
Мораме да кажеме: Доста е!

svekrva_copy_copy_copy
Свекрва

Како што објави МКД, Ципрас и Независните Грци лесно се договориле за името: Таму не чепкаме ништо! Ние ќе ги поддржиме вашите економски политики, а вие нашите ставови во однос на надворешната политика на Грција. Ова е дел од договорот на новата владина коалиција во грчката влада, крајно левата партија Сириза и крајно десната партија Независни Грци.

Драги мои браќа и сестри, во овие мигови кога минатото ни се пресликува во сегашноста, кога повторно ни е наметнато прашањето за нашиот идентитет потребно е храбро, одговорно и гордо сите заедно и позиција и опозиција да кажеме: Доста е!

Да кажеме: Доста е! Затоа што нашето единство денес како и многупати досега е историска потреба, затоа што само на тој начин сплотени околу заедничките национални и државни интереси можеме да продолжиме да градиме демократска, модерна и слободна македонска држава, која ќе биде почитувана и уважувана од сите народи и држави во светот. Македонскиот народ и чесните граѓани одамна го заслужуваат тоа.

Конечно јасно и гласно да кажеме дека нема да дозволиме да ни го сменат ни името ни презимето, нема да дозволиме да ни ги уништат корените, да не обезличат, посрамат и понижат.

Во 1913 г. Македонија не по своја вина беше поделена од страна на нејзините соседни земји кои го искинаа нејзиното живо национално ткиво и ја поделија територијата на неколку дела. Тоа национално ткиво сеуште крвари.

На сите соседни земји нека им стане јасно дека никогаш повеќе нема да се повтори Македонците да се борат за нечии туѓи и “повисоки“ интереси. Македонците немаат друга татковина, не прифаќаме никакви “кумови“ ни “кумчиња“ однадвор и одвнатре повторно да не` крстат и прекрстуваат. Ние сме од памтивек крстени и нашето вековно исконско име било и вечно ќе биде Македонија. Ние со векови сме биле и ќе бидеме Македонци и ништо друго освен  Македонци.

Драги Македонци, измачени но со големи срца во кои свети силно македонско сонце, во чии души се одржува вековниот македонски ген, денес и засекогаш гордо да кажеме: Доста е!

Мораме да кажеме: Доста е! И да се потсетиме на славниот Александар Македонски (синот на Филип Втори Македонски), во чие време македонската империја се протегала на три континенти чија крајна цел била создавање на општосветска империја, во која требало да нема граници во мешањето на различните култури во која сите народи требало да живеат братски.

Доста е! И заради фактот дека христијанството во Европа за првпат почнало да се шири токму преку Македонија.

Македонија и Македонците повеќе пати се спомнати во Библијата, најмногу заради мисијата на светите апостоли Павле и Лука кои престојувале во оваа земја. Првите европски христијани што се христијанизирале на тлото на Европа биле Македонци.

Доста е! И заради Свети Климент Охридски, човекот кој ја создал кирилицата - писмо на кое денес пишуваат неколку стотици милиони Руси, Украинци, Срби, Бугари, Црногорци, Македонци и припадници на други народи.

Доста е! Мораме да кажеме и заради Илинденскиот идеал, заради Гоце, Даме, Ченто, заради нивните знајни и незнајни соборци кои се бореа и загинаа за достоинството на Македонија и заради нашите деца и внуци и нивните потомци кои мора да опстојуваат на нашите простори.

Заради сето ова што го набројав погоре и заради уште многу нешта, гордо и со крената глава да кажеме: Достае!

ВечнаМакедонија!!!

 

 

На прво место

News image

Имаме премиер кој стана фабрика за лажни вести

ФБ објава на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски Уште 4 месеци до крајот на оваа влада...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Култура и туризам

News image

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА) 4. XII/21 XI

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА) 4. XII/21 XI

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (38)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -II ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.