Среда, 04 Февруари 2015   
Македонците во делата на античкиот еврејски историчар Јосиф Флавиј (I век по Христа)

aleksandar-donski
Александар ДОНСКИ

josif-flavijЈосиф Флавиј е уште еден антички историчар, кој пишувал за античките Македонци, а кој е малку познат и об­ра­ботен во современата македонска историографија. Тој е најпознатиот антички еврејски историчар. Се родил во Ерусалим некаде околу 36 година, што значи само неколку години по распну­вањето на Исус Христос. Него­вото вистинско име било Јосиф Бен Мататија. Потекнувал од кралско и свештеничко јудеј­ско семејство. Бил член на фари­сеите и бил позната личност во еврејското општест­во. Иако имал пријатели меѓу Римјаните, учествувал во еврејското востание про­тив римската власт, по што бил заробен и затворен. Веспазијан го осло­бо­дил, поради што во знак на благодарност Јосиф го зел неговото семејно име - Фла­виј. Крајот на животот го поминал во Рим, пишу­вајќи за историјата на Ев­реи­те. Негови дела се "Исто­ријата на Евреите" ("Jewish An­tiquites"), кое го на­пишал во 20 тома; потоа "Вој­на­та на Евреите" ("Jewish War"), кое го напи­шал во се­дум тома и "Флавиј Јосиф против Апион" ("Flavius Jo­sephus Against Apion"), дело во кое им се спро­тив­ста­вил на тогашните хеленистички истори­ча­ри, кои со пот­ценување пишу­вале за Евреите. Напи­шал и своја автобиографија. Флавиј (иако бил јудеец и фарисеј), ка­ко историчар, оста­вил извонредно значајни исто­рис­­ки пода­тоци и за дејству­вањето на Исус Христос, а оставил сведоштва и за дејству­вањето на свети Јо­ван Крстител. Јосиф Флавиј оставил и многу вред­ни податоци за животот на Маке­донците во Светата зем­ја, не само од времето кога тие целосно владееле со Па­лестина (со нејзиното освојување од страна на Алек­­сандар Велики Македонски), туку и многу подоц­на.

Подетално на пишувањата на Јосиф Флавиј за животот на Македонците во античка Палестина, се задржавме во книгата "Исус Христос и Македонците", а овде само ќе потсетиме на неколку од нив. 

Откако го опишува освојувањето на Светата земја од страна на Александар Велики Македонски (за кого пишува во позитивна конотација), Флавиј продолжува со описот на настаните што се случиле по смртта на Александар. Познато е дека со Светата земја останала да владее македонската династија на Селевкидите, која ја основал генералот на Алексан­дар по име Селевк. Во средината на II век пред Христа, поради лошото владеење на Антиох Четврти од оваа македонска династија, Евреите кренале вос­та­ние, кое на крајот завршило со успех и со основање нивна независна држава. Овде треба да спомнеме еден многу значаен податок. Имено, кога Јосиф Фла­виј пишува за воста­нието на Евреите против династи­јата на Селевкидите, сосема јасно пишува дека Ев­реите всушност се бореле за своја слобода против ропството што им било наметнато од - Македонците! Кога пишува за смртта на еврејскиот водач Јуда Ма­ка­­веј, Флавиј вели:

„Јуда... остави зад себе голем углед  и спо­мен, бо­реј­ќи се за слободата на својот народ и изба­вувајќи го од ропст­вото под Македонците.“(Jewish Antiquities XII, 11,2).

Во врска со успесите на водачот на востани­ците Јуда Макавеј против Македонците Селевкиди, Јосиф Флавиј пишува:

„Еврејскиот народ ја обнови својата слобода откако претходно беше под ропство на Маке­донците... Но, не беа малку оние (Евреи, з.м.), кои поради основните потреби и поради тоа што не можеа да се носат со мизерувањето и со гладот што им надвиснаа над глава, избегаа од својата земја и појдоа кај Македонците. (Jewish Antiquities XIII, 1,1). 

Овде терминот Македонци повторно се одне­сува на Селев­кидите, кои и покрај губењето на тери­то­ријата на Јудеја, и натаму останале да владеат со голем дел од Палестина и пошироко.

Дека Евреите се наоѓале под "власта на Македон­ците" (мислејќи на Селевкидите), Флавиј пишува и во деветнаесеттата книга (Jewish Antiquities 6,2)  и на други места.

Флавиј пишува и за загриженоста на македонс­киот војсково­дител Ба­кид, што ја искажал кога разб­рал дека загинатиот еврејски водач Јуда Мака­веј бил заменет со својот брат Јонатан. И овде Флавиј, Селевкидите ги нарекува „Македонци“. Овде читаме:

„Кога Бакид го слушна ова, се уплаши поради тоа што Јонатан можеше да му направи многу неприлики на кралот на Маке­донците, исто како што правеше и Јуда пред него...“ (Jewish Antiquities XIII, 1,2).

Флавиј ги нарекува Селевкидите како „Маке­донци“ и кога пишува за барањето на Евреите што го упатиле до египетскиот крал Птолемеј Фило­метор (исто така Македо­нец), во кое тие го замолиле Птоле­меј да им дозволи да изградат јудејски храм во Алек­сан­дрија. Ова барање го упатил синот на високиот еврејски свештеник по име Онија, кој прво живеел во Палестина, а потоа се преселил во Александрија. Кога Онија видел дека неговата Јудеја е угнетувана од Македонците го замолил египетс­киот крал да им дозволи на Евреите да изградат еврејски храм во Александрија за да ги потсетува на нивната угнетена татковина. Во врска со ова Флавиј пишува:

„Синот на високиот свештеник Онија, кој исто така се викаше  Онија, како што веќе рековме, сега живее­ше во Александ­ри­ја, кај кралот Птолемеј Фило­метор. Кога овој Онија виде дека Јудеја е угнетувана од Маке­донците и од нивните кралеви... реши да упати молба до кралот Птолемеј и до неговата жена Клеопатра да им дозволи да изградат храм во Египет, ист како оној во Еру­салим.“ (Jewish Antiquities XIII, 3,1).

Сето ова се извонредно значајни податоци по­себно затоа што во многу светски енциклопедии и дру­ги дела  не сосема точно пишува дека Селев­киди­те во сво­јата држава наводно ја ширеле "грчката култура и јазик"; дека граделе "грчки градови" и слично. И навистина во кул­турата што тие таму ја ширеле имало елементи од разни култури, па и од грчката, но тоа не значи дека тие биле "Грци". Впро­чем, од сведоштвата на Флавиј гледаме дека самите Евреи биле сосема свесни дека се наоѓаат под македонско (а не под грчко) ропство.

Флавиј ги наре­кува Се­лев­кидите како Маке­донци и во својата книга „Војната на Евреите“. И овде тој пишува за борбата на Симон Макавеј против Селевкидите, па вели:

„Симон... ги ослободи Евреите од власта на Маке­донците по сто и седумдесет години од империјата на Селевкидите. (War of the Jews, I, 2,2).

Основањето на независната еврејска држава од страна на Симон Мака­веј, Флавиј го опишува со зборовите:

„Симон беше избран од мнозинството за висок свештеник и уште првата година од него­вото владе­е­ње тој го ослободи народот од ропст­вото под Маке­донците“. (Jewish Antiquities XIII, 6,7).

Значи еве уште една потврда од Флавиј за етнич­киот маке­донски карактер на Селевкидите и тоа двесте години по првото досе­лување на Македонците во Светата земја!

Веќе рековме дека на подеталните написи за Македонците во Светата земја од страна на Јосиф Флавиј се задржавме во книгата "Исус Христос и Македонците", а овде само ќе спомнеме уште дека и Јосиф Флавиј ги трети­рал Македоцните како посебен народ во однос на Грците.

Во својата книга „Флавиј Јосиф против Апион Флавиј ги спомнува Македонците како жители на египетс­киот град Александрија. Во вто­риот дел (6), тој пишува дека: "Грците и Македонците го поседуваа градот", а во продол­жение тој ги обвинува Египјаните дека поради расната омраза кон Евреите  ги придобиле Македонците и Грците да се свртат против Евреите кои живееле во Александрија.  Значи гледа­ме дека тој овде одделно ги спомнува Маке­донците и Грците.

За Македонците како доминантни жители на Александрија во тоа време Јосиф Флавиј пишува и на други места во своите дела. Така, на пример, кога пишува за населувањето на Евреите во Алек­сандрија од страна на македонскиот владетел Птолемеј Први, Фла­виј пишува дека овој владетел на Евреите "...во Александрија им дал исти привилегии на граѓани, какви што имале и самите Македонци" (Jewish Antiquities, XI, 12, 1).

Флавиј  спомнува и еден говор на јудејскиот крал Агрипа Втори (прв век по Христа) во кој исто така сосема јасно се спомнати Маке­донците како доминантни жители на Александрија, но и како жители на неколку останати области во Египет (War of the Jews, II, 16,4). Овој говор веќе го спомнавме во поглавието за Агрипа Втори.

Практично Јосиф Флавиј е уште еден антички ис­то­ричар, чии дела се во спротивност со совре­ме­на­та грчка пропаганда.

 

 

На прво место

News image

Имаме премиер кој стана фабрика за лажни вести

ФБ објава на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски Уште 4 месеци до крајот на оваа влада...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Култура и туризам

News image

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА) 4. XII/21 XI

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА) 4. XII/21 XI

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (38)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -II ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.